Видео интервју со Дарко Ѓурчиновски: Како е да се биде... уличен изведувач
- Детали
- среда, 22 мај 2019
Како изгледа животот на пат и во која земја луѓето им оставаат најмногу бакшиш на уличните изведувачи? Дарко Ѓурчиновски на гости во CRNOBELO.com...
Дарко Ѓурчиновски веќе 20 години работи како уличен изведувач. Тој вози моноцикл висок 3 метри, жонглира со мачети, оган и знае да изведе уште низа други трикови, кои со леснотија мамат воодушевување и аплауз кај публиката.
Со помош на неговото т.н. балканско шоу со трикови и комични елементи, тој ја претставува нашата држава низ цела Европа, а планот е тоа наскоро да биде и низ целиот свет.
Дарко ни откри како изгледаат неговите настапи, како ги организира турнеите и кој му е најтешкиот дел од работата.
Погледнете го видео интервјуто со Дарко Ѓурчиновски:
С. С. | Црнобело