Мартина Баракоска, тапанарка: „Сосетката ми тропаше 5 минути откако ќе седнев на тапани, но љубовта кон музиката е посилна од сѐ“
Може ли во Македонија добро да се заработува од свирење тапани?
Тоа е добро прашање, одговорот е многу индивидуален и зависи од тоа што сакаш да постигнеш. Во Македонија е тешко да се заработи како музичар, и сметам дека културата треба повеќе да се цени.
Убавината во оваа професија е универзалноста, целам да работам и тука и секаде каде што имам можност да бидам и прошетам.
Често патувам и некаде сама доколку имам некоја работилница или снимање кое што е надвор од Македонија. Свирам со Funk Shui со кои што бевме на балканска и европска турнеја, а исто така свиревме и во Англија.
Почнав соработка со музичар од Берлин, MPNG, со кој неколку пати свиревме таму. Дел сум и од шоуто „1на1“ каде што секојпат е ново интересно искуство и предизвик со гостите, и многу други работи… Секогаш сум отворена за нови искуства и соработки.
Снимање промотивно видео за Yamaha во Берлин за новите електрични тапани
Колку е тешко да се формира бенд во Македонија и истиот да се одржи? Заради што најчесто се распаѓаат бендовите според тебе?
За бенд е потребна добра и чиста мисла и меѓусебна љубов и почит, сè друго доаѓа многу лесно кога го има тоа.
Бендовите, односно меѓусебните односи се нарушуваат кога едно од тие 4 работи ќе го снема.
Истовремено, за да се одржи бендот е потребно постојано да се надградува со заедничка работа, а и работа на себе (вежбање на инструмент и добра комуникација).
Може ли да се свират тапани со штикли?
Искрено не сум пробала, ретко носам штикли, речиси никогаш. Ако некој пробал нека се пријави, за жените сум сигурна дека би го извеле, бидејќи жените можат сѐ!
Концерт во Берлин со MPNG, фото: Jürgen Schwörer
Освен што свириш на тапани, даваш и часови за свирење тапани. Постои ли интерес кај младите за овој инструмент?
Давам часови по тапани и уживам во тоа.
Интерес за овој инструмент постои и кај младите и кај повозрасните и со сите подеднакво уживам да работам.
Кои ти се плановите за иднина? Каде се гледаш себеси за 10-тина години?
Дефинитивно да продолжам да се надградувам и да го изучувам овој инструмент. Сакам да бидам на сцена некаде во светов свирејќи музика што ја сакам и уживам во неа, и со добри луѓе околу себе.
Изминативе две години доста патував свирејќи и се гледам себе правејќи го тоа и во следните 10.
Снимање промотивно видео за Yamaha во Берлин за новите електрични тапани
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Б. С. Б. | Црнобело