Мартина Баракоска, тапанарка: „Сосетката ми тропаше 5 минути откако ќе седнев на тапани, но љубовта кон музиката е посилна од сѐ“
Снимање промотивно видео за Yamaha во Берлин за новите електрични тапани
Колку имаше поддршка од околината и од најблиските кога почна да се занимаваш со свирење тапани?
Отсекогаш сум имала поддршка од најблиските а и околината, особено кога се одлучив ова да стане моја професија.
Имало и луѓе на кои им било чудно да видат дека девојка свири тапани, а сега имам 10 девојчиња кои доаѓаат на часови за тапани кај мене.
Голема поддршка последниве 2 години добив и од спонзорите со кои соработувам, односно, Yamaha Drums, Promark Drumsticks, Evans Drumheads, Shure Microphones и спонзор со којшто само што почнав да соработувам, и за кој премногу се радувам е соработката со Meinl Cymbals, една од моите омилени компании за чинели.
Фотосесија за Yamaha, фото: Наташа Величковска
Дали си имала непријатна случка со некој во твоја непосредна близина? Дали на соседите им пречело тоа што „тропаш“?
Непријатно случка, која сега ми е смешна, е дека секогаш кога сакав да свирам на електричните тапани дома, во првите 5 минути комшиката ѕвонеше на вратата за да ме замоли да престанам да свирам.
За жал таа одеше трета смена на работа многу често, а се погодуваше често јас да седнам да свирам кога таа ќе легнеше да спие.
Снимање промотивно видео за Yamaha во Берлин за новите електрични тапани
Дали сметаш дека тапаните како инструмент се поскапи од останатите музички инструменти за одржување?
Тапаните имаат доста делови кои доколку сакаш да ги надградиш и да бидат на професионално ниво се доста скапи.
Но, секогаш има поевтини решенија и за почеток може да се купат на старо или да се надоградуваат со тек на време.
Во споредба со другите инструменти, за почетници мислам дека тапаните не се значително поскапи.
Снимање промотивно видео за Yamaha во Берлин за новите електрични тапани