Неда Волчева, офицер во АРМ: „Јас сум пример дека успехот не зависи од полот, воената опрема е иста и за мажите и за жените“

„Знам карате и кик-бокс и ракувам со неколку видови оружје. Во мојот вод моментално има неколку жени војници. За нив би кажала дека успешно и подеднакво квалитетно ги реализираат сите зададени и предвидени задачи како и мажите“, открива за CRNOBELO.com Неда Волчева - офицер во Армијата на Република Македонија.

neda-volcheva-oficer-vo-arm-jas-sum-primer-deka-uspehot-ne-zavisi-od-polot-voenata-oprema-e-ista-i-za-mazhite-i-za-zhenite-001.jpg

Од вкупниот персонал во Армијата на Македонија, 10,65% се жени, од кои во униформираниот дел се 9,32%. Од нив, офицери се 18,16%, подофицери - 11,80%, а војници - 5,88%.

Во највисокиот офицерски чин – полковник – Армијата има веќе седум припаднички од женскиот пол и 44 потполковници, но и жени кои се на највисоки позиции.

Во Армијата, жените за првпат биле примени на курсеви за службите за офицери и подофицери во Армијата во 1997 година.

Од 2009 година, со примена на Програмата за еднакви можности за жените и мажите во МО и Армијата, жените се запишуваат на Воената академија без примена на квоти.

Дел од Армијата на Македонија е и 28-годишната Неда Волчева.

neda-volcheva-oficer-vo-arm-jas-sum-dokaz-deka-uspehot-ne-zavisi-od-polot-voenata-oprema-e-ista-i-za-mazhite-i-za-zhenite-14.jpg

Неда, која потекнува од Кавадарци, а живее во Скопје, е офицер во Армијата на Република Македонија.

Двапати по ред, единицата на Неда, на која таа е командир, е прогласена за најдобар вод во 2.пешадиски баталјон во Штип.

Исто така, таа успешно го поминала НАТО оценувањето според стандардите за борбена готовност во 2.пешадиски баталјон.

Неда учествувала и во вежбите Одлучен удар 19, Одлучен удар 21, како и во меѓународна вежба ЕФЕС 22 во Турција и меѓународна вежба КФОР 31 во Хохенфелс, Германија.

Моментално, Неда извршува должности во мировна операција „Алтеа“ во Босна и Херцеговина.

За CRNOBELO.com, Неда открива како е да се биде жена на оваа позиција и со кои предизвици се соочува:

Зошто ја избра Воената академија и оваа професија?

Пред сè морам да кажам – љубовта кон татковината. Уште како дете кај мене се развиваше чувството на патриотизам.

Како млад човек сакам да придонесам за својата држава. Земајќи ги предвид моите желби и способности, се решив да бидам дел од безбедносните сили, поконкретно Армијата.

По завршувањето на средното училиште, мојот прв избор беше да конкурирам на Воената академија.

neda-volcheva-oficer-vo-arm-jas-sum-dokaz-deka-uspehot-ne-zavisi-od-polot-voenata-oprema-e-ista-i-za-mazhite-i-za-zhenite-04.jpg

Кои услови требаше да ги исполнуваш за да бидеш примена на Академијата? Имаше ли голема конкуренција и колку време се подготвуваше?

Неформално, за оваа професија се подготвував цел живот. Имаше и сè уште има голема заинтересираност за упис на Воената академија.

Конкурираа минимум 200 кандидати од кои најдобрите 25 се запишаа на Воената академија. Благодарна сум што и јас бев примена помеѓу најдобрите кандидати.

Условите за прием се такви што покрај општите услови за прием во високо образовните институции во Македонија, се спроведуваат и тестови за проверка на физичката подготвеност, психички тест, познавање јазик, се зема предвид успехот од средното образование како и здравствена проверка во воена болница.

neda-volcheva-oficer-vo-arm-jas-sum-dokaz-deka-uspehot-ne-zavisi-od-polot-voenata-oprema-e-ista-i-za-mazhite-i-za-zhenite-03.jpg

Покрај физичката, колку е важна психичката подготвеност за овој факултет и оваа струка?

Многу е важно да си психички подготвен за справување со секој предизвик. Секојдневно потребно е да си подготвен да носиш одлуки брзо, смирено, со цел решавање на одредена ситуација.

Како офицер во Армијата, потребно е да изградиш авторитет, пред сè со одржување на интегритет и почит кон своите претпоставени и потчинети, да бидеш пример за своите војници.

neda-volcheva-oficer-vo-arm-jas-sum-dokaz-deka-uspehot-ne-zavisi-od-polot-voenata-oprema-e-ista-i-za-mazhite-i-za-zhenite-21.jpg

Како изгледа еден вообичаен ден на студент на Воена академија?

Би нагласила дека секојдневно се следи воената дисциплина. Станување, средување кревет, лична хигиена.

Од предвидените активности се започнува со утринско вежбање, смотра и кревање на државното знаме, потоа реализација на настава, воено-стручна обука, часови за учење, повечерие.

neda-volcheva-oficer-vo-arm-jas-sum-dokaz-deka-uspehot-ne-zavisi-od-polot-voenata-oprema-e-ista-i-za-mazhite-i-za-zhenite-11.jpg

Кој ти бил најтешкиот предизвик на Воената академија и на работа? Дали некогаш си помислила да се откажеш?

На Воената академија секој ден беше предизвик за да се подготвам и усовршам во воената обука. Со задоволство ја следев наставата, како и секоја обука и предвиден терен.

По завршувањето и остварувањето на работниот ангажман, учествував во меѓународни вежби како и вежби во државата, реализирав голем број показни вежби пред високи гости, но како најголем предизвик би го издвоила успешното поминување на НАТО оценувањето на мојата единица.

neda-volcheva-oficer-vo-arm-jas-sum-dokaz-deka-uspehot-ne-zavisi-od-polot-voenata-oprema-e-ista-i-za-mazhite-i-za-zhenite-17.jpg

Како е да се биде жена со оваа професија - дали има предности или недостатоци? Дали блиските пробале да те одвратат од намерата да станеш војник поради твојот пол?

Привилегија е да се биде дел од Армијата, без разлика на полот.

Можам да кажам дека секојдневно најголема поддршка добивам од семејството и пријателите. Се радуваат на сите успеси постигнати во мојата досегашна кариера.

neda-volcheva-oficer-vo-arm-jas-sum-dokaz-deka-uspehot-ne-zavisi-od-polot-voenata-oprema-e-ista-i-za-mazhite-i-za-zhenite-19.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Вероника Караколева, оперска пејачка: „Не јадам 3-4 часа пред настап, избегнувам комуникација за да ... „Толку ми е силна љубовта кон музиката што не можам да се замислам ниту еден ден...
Илија Каниковски, стјуард во Wizz Air: „Ова не е само женска професија, досега сум посетил 40 земји ... „Иако постојат стереотипи дека ова е женска професија, многу патници позитивно р...
Каменка од Богданци има пилатес студио во Лондон: „Тука лесно се отвора мал бизнис, потоа давачките ... „За време на факултетските години почнав да барам функционален начин на вежбање ...
Бобан Пешов речиси 30 години живее во Италија: „Тука сум пораснат, во Македонија повеќе се чувствува... Бобан Пешов (36), по потекло од село Трсино, Виница, се преселил во Италија со с...
Теа Трајковска за CRNOBELO.com: „Предизвик е да се живее само од музика кај нас“ „Од Златно славејче ги носам едни од најубавите детски спомени. Уште како м...
Полина Тасева: „Во битолското кабаре се пронајдов себеси, секое излегување на сцената е нов предизви... „На еден настап во кабарето снема струја и ние останавме во темница на сцената.&...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg