Моника Грковска, шминкерка во МНТ: „Сум нашминкала 12 актери/ки за 40 минути, забавно е да се работи со шегобијци како Сашко Коцев и сите останати“

Се подготвуваш ли однапред за одредени шминки на ликови или креативноста се раѓа на лице место? Дали добиваш конкретни насоки или е твоја целосна креација?

Од сѐ по малку би рекла. Секако, првично добиваме насоки од костимограф и режисер. Да видиме во која доба се игра претставата, дали е современа, историска и сл.

Потоа седнувам во гледалиште и гледам проба, па така се раѓаат идеи.

Има шминки коишто се целосно моја креација или пак заедно со актерот сме ги осмислиле на лице место.

Многу е важно како актерот се чувствува со одредена шминка, маска или перика и дали е доловен ликот за претставата.

Лично јас сум најкреативна кога работам под притисок - тогаш во мене се будат најдобрите идеи.

monika-grkovska-shminkerka-vo-mnt-sum-nashminkala-12-akteri-ki-za-40-minuti-zabavno-e-da-se-raboti-so-shegobijci-kako-sashko-kocev-i-site-ostanati-18.jpeg

Какви се актерите додека се шминкаат пред претстава? Имаат ли некои ритуали?

Сите се различни, свои и единствени. Прво се облекуваат во костим, па доаѓаат на шминкање и веќе кога излегуваат од шминкерната можам да кажам дека се навлезени во ликовите.

Има такви коишто молчат и навлегуваат во улогата додека се шминкаат, има и такви кои повторуваат текст на глас сами или заедно со друг актер, пеат, кажуваат вицеви.

Воглавно владее една пријатна и возбудлива атмосфера, особено кога претставата вклучува многу актери.

monika-grkovska-shminkerka-vo-mnt-sum-nashminkala-12-akteri-ki-za-40-minuti-zabavno-e-da-se-raboti-so-shegobijci-kako-sashko-kocev-i-site-ostanati-03.jpg

Има ли некој од актерите кој ти е најлесно или најтешко да го шминкаш? И зошто?

Можеби во почетоците од мојата работа ми беше предизвик да нашминкам повозрасно лице. Но, после долго искуство и работа, сега би рекла дека со леснотија и уживање го работам ова, па така немам многу потешкотии додека шминкам.

monika-grkovska-shminkerka-vo-mnt-sum-nashminkala-12-akteri-ki-za-40-minuti-zabavno-e-da-se-raboti-so-shegobijci-kako-sashko-kocev-i-site-ostanati-11.jpg

Се случила ли некоја непријатна/смешна ситуација?

Хмм многу е тешко да се издвои затоа што постојано се случуваат смешни, понекогаш и стресни ситуации ама ќе издвојам една смешна.

„Седнува Тања Кочовска на стол. Почнувам да ја шминкам за мјузиклот „Чикаго“, таа седи со затворени очи, а јас нешто приватно нервозна, почнувам да ѝ ги цртам веѓите.

И така јас замислена цртам, цртам, цртам... На крај, Тања посегна да се види во огледало и што да види... Колкави веѓи сум ѝ нацртала.

Почнавме и двете хистерично да се смееме... И ја имаш Тања вика: „Ова не се веѓи, ова се црни облачиња, темни облаци ме надвјасаа...“.

И така сега, секојпат кога ѝ ги цртам веѓите се потсетуваме и се смееме за облачињата.

monika-grkovska-shminkerka-vo-mnt-sum-nashminkala-12-akteri-ki-za-40-minuti-zabavno-e-da-se-raboti-so-shegobijci-kako-sashko-kocev-i-site-ostanati-16.jpg

Кој од актерите е најголем шегобиец и секогаш внесува позитивна атмосфера зад сцена?

Уфф има многу такви...

Па најчесто во театар владее позитивна атмосфера, секако дека има и доста позитивци и шегобијци.

Тука се Сашко Коцев, Гораст Цветковски, Александар Михајловски, Тања Кочовска, Оливер Митковски, Никола Ристановски и многу други...

Секогаш знаат да расположат со по некоја анегдота, виц или имитација. Морам да признаам доста забавно е да си опкружен и да работиш со такви луѓе.

monika-grkovska-shminkerka-vo-mnt-sum-nashminkala-12-akteri-ki-za-40-minuti-zabavno-e-da-se-raboti-so-shegobijci-kako-sashko-kocev-i-site-ostanati-06.jpg

Дали си должна да присуствуваш таму во текот на цела претстава? Има ли корекции на шминка? Стресно ли е тоа ако се одвива брзински?

Освен што ги подготвуваме актерите пред претстава, се случува да имаат и промени на шминка и фризура за време на претставата да треба да стават перика, да треба да се искоригира или да се достави повеќе шминка, во зависност од тоа што се бара од тој лик.

Знае да биде стресно кога се има малку време за промена, на малку време мислам кога имаме 20 секунди за да се преслече актерка, да се собере нејзината коса и да се стави периката, а тоа да изгледа средено.

Но, затоа се тука пробите, за сите промени да бидат добро извежбани.

monika-grkovska-shminkerka-vo-mnt-sum-nashminkala-12-akteri-ki-za-40-minuti-zabavno-e-da-se-raboti-so-shegobijci-kako-sashko-kocev-i-site-ostanati-14.jpg

Имаш ли и друга работа покрај оваа? Се гледаш ли во театарот на долг рок? Кои ти се плановите?

Театарот е мојата прва љубов и приоритет, се разбира. Во слободно време кога сум во можност и немам обврски, работам како шминкер за реклами, ТВ серии, краткометражни филмови, документарци и шминка за приватни настани.

Театарот за мене не е само работно место, туку простор каде што можам да ја изразам својата креативност, талент и дарба, простор каде што се чувствувам како дома.

Засега немам други планови бидејќи сум исполнета, тука каде што сум - а тоа е МНТ.

monika-grkovska-shminkerka-vo-mnt-sum-nashminkala-12-akteri-ki-za-40-minuti-zabavno-e-da-se-raboti-so-shegobijci-kako-sashko-kocev-i-site-ostanati-17.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Иван Јованов пред раѓањето на ќерката: „Едвај го чекам мигот кога малиот ангел ќе го земам во раце“ „Доколку се создадат услови да бидам во породилната сала, секако дека ќе присуст...
Марко Митев, ракометар: „Кире Лазаров секогаш ме советува да не се плашам од противникот, колку и да... „Борбеноста, храброста и пробивноста во мојата игра веројатно доаѓаат заедно со ...
„Епилепсијата со редовна терапија може да се излечи“: Интервју со д-р Марија Милановска, доктор на н... „Во најголем број од случаите (70%) причините за појава на епилепсија се познати...
Д-р Мартина Амбарџиева, уролог: „Најчести симптоми за рак на тестисите се безболна грутка или оток в... „Во текот на мојата кариера сум сретнала повеќе необични и комплексни случаи. На...
Симона Николова (31) живее со ретка болест од дете: „Ретко излегувам од дома, но не се откажувам од ... „Тешко е да се живее со оваа болест, многу тешко, ужасно.Ретко излегувам затоа ш...
Александра од Скопје 4-ти пат беше на финалето на Вимблдон: „Билетите се од 250£ нагоре, аплицирав у... „Доаѓањето на Кејт, принцезата од Велс, предизвика бран на возбуда меѓу публикат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg