Алехандро Санчез, Аргентинец оженет за Македонка: „Среќен што сум македонски зет, обожавам пастрмајлија“

Имаше ли некогаш некаков работен ангажман во Македонија?

Мојот престој во Македонија го искористив за да ја довршам мојата докторска теза, така да немав можност да го истражувам македонскиот пазар на трудот.

Сепак, од разговор со пријатели таму, мислам дека за мојата професија, информатиката, секогаш има работа.

Она што го носам како искуство од Македонија е волонтерството. Волонтерски помагав со техничка поддршка во една невладина организација за деца со посебни потреби во Скопје.

alehandro-sanchez-argentinec-ozhenet-za-makedonka-mnogu-sum-srekjen-shto-sum-makedonski-zet-ja-obozhavam-makedonija-12.jpg

Како Македонците те прифатија како странец?

Немав никаков проблем. Јас разбирам македонски, па можеби тоа ми помогна да се интегрирам уште подобро во вашето општество.

Во Скопје живеевме во близина на пазарчето Буњаковец, и многу често одев таму на пазарам.

По мојот акцент сите знаеја дека не сум од таму, ама кога ќе дознаеја дека странец го зборува нивниот јазик, секогаш ме услужуваа со голема насмевка.

Мојот македонски на почетокот беше многу базичен, ама доволен за да можам сам да пазарам и да се разбирам со луѓето.

Се сеќавам дека еднаш влегов во месарница да купам месо од крава, ама не знаев како се вика крава, па прашав дали имаат месо од „мууууу“.

Продавачката ме разбра и веднаш ме услужи и ми кажа дека се вика телешко.

Сега, веќе увото ми е навикнато на македонскиот јазик. Оливера дома на децата им зборува на македонски, па секој ден и јас учам некоја нова фраза.

Она што уште ми е тешко е кирилицата. Знам да ја читам ама ако треба јас нешто да напишам, е тоа ми е проблем.

alehandro-sanchez-argentinec-ozhenet-za-makedonka-mnogu-sum-srekjen-shto-sum-makedonski-zet-ja-obozhavam-makedonija-05.jpg

Дали сопругата била во Аргентина и колку е запознаена со твојата култура?

Бидејќи живееме и работиме далеку од двете наши фамилии, се обидуваме секоја година да одиме и во Македонија на лето и во Аргентина за Божиќ.

Оваа година повторно бевме. Имавме среќа да бидеме таму кога Аргентина го освои Светското првентво во фудбал.

За нас, Аргентинците, фудбалот е многу важен и знам дека многумина во странство не можат да ја разберат таа наша еуфорија, но освојување на титулата на светски шампион беше најважниот момент во поновата историја на Аргентина.   

alehandro-sanchez-argentinec-ozhenet-za-makedonka-mnogu-sum-srekjen-shto-sum-makedonski-zet-ja-obozhavam-makedonija-04.jpg

Колку си запознаен со македонската култура и традиции и што најмногу ти се допаѓа?

Од вашите традиции, најмногу го сакам лепчето со паричка. Во нашиот дом се слават двата Божиќа.

Ако нашиот католички е малку покомерцијален и позабавен, вашиот е поинтимен и пофамилијарен.

И секогаш со нетрпение чекаме кај кого ќе падне паричката и веднаш се вртат телефони да го соопштиме среќниот добитник и да прашаме кај кого паднала паричката кај другите во Македонија.

Друг обичај што ми остави впечаток е зимање на невестата од дома.

Во католичкиот свет, младоженецот и невестата се среќаваат во црквата, но бидејќи ние правевме свадба во Скопје, им објаснив на моите гости дека ќе треба да одиме прво кај Оливера да ја земеме од дома, а после и да се фатиме за раце и да играме оро.

Беше тоа големо шоу за соседите на жена ми, кои гледаа како Аргентинци и Шпанци вртат оро околу нивната зграда.

alehandro-sanchez-argentinec-ozhenet-za-makedonka-mnogu-sum-srekjen-shto-sum-makedonski-zet-ja-obozhavam-makedonija-06.jpg

Како помина свадбата?

Свадбата ја правевме во Скопје. Таа година беше многу врнежливо лето, а сè беше планирано за забава на отворено. Но, тој последен августовски ден излезе сонце и сè помина во најдобар ред.

По желба на Оливера, се венчавме во Соборниот храм. Многу од моите гости за првпат влегоа во православна црква.

Сè се одвиваше на македонски, ама имаше и превод за гостите од странство.

Свадбата ја организиравме да биде интересна и за Македонците и за странците. Имавме играорно друштво, но и кубански бенд што свиреше латино музика.

Беше тоа еден многу убав ден за нас.

alehandro-sanchez-argentinec-ozhenet-za-makedonka-mnogu-sum-srekjen-shto-sum-makedonski-zet-ja-obozhavam-makedonija-11.jpg

Што најмногу ти недостига од Аргентина?

Фамилијата и аргентинското месо.

Во Аргентина имаме особен култ кон скарата и бифтекот. Мислам дека тоа е нешто што му недостига на секој Аргентинец, кој живее надвор. И секако сладоледот од дулсе де лече.

alehandro-sanchez-argentinec-ozhenet-za-makedonka-mnogu-sum-srekjen-shto-sum-makedonski-zet-ja-obozhavam-makedonija-14.jpg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Диџеј Мац: „На журки ми бараат песни од Ерзана и Врчак“ Крајот на 2023-та на музички план го одбележаа забавите со домашни хитови кои ди...
Успешни Македонци низ светот: Лорета и Петре Стојановски 45 години имаат свој ресторан во Англија „Работиме напорно, но горди сме што имаме да им оставиме нешто на децата“ – вели...
Даниела Петровска, професорка по македонски: „Учениците не читаат, предизвик е да ги натерам да одат... „Социјалните мрежи се место каде што повеќето луѓе, за жал, го извитоперуваат с...
Марија има кафе-книжарница во Куманово: „Многумина ме премислуваа, но сфатив дека кумановци многу чи... „Кумановци читаат! Читаат многу популарна психологија, читаат и трилери и романи...
Никола Поповиќ, стенд-ап комичар: „Публиката најмногу се смее на теми за работата во македонски фирм... „Пред првиот настап се борев во себе со она 'што ако се посрамам, па ќе им биде ...
Кристине од Струмица е мажена за Кореец: „Се вљубив на прв поглед, имавме традиционална корејска сва... „Сопругот го запознав на мојот роденден, во бар кај што тој беше менаџер и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg