Моника за свадбената бајка со ракометарот Филип Кузмановски: „Првиот танц и огнометот нема никогаш да ги заборавам“

„Од свадбата би издвоила неколку моменти кои за мене ќе останат незаборавни: првиот танц на песната „I’m your lady“, огнометот под отворено небо и реченицата на Филип на крајот на вечерта кога ги испративме сите гости: ‘А што викаш јас и ти вака да си правиме вака на секои две-три години?’“, споделува Моника Кузмановска (27) за CRNOBELO.com која сега со нејзиниот сопруг, ракоментниот репрезентативец Филип Кузмановски (26) живее во Германија.

svadbenata-bajka-na-monika-i-nashiot-rakometar-filip-kuzmanovski-01.jpg

Моника Кузмановска (27) од Велес и нашиот ракометар Филип Кузмановски (26) од Битола на 1-ви јули 2022 ја овековечија својата љубовна приказна со прекрасна свадбена церемонија во Скопје.

Парот моментално живее во Хановер, Германија, поради работните ангажмани на Филип.

Моника за CRNOBELO.com споделува детали за нивната љубовна приказна:

„Уште од мала имав јасна визија за својот живот и со сигурни чекори одев кон таа цел, сè додека не се појави Филип.

svadbenata-bajka-na-monika-i-nashiot-rakometar-filip-kuzmanovski-42.jpg

Мислев дека ништо не може да ме оттргне од таа замисла, бев одличен ученик и одличен студент и некако имав мапирано во која насока сакам да ми оди животот, од друга страна растев во семејство полно со љубов и токму љубовта и емоциите имаат голем дел во одлуките коишто ги носам во целиот живот.

svadbenata-bajka-na-monika-i-nashiot-rakometar-filip-kuzmanovski-14.jpg

Целиот мој живот е исполнет со спорт, моите родители биле одбојкари, а по нивните стапки и јас уште од рана возраст тренирав одбојка, мојот тетин и братучедите се ракометари.

Спорт, сали, натпревари, победничкиот дух секогаш биле дел од мојот живот. Познато ми беше како функционира сè, уште пред да го запознаам Филип.

svadbenata-bajka-na-monika-i-nashiot-rakometar-filip-kuzmanovski-11.jpg

Со Филип се запознавме сосема случајно, иако веќе знаевме еден за друг. Јас сум човек кој верува во судбински моменти и сакам да верувам дека нашето запознавање беше еден од нив.

svadbenata-bajka-na-monika-i-nashiot-rakometar-filip-kuzmanovski-12.jpg

Нашата врска се одвиваше брзо иако бевме млади, тој имаше 22 години, јас 23 години, уживавме во заедничкото време, па по неколку месеци веќе започнавме и заеднички живот.

svadbenata-bajka-na-monika-i-nashiot-rakometar-filip-kuzmanovski-27.jpg

Еден од најемотивните моменти беше чинот на запросување. Познато беше дека Филип треба да се сели во Бундеслигата, па некако постоеше интерен договор дека ќе пробаме врска на далечина, но кој го знае Филип знае каков човек е - тоа што го намислил ќе го направи.

svadbenata-bajka-na-monika-i-nashiot-rakometar-filip-kuzmanovski-16.jpg

Ги покани нашите најблиски по повод прославување на роденден и поздравување пред да замине, ме покани да танцуваме и тоа беше навистина емотивен момент за нас и нашите семејства. Тогаш ме запроси...

monika-za-svadbenata-bajka-so-rakometarot-filip-kuzmanovski-prviot-tanc-i-ognometot-nema-nikogash-da-gi-zaboravam-0001.jpg

Животот во странство знае да биде осаменички, спортскиот професионализам не познава празник и слободен ден. Често знаеме да си кажеме „ќе живееме и ние здравје после 35-тата“.

svadbenata-bajka-na-monika-i-nashiot-rakometar-filip-kuzmanovski-07.jpg

Со оглед на тоа дека бевме млади кога го почнавме заедничкиот живот можам да кажам дека странството и одделеноста од семејството и пријателите нѐ зајакна карактерно и емоционално. Се потпираме еден на друг, се поддржуваме и мотиривираме.

svadbenata-bajka-na-monika-i-nashiot-rakometar-filip-kuzmanovski-24.jpg

Филип е голем работник, кај него нема денес баш не ми се тренира, нема кажано дека му е напорно или дека му треба одмор, воден е од емоции и голема желба за успех и затоа решив да „седнам на задното седиште“.

Јас сум негов најголем и критичар и најголем поддржувач, па понекогаш се чувствувам дека моите амбиции ги преживувам преку него.

svadbenata-bajka-na-monika-i-nashiot-rakometar-filip-kuzmanovski-05.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...
Филип Николоски: „Живеам со церебрална парализа, но животот е преубав ако се знае како да се живее“ „Мојата дијагноза е церебрална парализа, но животот е преубав и покрај сè, ако с...
Филип Костовски, чевлар: „Ги поправив најскапите чизми што сум ги видел, чинат над 4.500 долари“ „Чизмите за поправка ги донесе Македонка која работи во странство. Нè пофали за ...
Мила ја живее својата есенска бајка во Орешани - со чајчиња со цимет, верверички и зимница (фото) „Според мене сите годишни времиња е поубаво да ги доживееш на село отколку во гр...
Јосиф, нов миленик на тинејџерките: „Публиката ме запозна по дуетот со Војаж“ „Артистите што се на „Фиеста“ ми се драги пријатели и секогаш расположени за муз...
Марко Митев, ракометар: „Кире Лазаров секогаш ме советува да не се плашам од противникот, колку и да... „Борбеноста, храброста и пробивноста во мојата игра веројатно доаѓаат заедно со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg