Најемотивниот миг на свадба во Скопје: Невеста пушти бели балони кон небото за починатиот татко, со порака дека е сакан
До олтарот ме испрати мојот брат, кој е помал од мене, но е моја најголема гордост, а откако официјално се венчавме со Мартин, сите заедно ги пуштивме балоните кон небото.
Тоа чувство кое нѐ обзема, како и сцената која може да се забележи и на фотографиите, е навистина момент за паметење.
Ништо не може да го надополни неговото отсуство на тој ден, но драго ми е што ja реализирав идејата и што барем за момент сите заедно се потсетивме на него и почувствувавме дека можеби од некаде го гледа овој миг и е со нас.
Кога ја споделив идејата со неколку најблиски, сите беа воодушевени и ме поддржаа, а матичното за сите беше најемотивен момент од кој беа трогнати и ги преплавија емоции.
Сепак, морам да кажам дека сум благодарна што на тој ден, а и секој ден од животот, ја имам мајка ми која ми е најголема поддршка, силна карпа и ѕвезда водилка во животот, која е тука да направи сѐ за јас и брат ми да бидеме среќни и успешни, без да дозволи ништо да влијае негативно на нас, ширејќи ни љубов и позитива во секој миг од животот.
Ти благодарам мамо што постоиш и ти благодарам тато што постоеше и што верувам дека и денес ме чуваш од небото... Поради вас станав личноста која сум денес“.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело