„Македонците се прејадуваат и имаат нередовни оброци“ - Нутриционистот Емилија Спасовска Мојсовска за грешките во исхраната
Почнува сезоната на вирусни заболувања, кои се вашите препораки за исхраната за следниот период?
Исхраната е многу важна алка во синџирот за заштита од бактерии вируси и настинки.
За добар имунитет и подготвеност на организмот да се бори со сите непријатели потребно е постојано работиме на јакнење на имунитетот преку здрав начин на исхрана и здрави навики.
Здравата исхрана и навиките околу неа потребно е да се присутни секојдневно.
Да воспоставиме баланс во организмот и да внесуваме разновидна храна која ги содржи најважните витамини, минерали и антиоксиданти кои учествуваат во борба со вирусите, настинките и бактериите а тоа се:
Витамин Д – важен во исхраната бидејќи спречува појава на депресија и го зајакнува имунолошкиот систем и коските,
Витамин Ц е еден од најважните витамини за човековиот организам и може многу да помогне во борбата со вирусите, бактериите и настинките. Исто така, тој е силен антиоксидант и учествува во многу биолошки процеси во организмот. Извори на витамин Ц се цитрусни плодови, коријандер, мајчина душица, магдонос, босилек црвената зелка, шумските плодови и др.
Витамин Б најмногу е застапен во зрнестата храна како пченица, ориз, овес, ’рж, се среќаваат и во зеленчуците со зелени лисја, месото од домашни птици, рибата, јајцата, јаткасти плодови и гравот.
Селен е минерал кој е од големо значење, во организмот се внесува исклучиво преку храна, присутен е скоро во сите намирници, макар и во траги, а најприсутен е во морските плодови, рибите, особено во сардината, ракчињата и лигните. Застапен е и во жолчката на јајцата каде што е присутен и витаминот Е, во бразилското оревче и во јаткастите плодови.
Продукти од растително потекло кои се богати со селен се триците, ’ркулци од пченица, пченка, домати, квасец, печурки, лук, црн леб, и печива направени од интегрално брашно.
Пченката претставува едно од најбогатите, а истовремено и најдостапни извори на селен. Истото се однесува и на лукот.
Освен пченката, богат со селен е и квасецот, особено пивскиот во кој не само што го има во голема количина, туку и се наоѓа во таква биолошки активна форма што лесно се усвојува од страна на организмот.
Цинк е вториот најзастапен минерал веднаш по железо, потребен е за здрав имун систем, за правилна функцијата на тироидната жлезда, половите хормони и за одржување на нормално ниво на гликоза во крвта.
Застапен е во мешунки, јаткасти плодови, полно зрнеста храна, житарки итн.
Што би им порачале на луѓето што се свесни дека имаат проблеми со исхраната, а упорно одбиваат да побараат помош од стручни лица?
Стручните лица како во секоја област така и во нутриционизмот можат многу да помогнат доколку се работи за некој проблем кој го имаат клиентите.
Во однос на исхраната нутриционистите се тие кои секогаш даваат правилни препораки и насоки или доколку е потребно изработуваме планови на исхрана со кои се обидуваме заеднички да го надминеме проблемот и да воспоставиме здрави навики со цел да го подобриме или зачуваме здравјето.
Затоа моите совети се секогаш кога ќе се појави проблем, а е поврзан со исхраната, да се побара стручна помош од нутриционист кое ќе го објасни текот и начинот на соработка, добро да се информира од бенефитите од исхраната, а истовремено да се надмине проблемот и зачува здравјето.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Б. С. Б. | Црнобело