Урбан лик: Владимир Чадиковски, наш единствен детски кардиохирург - пасија му се мотоциклите, а инспирација спасените животи

„Кај нас хирурзите секој работен ден е со висока доза на стрес. И тоа трае со години. Работиш со бебиња кои знаеш дека без твоја помош не можат да преживеат – не е лесно. Но, издувен вентил ми се мотоциклите, од детството ги сакам, а поинтезивно се занимавам со нив во последните 5 години. Во колекцијата моментално имам BMW F 850 GS и BMW R nineT, како и олдтајмерите BMW R 60/6 и Honda CB 750, двата од 1976 година...“, споделува д-р Владимир Чадиковски за CRNOBELO.com.

urban-lik-vladimir-chadikovski-nash-edinstven-detski-kardiohirurg-pasija-mu-se-motociklite-a-inspiracija-spasenite-zhivoti-01.jpg

Тој сè што прави, прави со полн здив, па така е на поле кариера, но така е и на поле хоби и начин на живот.

Владимир Чадиковски е единствен лиценциран детски кардиохирург во Македонија, а досега има спасено повеќе од 700 бебиња.

Неговата специфична професија, каде секојдневно оперира бебенца и од по само килограм и половина и каде стресот е на највисоко можно ниво, прави да мора да има свој издувен вентил, а за него тоа е љубовта кон мотоциклите.

Неретко можете да го видите низ скопските улици со кожена јакна и некој од неговите 4 мотоцикли, кои му се посебна пасија и љубов.

Но, покрај хуманата професија, урбаниот изглед и стил на живење, за нас тој е инспиративен и поради тоа што смета дека клучно е да ја задржиме скромноста во односот кон другите луѓе, сите да ги третираме еднакво, а децата да ги воспитуваме со основните морални начела како некогаш, кои за жал во денешно време се малку подзаборавени.

За CRNOBELO.com тој споделува дел од неговите навики во секојдневието и начинот на кој функционира:

Каков е вашиот моден стил, кои се вашите модни правила?

Можам да кажам последниве години комплет го променив стилот на облекување. Најбитно ми е да се чувствувам комотно и пријатно во истата.

Имам голема колекција на кожeни јакни/чизми/кациги за различни временски услови, плус и за различен тип на мотоцикли кои ги поседувам.

Но, некогаш поради видот на професијата поседувам и елегантна гардероба.

Инаку во последно време сè што купувам го правам онлајн, дека немам време и во исто време можам да следам сè што се појавува ново, кое ги задоволува моите вкусови.

Инаку многу ценам кога ќе видам добро облечен и маж или жена, не толку дали е тоа скапо или кој бренд е, туку стилот на облекување, слободата на комбинации, едноставно карактерот на човекот се одликува во тие слободни и совршени комбинации.

urban-lik-vladimir-chadikovski-nash-edinstven-detski-kardiohirurg-pasija-mu-se-motociklite-a-inspiracija-spasenite-zhivoti-02.jpg

Во што е тајната на уживањето во животот, ве радуваат ли малите работи?

Сакам добра храна, уживам поготово во италијанска храна, сакам добро вино, но со време сум сфатил дека сè што е многу вкусно не е здраво.

Тајната за уживањето во животот е најтешкото прашање во целото интервју.

Доаѓаш во период во животот кога се прашуваш секој ден што те прави среќен. Да поминеш повеќе време со тие што ги сакаш и што повеќе да прошеташ во животот, да одиш на места што секогаш си сакал да ги видиш, да пробаш да си го најдеш мирот во себе.

Со време сфаќаш дека мирот можеш сам да си го дадеш, да не очекуваш дека некој друг ќе ти го даде.

urban-lik-vladimir-chadikovski-nash-edinstven-detski-kardiohirurg-pasija-mu-se-motociklite-a-inspiracija-spasenite-zhivoti-06.jpg

Кои се вашите утрински навики? Како ви започнува денот? Имате ли некој посебен ритуал?

Наутро задолжително пијам кафе и со мотоцикл најчесто одам на работа.

Започнува утринскиот состанок каде се реферираат сите деца од претходната ноќ и се спремаат децата кои се на програма за операција.

Потоа се прави визита и потоа се започнува со операцијата. Целата работа е тимска, така што цел тим е ангажиран за соодветни професионални ангажмани, пред сè за да имаме позитивен исход во третманот на децата со вродени срцеви мани.

urban-lik-vladimir-chadikovski-nash-edinstven-detski-kardiohirurg-pasija-mu-se-motociklite-a-inspiracija-spasenite-zhivoti-05.jpg

Колку докторите хирурзи се посебни како луѓе? Во што се крие вашата уникатност?

Дефинитивно сме посебна фела на луѓе пред сè поради типот на професијата, каде секој твој работен ден е со висока доза на стрес. И тоа трае со години.

Работиш со бебиња кои знаеш дека без твоја помош не можат да преживеат.

Многу години учење, непроспиени ноќи, стануваш адреналин зависен, веројатно некогаш е тешко да нè разберат другите како функцинираме.

Не се сметам за уникатен, сè е постиганто со многу труд, работа и желба. Уникатноста по мене доаѓа од внатре без разлика која професија ја работите, ако ја работите со страст веднаш сите ќе забележат.

Се стремам со годините да бидам што е можно поскромен (скромноста ја сметам за најголема човекова доблест), не во однос на материјалните добра што ги поседувам – тие сепак се стекнати со многу труд и работа, туку скромност во однос на своето однесување кон другите, почитувајќи ги сите луѓе без разлика на пол, вера, раса, професија, возраст.

Алтруизмот го ставам како највисок степен на вредност.

urban-lik-vladimir-chadikovski-nash-edinstven-detski-kardiohirurg-pasija-mu-se-motociklite-a-inspiracija-spasenite-zhivoti-07.jpg

Авто-мото… Вљубеник сте во мотоцикли, што вклучува вашата колекција?

Најдов пасија без која веќе не можам да замислам да живеам, тоа се мотоциклите. Имам повеќе мотоцикли, веќе станав колекционер на истите. Имам нови мотори и олдтајмери.

urban-lik-vladimir-chadikovski-nash-edinstven-detski-kardiohirurg-pasija-mu-se-motociklite-a-inspiracija-spasenite-zhivoti-13.jpg

Таа слобода на движење, мирис, ветер, адреналин, нема цена. Кастимизирањето на мотоцикли ми стана посебна пасија, бидејќи на тој начин оставаш белег врз мотоциклот, кој ги добива твоите карактеристики.

Во колекцијата моментално имам BMW F 850 GS и BMW R nineT, како и олдтајмерите BMW R 60/6 и Honda CB 750, двата од 1976 година.

urban-lik-vladimir-chadikovski-nash-edinstven-detski-kardiohirurg-pasija-mu-se-motociklite-a-inspiracija-spasenite-zhivoti-04.jpg

Мотоциклите ги обожавам од дете, но од пред 5 години почнав поинтензивно со оваа љубов и хоби.

urban-lik-vladimir-chadikovski-nash-edinstven-detski-kardiohirurg-pasija-mu-se-motociklite-a-inspiracija-spasenite-zhivoti-09.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Урбан лик: Игор Милановиќ – менаџер и поранешен ватерполист со одличен моден стил „Сметам дека луѓето треба да се облекуваат во облека што одговара на нивниот сти...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Урбан лик: Амел Амед од Скопје е зависник од мотоцикли, сноубординг, нуркање, фотографија и мода (фо... Ги знаете оние луѓе кои не живеат, туку грабаат од животот? Токму таков е фотогр...
Зоран Спасов - Ѕоф, урбан скопски лик: „Скопје не би било исто без шармот на оние кои денес имаат по... „Во 2012-та дома го прогласивме Тито за светец и секој 25-ти мај ја славиме слав...
Давид (Јанг Дади) за CRNOBELO лексикон: „Откачувам на 'Лична карта' во кафеана“ „Еднаш земав да се бричам со на татко ми бричот на мои 3-4 години, и останатото ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg