Андреа Јосифова за бракот со актерот Жарко Димоски: „Ме запроси со киндер јајце, свадбата ја презакажавме трипати, во Италија беше магично“

„Со Жарко се запознавме во 2017 година преку социјални мрежи, но првиот чекор го направи тој, со тоа што ме покани на негова претстава во Театар Комедија, па така започна нашата приказна, а набрзо и почнавме да живееме заедно Со правилната личност, секој дел од секундата e романтичен и романтиката сама по себе си доаѓа, за неа не треба труд…“, споделува Андреа Јосифова (26) за CRNOBELO.com за љубовната приказна со актерот и водител Жарко Димоски.

andrea-josifova-za-brakot-so-akterot-zharko-dimoski-me-zaprosi-so-kinder-jajce-svadbata-ja-prezakazhavme-tripati-vo-italija-beshe-magichno-01.jpg

Андреа Јосифова (26) е дипломиран преведувач по англиски и македонски јазик на филолошкиот факултет „Блаже Конески“, но моментално работи како ИТ регрутер во компанија за информатичка технологија.

Живее и работи во Скопје веќе 8 години, а по потекло e од Кавадарци.

Таа ужива во љубовта со актерот Жарко Димоски веќе 4 ипол години, од кои во врска две ипол години и две години во брак.

andrea-josifova-za-brakot-so-akterot-zharko-dimoski-me-zaprosi-so-kinder-jajce-svadbata-ja-prezakazhavme-tripati-vo-italija-beshe-magichno-03.jpg

За CRNOBELO.com Андреа споделува детали од нивната љубовна приказна, но и зошто патувањето во Италија летово им било незаборавно:

Како се запознавте со твојот сопруг, актерот Жарко Димоски? Со што те освои, како е во брак?

Со Жарко се запознавме во 2017 година и уште веднаш проработи хемијата, се пронајдовме на исто ниво и знаевме дека сме еден за друг.

andrea-josifova-za-brakot-so-akterot-zharko-dimoski-me-zaprosi-so-kinder-jajce-svadbata-ja-prezakazhavme-tripati-vo-italija-beshe-magichno-12.JPG

Се запознавме преку социјални мрежи, но првиот чекор го направи тој, со тоа што ме покани на негова претстава во Театар Комедија, па така започна нашата приказна.

Ме освои со неговата духовитост, искреност и необичност. Набрзо почнавме и да живееме заедно, па животот во брак не ни прави некоја голема разлика, бидејќи тоа е само формалност од една страна, најважното е што постојано имаме заемно разбирање и секојдневно вложуваме труд и љубов.

andrea-josifova-za-brakot-so-akterot-zharko-dimoski-me-zaprosi-so-kinder-jajce-svadbata-ja-prezakazhavme-tripati-vo-italija-beshe-magichno-18.JPG

Како те запроси и дали свадбената церемонија беше токму таква каква што си ја замислуваше?

Запросувањето се случи на мојот роденден, во 2019 година. Ме запроси на необичен начин, со киндер јајце, во кое се наоѓаше негова поезија, која на крајот ја содржеше реченицата „Дали сакаш да ми бидеш жена“, по што извади прстен и клекна на колена.

Што се однесува до свадбата, малку се помачивме, поради корона вирусот и ја презакажувавме трипати.

Немавме многу избор во тој момент, па решивме граѓанскиот брак да го склучиме на 10 август 2020-та во Ровињ, Хрватска.

Конечно годинава на 6-ти мај успеавме да ја направиме и долгоочекуваната свадба и црковна венчавка. Организацијата беше лесна бидејќи однапред знаевме што сакаме. Вечерта ни помина некако пребрзо, но беше дефинитивно незаборавна, со сите блиски до нас и супер забава.

andrea-josifova-za-brakot-so-akterot-zharko-dimoski-me-zaprosi-so-kinder-jajce-svadbata-ja-prezakazhavme-tripati-vo-italija-beshe-magichno-04.jpg

Патувате често, колку работните обврски ви го дозволуваат тоа и која ви е омилена дестинација?

Јас имам можност и да работам и да патувам, бидејќи работата ми овозможува да работам онлајн од каде било.

andrea-josifova-za-brakot-so-akterot-zharko-dimoski-me-zaprosi-so-kinder-jajce-svadbata-ja-prezakazhavme-tripati-vo-italija-beshe-magichno-09.JPG

Жарко од друга страна, има обврски и работа, каде неизбежна е физичката присутност, па, јас се приспособувам според неговите слободни денови.

Немаме конкретна омилена дестинација бидејќи секое место каде што сме одлучиле да одиме, во тој момент, ни било на листа на желби. Па така, желбите си ги исполнуваме една по една.

andrea-josifova-za-brakot-so-akterot-zharko-dimoski-me-zaprosi-so-kinder-jajce-svadbata-ja-prezakazhavme-tripati-vo-italija-beshe-magichno-17.jpg

Што ве врзува посебно за Ровињ, Хрватска, и во што се крие неговата магија?

Ровињ е посебна приказна. Прво што нè врзува е тоа што Жарко е половина Хрват и пораснат e токму во Ровињ, па така целата фамилија од страна на неговата мајка е таму.

Втора работа што нè врзува е тоа што е град, кој и на двајцата ни е останат како еден од поубавите градови во Хрватска и секое лето се трудиме да го посетиме.

Би го опишала како романтичен град кој има преубава архитектура, зајдисонца и живописни тесни улички. Се чувствува италијанскиот дух, градот е двојазичен, па така има и Италијанци кои живеат таму.

Стариот град има преубав шарм, островчињата од околу кои се преблиску се исто така преубави, храната и виното покрај море се неизбежни, едноставно би рекла дека е град на кој со задоволство се враќам и не би ми здосадил никогаш.

andrea-josifova-za-brakot-so-akterot-zharko-dimoski-me-zaprosi-so-kinder-jajce-svadbata-ja-prezakazhavme-tripati-vo-italija-beshe-magichno-04.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Бобан Пешов речиси 30 години живее во Италија: „Тука сум пораснат, во Македонија повеќе се чувствува... Бобан Пешов (36), по потекло од село Трсино, Виница, се преселил во Италија со с...
Барбара Поповиќ за CRNOBELО: „Имам италијански корени, ќе пеам на Сан Ремо“ „Од македонските музичари најблиска сум со Иван Јованов од Либеро бенд. Тој ми е...
Штипјанките Патриција и Андреа (21) за CRNOBELO: „Дечковците порано нè мешаа зашто сме идентични бли... „Би било криминал да имаш идентична близначка, а да не го „злоупотребиш“ тоа во ...
„Меморија“ пред скопскиот концерт: „Секој што бил дел од бендот во овие 40 години, оставил свое парч... „Само 10 дена по заминувањето на Вики, сопругата на Поце, Меморија не го откажа ...
Матеа од Македонија и Ејдан од Англија се венчаа на Бали: „Наместо да трошиме многу пари за една ноќ... „Кога кажавме дека се откажуваме од големата свадба, нашите родители беа среќни ...
Србинката Горана љубовта ја донесе во Македонија: „Веќе 13 години Скопје ми е дом, тука ми се родија... „Во Македонија дојдов на одмор, со братучетка ми бевме во Охрид и таму го запозн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg