Филип Боцевски, персонален тренер: „Македонците прават 4 иритантни работи во теретана, а најголем непријател на фит изгледот е слабиот карактер“

Позната личност со најфит тело според тебе е…

Повеќето познати личности се фит иако нивните улоги не секогаш го наложуваат тоа. Тие едноставно живеат здрав начин на живот затоа што ги знаат бенефитите од тоа.

Според мене најфит познати личности се Двејн Џонсон, Марк Волберг, Силвестер Сталоне, Хју Џекмен, Џејсон Момоа и Крис Хемсворт.

filip-bocevski-personalen-trener-makedoncite-pravat-4-iritantni-raboti-vo-teretana-a-najgolem-neprijatel-na-fit-izgledot-e-slabiot-karakter-14.jpeg

Колку е тешко да се пристапи на вистинскиот начин од психолошки аспект кон секој клиент?

Доколку клиентот има јасно зацртана цел и е карактерно стабилен, пристапот е лесен. Но, има случаи кога клиентот е психички и карактерно полабилен.

Вашата работа е да знаете да го водите низ тој процес на остварувањето на истата и притоа психолошки и ментално да го поддржите и да влијаете, да го предвидите неговото однесување и на таа основа да знаете како и кога и на каков начин да го мотивирате.

filip-bocevski-personalen-trener-makedoncite-pravat-4-iritantni-raboti-vo-teretana-a-najgolem-neprijatel-na-fit-izgledot-e-slabiot-karakter-15.jpeg

Си имал ли некоја повреда направена при вежбање досега?

Сите мои повреди кое ме спречувале да вежбам настанале надвор од местата кои сум вежбал на така што не.

filip-bocevski-personalen-trener-makedoncite-pravat-4-iritantni-raboti-vo-teretana-a-najgolem-neprijatel-na-fit-izgledot-e-slabiot-karakter-18.jpeg

Колку килограми креваш на бенч? Дали мажите претеруваат со овој тип на докажување и резултатот е несакани повреди?

Кај нас главно бенч пресот се смета за една од најважните вежби за докажување на сила, иако има многу подобри алтернативи за тоа.

Главниот непријател е машкото его, односно потребата да се докаже кој поместил најмногу товар, иако е тотално ирелевантно. Колку е поголема килажата, толку е и поголем ризикот од повреда, па доколку не се придржуваме на неколку клучни работи пред да се обидеме да креваме килажа кои ни самите не сме можеле да ги кренеме претходно и не се придржуваме на советите, исходот може да биде и трајна повреда.

filip-bocevski-personalen-trener-makedoncite-pravat-4-iritantni-raboti-vo-teretana-a-najgolem-neprijatel-na-fit-izgledot-e-slabiot-karakter-08.jpeg

Најбрз начин за симнување килограми е…

Најбрз начин за да намалиме на телесна килажа е да бидеме во калориски дефицит, односно да имаме помал внес на калории и поголема потрошувачка на истите, меѓутоа има разлика помеѓу само симнување на килограми и намалување на маснотии во телото.

filip-bocevski-personalen-trener-makedoncite-pravat-4-iritantni-raboti-vo-teretana-a-najgolem-neprijatel-na-fit-izgledot-e-slabiot-karakter-09.jpeg

Најефикасен начин за зголемување на телесна, односно мускулна маса е да го зголемиме внесот на калории, да го зголемиме внесот на протеини, а воедно и на макронутриентите. Потоа да го зголемиме волуменот односно интензитетот на вежбањето, бројот на повторувањата и секако да не го изоставиме закрепнувањето во однос на сонот, бидејќи тоа е исто така важен фактор за зголемувањето на нашата мускулна маса.

filip-bocevski-personalen-trener-makedoncite-pravat-4-iritantni-raboti-vo-teretana-a-najgolem-neprijatel-na-fit-izgledot-e-slabiot-karakter-07.jpeg

Омилениот совет кој им го даваш на клиентите е…

Напрво да бидат трпеливи на почетокот и да бидат реалистични со очекувањата доколку претходно немаат вежбано. Исто така им напоменувам дека многу информации поврзани со фитнесот кои се наоѓаат на социјалните мрежи се многу невистинити и погрешни.

filip-bocevski-personalen-trener-makedoncite-pravat-4-iritantni-raboti-vo-teretana-a-najgolem-neprijatel-na-fit-izgledot-e-slabiot-karakter-04.jpeg

Мој најголем совет е да не се споредуваат со фитнес моделите на социјалните мрежи, бидејќи оставаат една поинаква и нереална перцепција за тоа како треба да изгледаат. Едно е да ни бидат извор на инспирација, а сосема друго е да сакаме да изгледаме како нив, а само што сме започнале со вежбање.

filip-bocevski-personalen-trener-makedoncite-pravat-4-iritantni-raboti-vo-teretana-a-najgolem-neprijatel-na-fit-izgledot-e-slabiot-karakter-05.jpg

filip-bocevski-personalen-trener-makedoncite-pravat-4-iritantni-raboti-vo-teretana-a-najgolem-neprijatel-na-fit-izgledot-e-slabiot-karakter-13.jpeg

filip-bocevski-personalen-trener-makedoncite-pravat-4-iritantni-raboti-vo-teretana-a-najgolem-neprijatel-na-fit-izgledot-e-slabiot-karakter-02.jpeg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...
Филип Костовски, чевлар: „Ги поправив најскапите чизми што сум ги видел, чинат над 4.500 долари“ „Чизмите за поправка ги донесе Македонка која работи во странство. Нè пофали за ...
Филип Николоски: „Живеам со церебрална парализа, но животот е преубав ако се знае како да се живее“ „Мојата дијагноза е церебрална парализа, но животот е преубав и покрај сè, ако с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg