Филип Боцевски, персонален тренер: „Македонците прават 4 иритантни работи во теретана, а најголем непријател на фит изгледот е слабиот карактер“

„Кај нас кревањето голема килажа на бенч се смета за една од најважните вежби за докажување на сила кај мажите, иако има многу подобри алтернативи за тоа. Главниот непријател е машкото его, односно потребата да се докаже кој поместил најмногу товар, иако е тотално ирелевантно. Колку е поголема килажата, толку е и поголем ризикот од повреда...“, споделува персоналниот тренер Филип Боцевски (36) за CRNOBELO.com.

filip-bocevski-personalen-trener-makedoncite-pravat-4-iritantni-raboti-vo-teretana-a-najgolem-neprijatel-na-fit-izgledot-e-slabiot-karakter-01.jpg

Филип Боцевски (36) работи како персонален фитнес тренер веќе 12 години. Иако дипломирал на економскиот факултет, сфатил дека тоа не е соодветна професија за него и го следел својот сон.

Toj вели дека за да изгледате фит, мора да имате силен карактер и олдучност да истраете.

За CRNOBELO.com, Филип споделува детали од професијата, но и совети за фит изглед:

Колку години работиш како персонален тренер и како ја избра оваа професија?

Како персонален тренер работам повеќе од 12 години, оваа професија и начин на работа ме привлекоа сосема случајно, откако дипломирав и сознав дека мојата професија по струка (економист) тотално не би ми одговарала на мојот карактер и не би ме исполнувала, така што фитнесот и вежбањето веќе беа составен дел од мојот живот и сето тоа ми дојде многу природно и спонтано и секако динамично, бидејќи е поразлично од повеќето професии кои би ги работел.

filip-bocevski-personalen-trener-makedoncite-pravat-4-iritantni-raboti-vo-teretana-a-najgolem-neprijatel-na-fit-izgledot-e-slabiot-karakter-17.jpeg

Колку Македонците внимаваат на својот изглед?

Во последниве неколку години како нација сè повеќе се ориентираме кон здравиот начин на живот, фитнесот и спортот, а тоа влијае на нашиот изглед. Меѓутоа проблемот е што сето тоа трае периодично, а не е составен дел од нашата секојдневна рутина за разлика од другите нации и заради тоа заостануваме многу во споредба со многу земји.

filip-bocevski-personalen-trener-makedoncite-pravat-4-iritantni-raboti-vo-teretana-a-najgolem-neprijatel-na-fit-izgledot-e-slabiot-karakter-16.jpeg

Колку пати неделно вежбаш?

Вежбам во зависност од целта која ја имам поставено. Доколку имам лимитирано време за тоа што сакам да го постигнам, понекогаш се случува да правам дневно по 2 тренинзи 6 дена во неделата, додека друг пат 4-5 неделно, секако во зависност од тоа колку ми дозволува времето.

filip-bocevski-personalen-trener-makedoncite-pravat-4-iritantni-raboti-vo-teretana-a-najgolem-neprijatel-na-fit-izgledot-e-slabiot-karakter-06.jpeg

Имаш ли специјален режим на исхрана? Јадеш ли некогаш торти и хамбургери?

За жал, моето тело е склоно кон дебелеење и морам многу внимавам на тоа што го внесувам (микро и макро нутриенти). Од време на време знам да внесам и брза храна, меѓутоа гледам тоа да биде сведено на минимум и да биде добро темпирано затоа што мојот метаболизам не може ефикасно да го согори и процесира таквиот тип на храна.

filip-bocevski-personalen-trener-makedoncite-pravat-4-iritantni-raboti-vo-teretana-a-najgolem-neprijatel-na-fit-izgledot-e-slabiot-karakter-11.jpeg

Кои навики на луѓето во теретана најмногу те нервираат?

Има многу навики кои ме иритираат и, за жал, кај нас некако потешко се разбираат, иако во секоја друга земја не постојат, а кај нас сето тоа е некако нормално, но би издвоил неколку:

1. Оставањето и расфрлање на тегови по завршување на вежбите.

2. Заборавање на носење на крпи и чиста спортска опрема, а со тоа и убедување од страна на членовите со изговор дека додека вежбаат нивното тело не се поти и затоа не им треба крпа.

3. Непочитување на вашиот личен простор и време додека вежбате и разговарање иако имате ставено слушалки и е очигледно дека сте дошле да вежбате, а не да дебатирате за некоја ирелевантна работа.

4. Луѓе кои доаѓаат за социјализација, бидејќи тоа не можат да го прават надвор и непотребно зафаќаат справи кои им се потребни на луѓе кои дошле да вежбаат, а не да седат на нивните паметни телефони

filip-bocevski-personalen-trener-makedoncite-pravat-4-iritantni-raboti-vo-teretana-a-najgolem-neprijatel-na-fit-izgledot-e-slabiot-karakter-10.jpeg

Најголемиот непријател на фит линијата е …

Најпрвин би го издвоил слабиот карактер, неупорноста, мрезеливоста, но има и неколку други фактори кои се позначајни и ретки како што се хормонален дисбаланс (особено кај жените).

Секако, мора да се спомене и храната, односно нездравата храна и процесираната храна, меѓутоа целокупниот спој на горенаведените работи најмногу влијаат и ве спречуваат да дојдете до вашата идеална форма.

filip-bocevski-personalen-trener-makedoncite-pravat-4-iritantni-raboti-vo-teretana-a-najgolem-neprijatel-na-fit-izgledot-e-slabiot-karakter-03.jpeg

Која нација е позната како спортски најактивна?

Најспортски активни земји се и најмногу развиените, како што се САД, Русија, Франција, Кина, Германија, Бразил, Италија, но и Хрватска и Србија исто така влегуваат во таа категорија како земји од Балканот.

filip-bocevski-personalen-trener-makedoncite-pravat-4-iritantni-raboti-vo-teretana-a-najgolem-neprijatel-na-fit-izgledot-e-slabiot-karakter-12.jpeg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...
Филип Костовски, чевлар: „Ги поправив најскапите чизми што сум ги видел, чинат над 4.500 долари“ „Чизмите за поправка ги донесе Македонка која работи во странство. Нè пофали за ...
Филип Николоски: „Живеам со церебрална парализа, но животот е преубав ако се знае како да се живее“ „Мојата дијагноза е церебрална парализа, но животот е преубав и покрај сè, ако с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg