Христијан Проданов, суперхеројот од нашите маратони: „Аквамен ми беше омилен, а дечињата ми се најголеми фанови“

Која е магијата на маратоните?

Дружбите пред и по маратоните е нешто кое не се опишува. Толку многу луѓе на едно место кои ја делат истата пасија создаваат енергија која треба да се доживее за да се разбере.

Досега не сум се појавил на трка надвор од Македонија, но се спремам во иднина да отидам на некој од маратоните во соседните држави, ако не некаде подалеку.

Ги сметаш ли за „конкуренција“ новите впечатливи ликови што се појавуваат на маратоните?

Воопшто не. Се радувам доколку успеам да предизвикам желба кај другите да го прават тоа што јас го правам, меѓутоа сè уште не сум сретнал некој доволно впечатлив.

Сметам дека тоа треба да биде нешто интересно, нешто весело, и нешто кое ќе предизвика среќа и насмевка кај оние што го следат маратонот.

Пример, иако сум свесен дека голем дел од постарите не го разбираат она што јас го правам, сигурен сум дека моите костими предизвикуваат среќа и насмевки кај помалите, и затоа вреди секоја потрошена минута во подготовките.

По што е посебен Скопски маратон 2022?

Скопскиот маратон за мене е дома. Се одржува во Скопје, најголемиот и најбројниот град во Македонија, и некако уживам кога трчам низ неговите улици.

Исто така има некоја магија за време на одржувањето, каде по улиците има голем број на учесници, а уште повеќе публика и поддршка.

Организацијата секоја година е на одлично ниво, и сметам дека во иднина ќе биде уште помасовно и подобро од претходно.

hristijan-prodanov-superherojot-od-nashite-maratoni-akvamen-mi-beshe-omilen-a-dechinjata-mi-se-najgolemi-fanovi-05.jpg

Што правиш кога не си суперхерој од маратоните?

Работам како QA инженер во Btobet, често свирам гитара, играм фудбал и билјард, сакам да пеам и сакам да патувам и да уживам во сè она што го нуди животот.

Исто така голем дел од времето кога не сум суперхеројот од маратоните, го спремам следниот костим.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Христијан Бузалковски, мотоциклист: „Една мото сезона чини 100.000 евра, имам освоено 10 титули и 12... „На почетокот со брат ми немавме поддршка од семејството, ни морална ни финансис...
Аружан од Казахстан живее во Гостивар: „Македонија ми е втор дом, а тавче-гравче ми е омилено јадење... „Добив стипендија и затоа дојдов да студирам во Гостивар. И во Казахстан и во Ма...
Давид (Јанг Дади) за CRNOBELO лексикон: „Откачувам на 'Лична карта' во кафеана“ „Еднаш земав да се бричам со на татко ми бричот на мои 3-4 години, и останатото ...
Мајката на Фрида (5), колекционерка на очила: „Ќерка ми има 150 пара очила во сите бои, тие ѝ се оми... „Детски очила за сонце купуваме откако се роди Фрида, значи повеќе од 5 години. ...
Голманот Костадин Захов за родната Струмица: „Со семејството најмногу сакам да одам на околните водо... „Вредна да се посети црквата Св. Илија која се наоѓа на неколку километри од Стр...
Марија од Охрид изработува декорации со полимерна глина: „Најчесто добивам нарачки за детски роденде... „Првото нешто што го направив беше бележник за книги, па потоа продолжив со деко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg