Борис Чапанов: „Чувам африкански твор, навистина мириса малку, но е многу весело и чувствително животно“

„Творовите во принцип се диви животни и имаат специфичен мирис за на некој начин да се бранат од предаторот, но човекот ги има припитомено и научено на живот сличен на мачка. Едноставно кога ги сакаш, маните не ги гледаш. Мици има две години, а ја чувам од два месеци...“, раскажува Борис Чапанов (21) од Струмица за CRNOBELO.com.

boris-chapanov-chuvam-africhki-tvor-navistina-mirisa-malku-no-no-e-mnogu-veselo-i-chuvstvitelno-zhivotno-01.jpg

Борис Чапанов (21), студент на Земјоделски факултет од Струмица има уникатно милениче. Тој чува африкански твор, кој го носи името Мици.

За неговиот миленик, Борис открива за CRNOBELO.com:

Како се одлучи да чуваш африкански твор како домашен миленик? Колку години го чуваш?

Отсекогаш сум сакал да чувам африкански твор, но немав можност и време.

Пред две години ми се пружи прилика да ја земам Мици и да станеме неразделни пријатели.

boris-chapanov-chuvam-africhki-tvor-navistina-mirisa-malku-no-no-e-mnogu-veselo-i-chuvstvitelno-zhivotno-02_1.jpg

Твор нè потсетува на непријатен мирис, мириса ли овој миленик?

Творовите во принцип се диви животни и имаат специфичен мирис за на некој начин да се бранат од предаторот, но човекот ги има припитомено и научено на живот сличен на мачка.

Едноставно кога ги сакаш, маните не ги гледаш.

boris-chapanov-chuvam-africhki-tvor-navistina-mirisa-malku-no-no-e-mnogu-veselo-i-chuvstvitelno-zhivotno-13.jpg

Имаше ли некој член од семејството кој првенствено беше против?

Не можам да се пожалам, моите родители се секогаш спремни да ги прифатат моите одлуки, за што сум бескрајно благодарен.

boris-chapanov-chuvam-africhki-tvor-navistina-mirisa-malku-no-no-e-mnogu-veselo-i-chuvstvitelno-zhivotno-14.jpg

Како реагираат луѓето на твојот миленик?

Кога ја шетаме Мици, има поделени мислења од луѓето. Некои приоѓаат и ја галат, се распрашуваат околу неа. Додека пак други само поминуваат и ја игнорираат.

boris-chapanov-chuvam-africhki-tvor-navistina-mirisa-malku-no-no-e-mnogu-veselo-i-chuvstvitelno-zhivotno-03_1.jpg

Какви услови се потребни за да чуваш африкански твор? (Какви навики имаат, кога спијат, како им изгледа секојдневието?)

Ова се многу интелигентни, чувствителни и весели мали животни, кои сакаат да се гушкаат и се приврзани за личноста која се грижи за нив.

Сепак, тие не се идеални миленичиња за мали деца, ниту се препорачуваат, бидејќи сакаат да гризат, па играњето со децата нема да заврши без солзи.

boris-chapanov-chuvam-africhki-tvor-navistina-mirisa-malku-no-no-e-mnogu-veselo-i-chuvstvitelno-zhivotno-05.jpg

Тие не се глодари, туку повеќе наликуваат на мачки и се смета дека се припитомени уште во древниот Египет.

Со нив треба да се постапува нежно и внимателно, без нагли движења.

boris-chapanov-chuvam-africhki-tvor-navistina-mirisa-malku-no-no-e-mnogu-veselo-i-chuvstvitelno-zhivotno-12.jpg

Овие животни се карактеризираат со издолжено и еластично тело, мали уши и бушава опашка. Како и карактеристичната боја, која може да биде различна од вид до вид.

boris-chapanov-chuvam-africhki-tvor-navistina-mirisa-malku-no-no-e-mnogu-veselo-i-chuvstvitelno-zhivotno-16.jpg

африканските творови се строго територијални животни, тие живеат главно осамен живот, а денот најчесто го поминуваат во засолниште.

Активни се рано навечер и во текот на целата нож. Тие се добри пливачи и нуркачи и живеат во дупки што ги копаат или се движат во дупки за зајаци.

boris-chapanov-chuvam-africhki-tvor-navistina-mirisa-malku-no-no-e-mnogu-veselo-i-chuvstvitelno-zhivotno-18.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Иван Јованов пред раѓањето на ќерката: „Едвај го чекам мигот кога малиот ангел ќе го земам во раце“ „Доколку се создадат услови да бидам во породилната сала, секако дека ќе присуст...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Благица Зикова, мајката на штипската четворка: „Трошиме по 25 пелени на ден, бебињата се мирни и спи... „Најтешко ми беше кога бев сама и немаше кој да ми помогне, па морав да ги храна...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg