Менде Бошевски: „Чувам бурмански питон, долг 2 метри, возрасна змија јаде само 7 - 8 пати годишно“

Со што се хранат змиите? Пијат ли вода?

Се хранат со глодари и птици.

mende-boshevski-chuvam-burmanski-piton-dolg-2-metri-vozrasna-zmija-jade-samo-7-8-pati-godishno-06.jpg

Си имал ли некој немил настан со нив?

Немил настан имав кога ми избега една змија во гаражата и моите се плашеа да влезат во гаража. Инаку, сум бил каснат од змија повеќепати.

mende-boshevski-chuvam-burmanski-piton-dolg-2-metri-vozrasna-zmija-jade-samo-7-8-pati-godishno-05.jpg

Сакаат ли галење?

Не сакаат галење, но не ни мразат. Тие немаат таков мозок да размислуваат.

На пример доколку е нахранета и им дадете зајак, птица или глушец за некое време, змијата нема да ги убие за да се одбрани, ќе ги убие само ако е гладна за да се нахрани.

mende-boshevski-chuvam-burmanski-piton-dolg-2-metri-vozrasna-zmija-jade-samo-7-8-pati-godishno-04.jpg

Змијата како домашен миленик ти се допаѓа затоа што…

Мислам дека ми се допаѓа затоа што ми дава некакво чувство на слобода. Ги сакам сите животни, но најмногу ме интересираат змиите и гуштерите.

mende-boshevski-chuvam-burmanski-piton-dolg-2-metri-vozrasna-zmija-jade-samo-7-8-pati-godishno-07.jpg

Што би им препорачал на вљубениците во змии, дали се соодветни за домашни миленици? Познаваш ли некој друг што чува?

Да, имам многу пријатели што чуваат змии. И интересно е што за змиите повеќе се интересираат девојките.

Честопати сме сведоци како куче убило сопственик, исто така и бурмански питон од 5 метра може да убие човек, како и човекот човек, но најголемата вина се нафрлува на змиите, а статистиката во светот не го докажува истото.

Стравот од змиите е стекнат, ние не сме се родиле со него. Децата сакаат змии природно, исто колку кучиња или мачки.

За мене важи дека: „Човекот со својот јазик може да ве повреди повеќе отколку змијата со својот“.

mende-boshevski-chuvam-burmanski-piton-dolg-2-metri-vozrasna-zmija-jade-samo-7-8-pati-godishno-03.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Давид (Јанг Дади) за CRNOBELO лексикон: „Откачувам на 'Лична карта' во кафеана“ „Еднаш земав да се бричам со на татко ми бричот на мои 3-4 години, и останатото ...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Ракометарот Филип Лазаров за родното Свети Николе: „Таму и денес со другарите од детството играм бас... „Нашата куќа беше во близина на кошаркарското игралиште, па додека татко ми седе...
Влатко Тасевски, сликар: „Црпам инспирација од секојдневниот живот, претпочитам да сликам навечер“ „Долго време, моите уметнички определби беа скриени како хоби. Луѓето, навикнати...
Жртва на сексуално насилство, булинг, злоупотребување од родител: Со Кирил Ангелов за „Безсловен“ Го помнам денот кога Кире дојде во нашата канцеларија и рече: „Сакам да зборувам...
Симона Николова (31) живее со ретка болест од дете: „Ретко излегувам од дома, но не се откажувам од ... „Тешко е да се живее со оваа болест, многу тешко, ужасно.Ретко излегувам затоа ш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg