Даријан Стојаноски: „Изгубив работа, имав долгови, настапија анксиозноста и депресијата, но си пронајдов лек“

„За првпат анксиозноста започна да се појавува по првата забрана на движење со почетокот на пандемијата. Почнаа да ми се појавуваат чудни чувства. Се однесував уште почудно и кон самиот себе. Дополнителен тригер ми беа тогашните закани на работа, мобингот кој беше вршен врз мене. А воедно и губењето на втората работа во Германија поради пандемијата, и тоа што не можев да си ја видам фамилијата, пријателите. Поради тогашната настаната ситуација добивавме 60-70% од платата. Некако почнаа да се натрупуваат долгови и минуси, кредити. Не знаев како да врзам крај со крај...“, ја започнува приказната Даријан Стојаноски (33) за CRNOBELO.com и открива како се изборил со ситуацијата.

intervju-so-darijan-stojanoski-personalen-trener-po-kalistenika-negovata-bitka-so-anksioznosta-panichnite-napadi-i-depresijata-01.jpg

Даријан Стојаноски (33) нутриционист и персонален тренер по калистеника, е Македонец, кој живее и работи во Германија веќе неколку години. Кариерата како персонален тренер ја започнал пред десет години, и моментално врши и онлајн консултации и тренинзи со клиенти од целиот свет. 

Даријан Стојаноски за CRNOBELO.com открива како се справува со анксиозноста, паничните напади и депресијата, кои му се појавиле со почетокот на пандемијата...

Кога почнаа да се појавуваат првите знаци на анксиозност, панични напади и депресија? Дали се сеќаваш кој беше првичниот тригер? Кои беа причините? 

За првпат анксиозноста започна да се појавува после првата забрана на движење и затворање на сите објекти со почетокот на пандемијата. Почнаа да ми се појавуваат чудни чувства. Се однесував уште почудно и кон самиот себе. 

Почнав да внесувам храна која воопшто не ја консумирав претходно. Почнав да избегнувам да се грижам за моето тело, дух, менталното здравје. 

На некој начин се залажував самиот себе, си велев ајде ќе помине утре… Па, тоа утре се претвори во една седмица, па седмиците во месеци и на крај се заврши со две години. 

intervju-so-darijan-stojanoski-personalen-trener-po-kalistenika-negovata-bitka-so-anksioznosta-panichnite-napadi-i-depresijata-04.jpeg

Можев сè да направам, но ништо не правев што е здраво, ни за телото, а ни за духот.

Дополнителен тригер ми беа тогашните закани на работа, мобингот кој беше вршен врз мене. А воедно и губењето на втората работа во Германија поради пандемијата, и тоа што не можев да си ја видам фамилијата, пријателите. Поради тогашната настаната ситуација добивавме 60-70% од платата. Некако почнаа да се натрупуваат долгови и минуси, кредити. Не знаев како да врзам крај со крај.

Едноставно немаше крај на сите домино ефекти, кои водеа од лошо во полошо. Не престануваше.  

Помина и пандемијата и рестрикциите, но анксиозноста, депресијата и паничните напади останаа. 

intervju-so-darijan-stojanoski-personalen-trener-po-kalistenika-negovata-bitka-so-anksioznosta-panichnite-napadi-i-depresijata-03.jpeg

Врз кои сфери од животот ти влијаеа најмногу? И на кој начин ти се манифестираа? 

Најмногу од сè ми беше погодено физичкото здравје. Поради тоа што имаш ментални блокади кои се манифестираат од анксиозност, панични напади и депресија, почнува да ти страда и целиот организам. 

Пострадаа и некои меѓучовечки врски. Поради тоа што секој си водеше своја битка, некако контактите ми згаснаа со скоро сите. Бев оставен да се борам со сам себе, исто како и другите. Пријателите си заминуваат, нештата се менуваат, и секој контакт беше сведен на нула. 

Сето тоа ме буткаше во поголема депресија. Почнав да не внимавам што јадам. Почнав да не внимавам што пијам. Животот ми се сведе на тоа да „опстојувам“ од ден на ден, како да „живуркам“ од час на час. И тука веќе сфатив дека не може веќе вака, и дека морам да преземам нешто. 

intervju-so-darijan-stojanoski-personalen-trener-po-kalistenika-negovata-bitka-so-anksioznosta-panichnite-napadi-i-depresijata-05.JPEG

Како се справуваш со анксиозноста, паничните напади и депресијата? Кои техники ги користеше и сѐ уште ги користиш? 

Додека бев во тој црн период, она кое најмногу ми помагаше беше читањето на манга стрипови и книги, гледањето на аниме, и воедно видео игрите. За некој тоа можеби е некој начин да се влезе во уште поголема депресија или трошење време, но за мене тоа беше еден вид на лечење. 

Низ онлајн видео игрите, запознав многу луѓе, кои сега ми се и добри пријатели. Луѓе од различни континенти, од различни култури и позадини. 

Сето тоа ме држеше во некој баланс. Игрите ми беа лек и утеха за да не можам да се насочам на нешто уште подраматично, кое би можело да ме чини и со многу повеќе. 

После тоа, полека почнав да се враќам на медитацијата и на калистениката. И така анксиозноста, паничните напади и депресијата почнаа да исчезнуваат, да се стават под контрола.

Инаку, калистеника (или попозната како уличен тренинг) е назив за вежби кои се состојат од различни моторни движења како што се трчање, стоење, повлекување, туркање, скокање и слично. Тие се изведуваат ритмички и без многу опрема, а во суштина се вежби со сопствената телесна тежина.

Враќањето беше најтешко. Од човек кој правеше по стотици склекови, не можев да направам ни еден. Но, тоа за мене беше предизвик. Предизвик кој ми помогна и физички, а и ментално. 

intervju-so-darijan-stojanoski-personalen-trener-po-kalistenika-negovata-bitka-so-anksioznosta-panichnite-napadi-i-depresijata-06.JPEG

Дали добиваш поддршка и разбирање од твоите пријатели и роднини? 

Да бидам искрен, мојата фамилија не знаеше низ што поминувам. Не сакав да им ставам дополнителна грижа и товар покрај сè што се случуваше со пандемијата. 

Мислам дека сите поминувавме тогаш низ некој свој сопствен пекол. Некои од моите пријатели не ми ни дадоа шанса да можам да споделам, а со останатите (неколку) се обидувавме да се поддржуваме и да си помагаме колку можеме. 

Има некои луѓе кои не можат да поминат низ ваков пекол сами, а има некои кои само така можат да пребродат. Но најважно од сè, е дека треба да се сподели ова, да се разговара со некој кој сака и може да те сослуша. Без оглед на сè, заедно сме посилни. 

https://www.instagram.com/p/BpsiSyBn5Mj/

За жал, во текот на пандемијата, се појавија многу статии за лица кои си го одземале животот поради голем наплив на анксиозност, панични напади и депресија. Сето тоа е недостаток од љубов, другарство, блискост. 

Јас иако не бев во можност да патувам, мојата сестра дојде и ме посети во Германија. Таа ми ја дава најголемата поддршка, и е тука за мене.   

 Intervju-so-Darijan-Stojanoski-personalen-trener-po-kalistenika-negovata-bitka-so-anksioznosta-panichnite-napadi-i-depresijata-06.jpg

Сега откако јавно реши да зборуваш за ова, како се чувствуваш? Дали добиваш поддршка и од луѓето кои не знаеле низ што поминуваш? 

Се чуствувам многу подобро. Сакам да го подигнам гласот и свеста на останатите бидејќи знам дека моментално некој таму е оставен сам на себе, и сакам да помогнам колку можам. Со целото мое акумиулирано знаење. Секој треба да се бори за својот живот. А сите тие кои имаат потреба од разговор, јас сум тука за нив. 

Многу луѓе ми даваат безрезервна поддршка секој ден. И тоа ми дава сила да продолжам понатаму, и да говорам уште повеќе за овие три напасти. Секако, има и од оние злобните кои само сакат да зборуваат, а со тоа зборување да не постигнат ништо.

Но разбирливо е, сите ние лечиме некоја траума. 

Intervju-so-Darijan-Stojanoski-personalen-trener-po-kalistenika-negovata-bitka-so-anksioznosta-panichnite-napadi-i-depresijata-07.jpg

Се чини дека анксиозноста како да достигна некоја кулминација последниве десет години. Зошто мислиш дека тоа е така? 

За ова прашање може книга да се напише. 

Факт е дека најголемите причини се социјалните мрежи, и стандардите за живот кои лажно се презентираат на сите апликации. Имаме посебни стандарди за убавина, стандарди за мода, стандарди за живот и богатство.

Вистинските вредности ретко се презентираат. И сега младите се трудат само да изгледаат добро, а да не работат на себе и за своето ментално здравје. Тоа е погубно.

Образованието некако оди во некоја надолна линија. Не постои некој систем кој би можел ем да работи ментално со децата, ем да претставува вистински вредности. 

Има голема завист кон сите, љубомора, и голема љубов кон материјалното. 

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...
Теа Трајковска за CRNOBELO.com: „Предизвик е да се живее само од музика кај нас“ „Од Златно славејче ги носам едни од најубавите детски спомени. Уште како м...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg