Професор од Гостивар го освои највисокиот балкански врв во Бугарија: „Ниту лошото време не ме спречи да продолжам со подвигот“

Дали се соочивте со одредени предизвици пред да го започнете подвигот?

Пред секој повисок врв постои одредна доза на неизвесност и позитивна трема за она што те очекува, до одредена мера предизивик беа временските прилики, денот (30.07.2022) кој беше предвиден за искачување на највосоката точка на Балканот, не беше многу наклонет, според метеоролошките прогнози се очекуваше електрични празнења и врнежи, но тоа не ме поколеба да одлучам да го искачам врвот Мусала.

profesor-od-gostivar-go-osvoi-najvisokiot-balkanski-vrv-vo-bugarija-nitu-loshoto-vreme-ne-me-sprechi-da-prodolzham-so-podvigot-11.jpg

Дали искачувањето на врвот одеше непречено или се соочивте со одредени проблеми – Кои беа тие?

Немаше посебни проблеми при искачувањето на Мусала, непосредно при слегувањето од Мусала се оствари најавената временската прогноза и започна силен дожд кои малце го забави темпото на движење, камењарите беа многу лизгави и бараше поголема внимателност при симнувањето од врвот, особено во делот каде беа поставани челичните сајли.

profesor-od-gostivar-go-osvoi-najvisokiot-balkanski-vrv-vo-bugarija-nitu-loshoto-vreme-ne-me-sprechi-da-prodolzham-so-podvigot-10.jpg

Што е она што најмногу ви остави впечаток за време на искачувањето?

Најголем впечаток од оваа планинарска рута беше преубавите уникатни пејсажи кои ги нудат алпските врвови кои го одземаат здивот, големиот број глацијални езера кои ги нуди планината Рила.

Рила е уникатна планина по многу нешта, Рила ја нарекуваат водната планина затоа што располага со најголем број на глацијални езера на Балканот и има голем број минерални извори, при искачувањето до врвот Мусала се поминуват голем број езера тоа е едно од многуте впечатоци кои можам да ги издвојам.

profesor-od-gostivar-go-osvoi-najvisokiot-balkanski-vrv-vo-bugarija-nitu-loshoto-vreme-ne-me-sprechi-da-prodolzham-so-podvigot-05.jpg

Што би им препорачале на оние што би сакале во иднина да се упатат кон највисокиот врв на Балканот?

Сакам да ги охрабрам сите планинари кои сакаат да се искачат на Мусала, да не се двоумат, доколку се чуствуваат спремни и сакаат да уживаат на планината Рила да го направат тоа.

profesor-od-gostivar-go-osvoi-najvisokiot-balkanski-vrv-vo-bugarija-nitu-loshoto-vreme-ne-me-sprechi-da-prodolzham-so-podvigot-07.jpg

Кои се вашите идни планови – На кој врв следно планирате да го развеете македонското знаме?

Планови имам многу, но би сакал во следниве години да ги искачам повисоките врвови на Балканот како што се Митикас, Вихрен, Триглав а потоа да се обидам да го искачам највисокиот врв во Европа-Мон Блан.

Повеќе фотографии во продолжение:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Дарко Илиевски за татковството: „Синот првата ноќ по раѓањето беше на мониторинг - јас не му ја испу... „За синот Матео, идејата за името беше на сопругата, а неговото средно име го из...
Барбара Поповиќ за CRNOBELО: „Имам италијански корени, ќе пеам на Сан Ремо“ „Од македонските музичари најблиска сум со Иван Јованов од Либеро бенд. Тој ми е...
Кристина од Скопје чува британски кратковлакнест мачор: „Оваа раса е одлична со деца, се продаваат п... „Кога моите близнаци беа мали, спиеше на ќош на кревет за едната шепа да му е во...
Успешни мајка и ќерка: Катарина има врвни тениски успеси, а мајка ѝ Слаѓана е жена претприемач „Мојата мајка е столбот кој стои зад секој мој успех. Таа секогаш се грижеше да ...
Успешни Македонци низ светот: Лорета и Петре Стојановски 45 години имаат свој ресторан во Англија „Работиме напорно, но горди сме што имаме да им оставиме нешто на децата“ – вели...
Дарко Коцев (29) е гајдаџија во Германија: „Свирам на свадби и веселби, заработката е солидна“ „Ги свирам сите македонски народни инструменти, но сепак, во Македонија сум преп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg