Ели (26) од Гевгелија: „Додека работев на Канарските Острови ми дојде идејата за свој бизнис“
Тргнувајќи од самата себе, и хаосот во чантата за плажа кога треба да се пронајдат клучевите, паричникот, пасошот и така натаму, решив да го проширам асортиманот со мали чантички, кои одлично се вклопуваат во целокупниот стил и сетовите за плажа од мојот асортиман на производи.
Кога сме кај нешто поразлично од вообичаеното, сакав девојките да си дозволат летно уживање со елеганција и префинетост и со „oversized“ екстравагантниот стил на шешири, којшто започна да се шири и да прави вистински „бум“ од 2018 наваму, при што го воведов во моите производи минатата година.
Времето за изработка на еден производ е околу еден час, меѓутоа генерално зависи од тоа што треба да биде изработено, колку е долг зборот, што треба да се напише, дали има потреба од симболи или цветови и слично.
Во однос за креативноста на изработките, мора да признаам дека е доста застапена и од страна на клиентите, најчесто бараат да биде напишано сопствено име, презиме или иницијали како и зборови што потсетуваат на лето и патување sunshine, traveling, bon voyage, aquaholic, do not disturb, out of office итн.
Почесто добивам и нарачки за несекојдневните моменти на девојките, каде што преку текст на персонализиран производ сакаат да соопштат убави вести како што е baby on board…
Една од најинтересните изработки беше нарачка од страна на момче коешто планираше да ја запроси девојката на летниот одмор, па сакаше на шеширот да биде напишано I said YES!“