Мики Маркоски работи на ранч со коњи во Љубаништа: „Бегав од училиште за да минувам време со мојот коњ“

„Се случувало да имам повреди од паѓање од коњ, или да сум гризнат, или пак удрен. Но, со секое нешто учиш како не треба. Животното никогаш не смееш да го ставиш како главен виновник. Реагира инстинктивно на твои постапки, бидејќи нели не може да зборува. Имав кобила со која го делев и доброто и лошото цел мој досегашен живот. Беше стара околу 30тина години, и оваа година ја успавме бидејќи тешко се разболе. Ми беше тешко, неописливо многу…“, раскажува Мики Маркоски (21) од Кичево, кој работи на ранч во Љубаништа и вели дека пливањето со коњ е неописливо искуство.

miki-markoski-raboti-na-ranch-so-konji-vo-ljubanishta-begav-od-uchilishte-za-da-minuvam-vreme-so-mojot-konj-01.jpg

Мики Маркоски (21), по потекло е од Кичево, неговото семејство уште живее таму, но тој веќе подолго време живее во Љубаништа, Охрид. Студира на Педагошкиот факултет во Скопје, но најголема љубов му се коњите и токму тие се негова професија.

miki-markoski-raboti-na-ranch-so-konji-vo-ljubanishta-begav-od-uchilishte-za-da-minuvam-vreme-so-mojot-konj-001.jpg

Работи на ранч во Љубаништа, каде постојано се грижи за нив, ги храни и негува, а води и тури со туристи. Веќе ви го споменав во мојата репортажа за Охрид и најубавите места таму и најубавите места таму...

miki-markoski-raboti-na-ranch-so-konji-vo-ljubanishta-begav-od-uchilishte-za-da-minuvam-vreme-so-mojot-konj-001.jpg

Прочитајте и „Бев во Охрид, со глисер крстарев по крајбрежјето, јавав коњи, го посетив магичниот манастир Заум – бесценето искуство“

Toj за CRNOBELO.com говори за љубовта кон коњите, но и за неговите искуства со нив...

Како се вљуби во коњите? На колку години првпат се качи на коњ?

Уште од најрана возраст сум околу коњи, не само јас, туку и мојата фамилија. Чуваме коњи од кога знам за себе, и не сум сигурен кога за првпат се имам качено на коњ. Бидејќи не се сеќавам, сигурно било многу одамна.

Би рекол на 6-годишна возраст, но можно е и порано.

miki-markoski-raboti-na-ranch-so-konji-vo-ljubanishta-begav-od-uchilishte-za-da-minuvam-vreme-so-mojot-konj-06.jpg

Имаше ли страв? Како научи да комуницираш со коњите до степен што денес имаш доверба да застанеш исправен на некои од нив?

За да воспоставиш контакт со овие животни и да се чувствуваш сигурно, најпрво мора да ги победиш стравовите. Стравот е нешто кое би било пречка во остварувањето на близина со коњот.

Доколку ти се чувствуваш несигурно, тој го чувствува тоа. Мислам дека, ако имаш доволно искрена љубов и желба кон овие животни, многу полесно би се справил со сè.

Секако, потребни се години искуство и многу време поминато со нив.

miki-markoski-raboti-na-ranch-so-konji-vo-ljubanishta-begav-od-uchilishte-za-da-minuvam-vreme-so-mojot-konj-09.jpg

Што значи секојдневно да работиш и да се грижиш за коњи? Кои ти се најубавите мигови досега?

Да правиш нешто кое максимално те исполнува, нешто кое ти дава позитива и во најтешките ситуации кои секако се неизбежни, е среќа. Јас буквално така се чувствувам кога сум со нив.

Убави ситуации има секогаш, ама како посебен момент би го издвоил пливањето во вода со коњ.

miki-markoski-raboti-na-ranch-so-konji-vo-ljubanishta-begav-od-uchilishte-za-da-minuvam-vreme-so-mojot-konj-20.jpg

Тоа е нешто кое отсекогаш сум го гледал на филм, или на фотографии и потајно сум посакувал да се исполни. Неописливо е чувството.

miki-markoski-raboti-na-ranch-so-konji-vo-ljubanishta-begav-od-uchilishte-za-da-minuvam-vreme-so-mojot-konj-13.jpg

Кои ти се најтешките/најтажните ситуации досега?

Викаат доброто и лошото често заедно одат. Па, така и тука …

Се случувало да имам повреди од паѓање од коњ, или да сум гризнат, или пак удрен. Но, со секое нешто учиш како не треба.

Животното никогаш не смееш да го ставиш како главен виновник. Реагира инстинктивно на твои постапки, бидејќи нели не може да зборува и покажува на дело.

Имав кобила со која го делев и доброто и лошото цел мој досегашен живот. Беше стара околу 30тина години, и оваа година ја успавме бидејќи тешко се разболе. Ветеринарите не понудија ниту една друга алтернатива, немавме избор.

Ми беше тешко, неописливо многу. Но, сум среќен што долго проживеа и имав можност да израснам токму со неа.

miki-markoski-raboti-na-ranch-so-konji-vo-ljubanishta-begav-od-uchilishte-za-da-minuvam-vreme-so-mojot-konj-002.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Марија од Радовиш 10 години е во количка: „Не дозволив тоа да ми е пречка во животот - возам АТВ, ма... „Мобилноста ја изгубив како последица на тешка сообраќајна несреќа. Пред по...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Емра Куртишова: „Лена уште во стомакот реагираше на гласот на татко ѝ, а сега се топи кога тој ќе ѝ ... „Ликот на Исаура ми фали премногу. Навистина ми е жал што успеав да снимам само ...
Миа од Скопје игра во серијата „Балканска приказна“: „Сама го научив јазикот, имав само половина час... „На снимањето имаше околу 50 луѓе коишто работат зад камерата, се бара највисоко...
Инспиративна жена: Сузана е адвокат од Скопје, вљубеничка во трчањето и дама со став Таа е самоуверена жена со јасно изградени ставови, кои без проблем ги изнесува п...
Бразилецот Клаудио за посетата во Македонија: „Македонките се преубави, таксистите наплаќаат трипати... „Локалците, кои јас ги запознав, се навистина заинтересирани за странци, посебно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg