Александар Маркоски: „Со велосипед поминав 11 земји и извозев 3.800km за 76 дена - спиев во шатор, хостели и хотели“
Каква опрема имаше со себе?
Како долгогодишен планинар и вљубеник во природата опремата која ја поседував за кампување можев да ја искористам и на ова патување, но се разбира потребни се некои адаптации со оглед потребите и можностите за ова патување.
Велосипедот VSF TX Randonneur (крос/гравел) беше натоварен со 5 чанти, две напред, три назад со вкупна тежина со од околу 60kg.
Со себе имав опрема за кампување (шатор, вреќа, душек, кампинг столче), готвење, хигиена, соларни панели, фото опрема, дрон, функционална облека, опрема за дожд и многу други ситници. Сето тоа ми ја дава слободата да можам да останам повеќе од една недела во природа, без потребата да бидам зависен од цивилизација.
Најубавите глетки ги виде во...
Очите на луѓето наспроти мене, кои ги среќавав по пат.
Која авантура си ја посакуваш во иднина?
Размислувам за Норд Кап (Норвешка), можеби Нов Зеланд или Јапонија.
Повеќе фотографии од велосипедската авантура на Александар:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело