Љубовната приказна на Елена од Скопје и колумбискиот фудбалер Себастиан: „Ме запроси во Колумбија, а се венчавме во Македонија“
- Детали
- четврток, 02 јуни 2022
„Се запознавме пред 4 години во Скопје сосема случајно, благодарение на една моја другарка од детството. Спонтаноста навестуваше интересна љубовна врска. Оттогаш сме неразделни, а по четири среќни заеднички години, Себастиан ме запроси на декември 2021 година во неговата родна Колумбија“, раскажува Елена Пешевска (27) од Скопје за љубовта со фудбалерот Себастиан Херера Кардона (27).
Елена Пешевска (27) од Скопје, средното образование го завршила во гимназијата „Јосип Броз Тито“, а студирала на Филолошкиот факултет во Скопје, моментално работи на преведување од шпански на англиски јазик.
Себастиан Херера Кардона (27) е роден во Bello Antioquia во Колумбија. Со фудбал се занимава од својата осма година, а професионалната кариера ја започнал во колумбискиот клуб Deportivo Pereira.
По две години дошол во Македонија за да игра за клубот на романтичарите ФК Работнички каде останува сè до 2020 година, кога заминува во Будимпешта да ја продолжи својата фудбалска кариера во клубот МТК Budapest.
Токму во Македонија тој ја запознава љубовта на својот живот – Елена.
По 4 години врска, неодамна парот со свадбена церемонија во Скопје си вети љубов до крајот на животот.
Елена споделува детали за нивната љубовна приказна за CRNOBELO.com:
„Се запознавме пред 4 години во Скопје сосема случајно, благодарение на мојата другарка од детство Вероника Батиќ.
Спонтаноста навестуваше интересна љубовна врска. Оттогаш сме неразделни, а краткиот период кога моравме да бидеме на далечина минуваше навистина бавно.
По четири среќни заеднички години, Себастиан ме запроси на 27.12.2021 година во Guatape, Колумбија. Со задоволство прифатив и го кажав судбоносното „да“.
Се регистриравме на 20.05.2022 година, момент кој го обележавме со најмилите роднини и пријатели, и по тој повод за првпат во Македонија допатува најблиското семејство на Себастиан. Веселбата се одржа во природен амбиент во ресторан во Долно Соње.
Со оглед на огромната разлика во културата, навиките и јазикот на нашите две семејства, тие добро се прифатија и разбираа.
Македонија со својата убавина, љубезност, гостопримство, прекрасни јадења ги воодушеви Колумбијците. Сепак, морам да нагласам дека Колумбија е убава и пријатна земја со многу ретки природни богатства, добра храна, добра музика.