Браво! Македонец смисли апликација со која нашата држава ќе биде почисто и поздраво место за живот
Која земја во светот ти е пример за добро селектирање на отпад и на која ние како држава треба да се угледаме?
Скоро сите западноевропски земји го имаат донесено селектирањето и собирањето отпад на многу високо ниво. Од која и да гледаме пример нема да згрешиме.
Зошто луѓето треба да селектираат и рециклираат отпад?
Треба да селектираме затоа што еднаш смешаниот отпад не може повеќе да се рециклира. Со тоа што го селектираме отпадот директно придонесуваме до намалување на отпадот на депониите, кои за жал кај нас горат секојдневно.
Така со селектирање не само што помагаме во чиста животна средина, туку правиме значителен придонес за почист воздух.
Дали полека се поткрева јавната свест на граѓаните?
Секојдневно расте бројот на корисници на „Селектирај отпад“ што особено нè радува и тоа е доказ дека се подига свеста за селектирање отпад.
Дали ти селектираш отпад? Ти одзема ли многу време?
Да, селектирам. Не одзема време напротив, можеби на почетокот е малку чудно, но потоа се креира една здрава навика која го олеснува процесот на исфрлање отпад секојдневно.
Ако го земам предвид времето пред да селектирам, секојдневно фрлав ќеса со отпад во контејнер, сега тоа е намалено на два до трипати во седмицата. Со селектирање го намалуваме отпадот во контејнерите за 60-70%.
На сите им препорачувам да се обидат. Зошто сите заедно да не ја направиме Македонија почисто и поздраво место за живот?
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело