Браво! Македонец смисли апликација со која нашата држава ќе биде почисто и поздраво место за живот

Која земја во светот ти е пример за добро селектирање на отпад и на која ние како држава треба да се угледаме?

Скоро сите западноевропски земји го имаат донесено селектирањето и собирањето отпад на многу високо ниво. Од која и да гледаме пример нема да згрешиме.

bravo-makedonec-smisli-aplikacija-so-koja-nashata-drzhava-kje-bide-pochisto-i-pozdravo-mesto-za-zhivot-07.jpg

Зошто луѓето треба да селектираат и рециклираат отпад?

Треба да селектираме затоа што еднаш смешаниот отпад не може повеќе да се рециклира. Со тоа што го селектираме отпадот директно придонесуваме до намалување на отпадот на депониите, кои за жал кај нас горат секојдневно.

Така со селектирање не само што помагаме во чиста животна средина, туку правиме значителен придонес  за почист воздух.

bravo-makedonec-smisli-aplikacija-so-koja-nashata-drzhava-kje-bide-pochisto-i-pozdravo-mesto-za-zhivot-02_1.jpg

Дали полека се поткрева јавната свест на граѓаните?

Секојдневно расте бројот на корисници на „Селектирај отпад“ што особено нè радува и тоа е доказ дека се подига свеста за селектирање отпад.

bravo-makedonec-smisli-aplikacija-so-koja-nashata-drzhava-kje-bide-pochisto-i-pozdravo-mesto-za-zhivot-03_1.jpg

Дали ти селектираш отпад? Ти одзема ли многу време?

Да, селектирам. Не одзема време напротив, можеби на почетокот е малку чудно, но потоа се креира една здрава навика која го олеснува процесот на исфрлање отпад секојдневно.

Ако го земам предвид времето пред  да селектирам, секојдневно фрлав ќеса со отпад во контејнер, сега тоа е намалено на два до трипати во седмицата. Со селектирање го намалуваме отпадот во контејнерите за 60-70%.

На сите им препорачувам да се обидат. Зошто сите заедно да не ја направиме Македонија почисто и поздраво место за живот?

bravo-makedonec-smisli-aplikacija-so-koja-nashata-drzhava-kje-bide-pochisto-i-pozdravo-mesto-za-zhivot-04_1.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Благица Зикова, мајката на штипската четворка: „Трошиме по 25 пелени на ден, бебињата се мирни и спи... „Најтешко ми беше кога бев сама и немаше кој да ми помогне, па морав да ги храна...
Теа Трајковска за CRNOBELO.com: „Предизвик е да се живее само од музика кај нас“ „Од Златно славејче ги носам едни од најубавите детски спомени. Уште како м...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
„Прљаво казалиште“ за CRNOBELO: „Во Прилеп скршив рака, тоа е ‘спомен’ од Македонија што ќе го памта... „Песната Marina е наша 'лична карта' последниве години. Уште пред концерт н...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg