Наталија од Охрид чува зајак: „Бани е дресиран и надвор од кафез, но неправилно кревање може да биде кобно - многу се нежни“

Може ли и зајачињата да се дресираат за добри хигиенски навики, сте имале ли некоја непријатна ситуација со тоа?

Многу важно е да напоменам дека Бани е дресиран исто како кученце, точно знае каде треба да ги извршува своите физиолошки потреби.

Ми требаше неколку недели да го научам што каде стои, искрено беше предизвик имајќи во предвид дека зборуваме за зајак, а не за куче, сепак мисијата ни беше успешна.

Зајачињата не се животни кои се капат, тие сами се грижат за својата хигиена, нешто слично како мачките. Па во тој поглед немаме никаков проблем.

natalija-od-ohrid-chuva-zajak-bani-e-dresiran-i-nadvor-od-kafez-no-nepravilno-krevanje-mozhe-da-bide-kobno-mnogu-se-nezhni-06.jpg

Дали навистина зајачињата се многу нежни за чување и колку им е животниот век?

Зајко е едно од најнежните домашни животинки, се работи за животно со малечко срценце.

Често умираат од неправилна исхрана, стрес, склони се кон болести, неправилно кревање или ненамерно малтретирање.

Ако грижата е правилна животниот век на зајачињата е од 10 до 14 години.

Се надевам дека со Бани ќе успееме да докажеме дека може да го надживее тоа.

natalija-od-ohrid-chuva-zajak-bani-e-dresiran-i-nadvor-od-kafez-no-nepravilno-krevanje-mozhe-da-bide-kobno-mnogu-se-nezhni-08.jpg

Како реагира зајачето кога ви доаѓаат гости? Постојат ли правила што смеат, а што не смеат да прават гостите кога станува збор за односот кон него?

Во однос на тоа колку Бани сака луѓе немаме никаков проблем.

Доколку се собереме големо друштво знае да оди во својата соба па по некое време да ни се придружи, ќе ги обележи и издушка сите и ќе си легне до нас.

natalija-od-ohrid-chuva-zajak-bani-e-dresiran-i-nadvor-od-kafez-no-nepravilno-krevanje-mozhe-da-bide-kobno-mnogu-se-nezhni-09.jpg

Со што се храни зајачето? Колку пати дневно е потребно да му подготвите оброк и со што најчесто го храните?

Бани јаде исклучиво храна наменета за зајачиња, пелети (пресована трева).

Во однос на дозирањето сам одлучува колку јаде.

Многу интересно е што колку и да му ставиме во тањирчето јади само онолку колку што му е потребно.

Она што плус му го даваме во многу мала количина се банана (и дефинитивно омилено), јаболко, краставичка.

natalija-od-ohrid-chuva-zajak-bani-e-dresiran-i-nadvor-od-kafez-no-nepravilno-krevanje-mozhe-da-bide-kobno-mnogu-se-nezhni-10.jpg

Дали сте имале некој немил настан со зајачето?

Оххх, искрено сме биле неколку пати во ситуација да завршиме на ветеринар, и секако нормално со оглед на тоа што веќе 7 години го имаме дома.

Секогаш се работело за нешто не толку сериозно.

natalija-od-ohrid-chuva-zajak-bani-e-dresiran-i-nadvor-od-kafez-no-nepravilno-krevanje-mozhe-da-bide-kobno-mnogu-se-nezhni-12.jpg

Сака ли галење? Кој член од семејството му посветува најмногу внимание?

Бани ми се чини дека е создаден само за некој да го гали, да јаде бананчиња и да си лежи до тебе. Мислам дека сите сме многу приврзани за него, ако кажам дека јас најмногу го галам тогаш сопругот со сигурност би се побунил (хаха).

Па морам да кажам еднакво. Секоја вечер си легнува до нас и заедно гледаме филм, додека ручаме стои под столицата, а додека сопругот работи во неговата канцеларија обавезно дел од денот го поминува со него.

Всушност зајачињата доста се приврзуваат за сопствениците па сакаат да бидат во нивна близина.

natalija-od-ohrid-chuva-zajak-bani-e-dresiran-i-nadvor-od-kafez-no-nepravilno-krevanje-mozhe-da-bide-kobno-mnogu-se-nezhni-25.jpg

Зошто ви се допаѓа зајачето како домашен миленик?

Многу интересно прашање. Искрено јас сакам многу животни, многуууу.

Но, кога се работеше за зајко јас имав неизмерно голема желба да го имам дома.

Како несекојдневен миленк и предизвик да дресирање сакав зајаче кое ќе ми живее дома. Желбата која ја имав три години ми ја исполни сопругот. И најубавиот поклон што сум го добила.

natalija-od-ohrid-chuva-zajak-bani-e-dresiran-i-nadvor-od-kafez-no-nepravilno-krevanje-mozhe-da-bide-kobno-mnogu-se-nezhni-23.jpg

 На што треба да бидат подготвени сите доколку размислуваат да вдомат ваков миленик?

За сите оние кои сакаат миленик, а тоа да е зајаче морам да напоменам дека е предизвик. Сметам дека кога веќе некој се одлучил да чува миленик треба да е подготвен за одговорноста која ќе ја има за него.

Она што многу ги буни луѓето е тоа дали зајачињата мирисаат. Зајакот не мириса, тие се почисти од нас.

Она што мириса е пилевината доколку не се грижите за неа. Навремено менување на пилевина, водичка и храна достапна 24 саати, носење на контрола на ветеринар, и едно од најважните за здраво и среќно зајаче е многу галење.

natalija-od-ohrid-chuva-zajak-bani-e-dresiran-i-nadvor-od-kafez-no-nepravilno-krevanje-mozhe-da-bide-kobno-mnogu-se-nezhni-22.jpg

Уште фотографии од Бани на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Скопјанката Марија чува бенгалска мачка: „Се продаваат и по 1.400 евра, но јас ја вдомив бесплатно“ „Бенгалите се хибрид од домашни и азиско леопардски мачки. Изгледаат како вообич...
Давид (Јанг Дади) за CRNOBELO лексикон: „Откачувам на 'Лична карта' во кафеана“ „Еднаш земав да се бричам со на татко ми бричот на мои 3-4 години, и останатото ...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...
Кристина од Скопје чува британски кратковлакнест мачор: „Оваа раса е одлична со деца, се продаваат п... „Кога моите близнаци беа мали, спиеше на ќош на кревет за едната шепа да му е во...
Ангела од Охрид е докторка со страст за животот - свири клавир, вежба и обожава патувања (фото) „И покрај тоа што потекнувам од докторска фамилија, мајка специјалист педијатар ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg