Верче Атанасова: „Добив дијагноза рак на 31 година, мојот 12-годишен син со солзи во очите ме молеше да издржам“

Што ти падна најтешко во текот на целиот процес?

Најтешко ми беше додека ги примав хемотерапиите, бев вкочанета со многу јаки болки. Некоја невидлива сила ме влечеше така слаба и истоштена, ме држеше во нејзините канџи.

Често пати си помислував зошто баш сега во најубавите години од животот болеста ме покоси толку ненадејно и агресивно. Жалосно беше да ги гледаш луѓето кои ги сакаш како се измачуваат заедно со тебе, особено син ми. Често пати ќе се погледнев во огледало гледав друга жена и си мислев како ракот си го зема својот данок.

verche-atanasova-dobiv-dijagnoza-rak-na-31-godina-mojot-12-godishen-sin-so-solzi-vo-ochite-me-moleshe-da-izdrzham-06.jpg

Секој ги води животните битки на свој начин, како ја водеше ти твојата? Која работа ти беше издувен вентил и ти даваше енергија да го издржиш?

Секоја можна минута, се разбира кога бев добро, ја поминував со фамилијата, син ми, братучедите и братучетките, со пријателите и се трудев да бидам многу силна во тие тешки моменти.

verche-atanasova-dobiv-dijagnoza-rak-na-31-godina-mojot-12-godishen-sin-so-solzi-vo-ochite-me-moleshe-da-izdrzham-09.jpg

Најдобриот совет што ти го дадоа за процесот на лекување е…

Најдобриот совет го добив од мојот најдобар доктор онколог што секогаш несебично се залагаше за мене и секогаш ќе му бидам благодарна за тоа. Никогаш нема да ги заборавам неговите зборови дека после ракот има живот и после сета оваа тешка борба навистина доаѓаат убавите денови.

verche-atanasova-dobiv-dijagnoza-rak-na-31-godina-mojot-12-godishen-sin-so-solzi-vo-ochite-me-moleshe-da-izdrzham-08.jpg

Сметаш ли дека болеста те направи посилна?

Да, животот ме направи борец и сега веќе гледам појасно на работите. Му благодарам на Бог што ми даде нова шанса. Шанса која ќе ја искористам за да станам многу подобар човек, да простувам и да сакам повеќе. Да помагам колку можам на секој кој се соочува со оваа болест.

Бев сигурна во себе и знаев дека најубавото допрва ќе дојде и сè што поминав јас и мојата фамилија – болката, страдањата и голготите се само шлаканицата што ја добив од животот. Шлаканицата што ме скрши на милион парчиња, но и ме освести во друга личност која се наведна да си ги собере дел по дел сите нејзини делови, да се состави во личност која не се плаши да живее и ќе се стреми за подобро утре за неа и нејзината фамилија.

verche-atanasova-dobiv-dijagnoza-rak-na-31-godina-mojot-12-godishen-sin-so-solzi-vo-ochite-me-moleshe-da-izdrzham-07.jpg

Направи ли промени во исхраната? Како изгледа твоето дневно мени?

Многу зеленчук и овошје, сокови и многу вода, смути и салати се секојдневниот начин на живот, како и пешачењето и планините и планинскиот воздух.

verche-atanasova-dobiv-dijagnoza-rak-na-31-godina-mojot-12-godishen-sin-so-solzi-vo-ochite-me-moleshe-da-izdrzham-12.jpg

Што друго промени во начинот на живот?

Ги исфрлив сите негативности што мислам дека би можеле да влијаат врз мене и моето здравје и трошам многу повеќе енергија на луѓе кои ме сакаат и почитуваат и го живеам секој ден со полн здив.

verche-atanasova-dobiv-dijagnoza-rak-na-31-godina-mojot-12-godishen-sin-so-solzi-vo-ochite-me-moleshe-da-izdrzham-18.jpg

Колку ти се промени погледот на светот и на работите од секојдневието? Дали навистина луѓето не ги ценат малите работи од секојдневието?

Работите за кои пред некое време не ги забележував сега изгледаат многу значајни.

Повеќе не ми е важно дали некој ме сака или не. Се сакам себеси повеќе од кога било со сите мои лузни и недостатоци затоа што тие ме прават тоа што сум.

verche-atanasova-dobiv-dijagnoza-rak-na-31-godina-mojot-12-godishen-sin-so-solzi-vo-ochite-me-moleshe-da-izdrzham-20.jpg

Порака до сите што во моментот минуваат низ истото…

Животот може да се живее после сите тие трауми. Да, животот продолжува.

Ја добив шансата наречена ЖИВОТ! Нема ништо поскапоцено од тоа. Верувајте во себе и запомнете Господ најголемите битки им ги дава на неговите најголеми борци.

Повеќе фотографии некогаш vs. сега од Верче на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Александра Јорева Михајловски за ракот на матка: „Сопругот ми беше поддршка, синот сам на интернет д... „Син ми Максим, кога по последната хемотерапија виде дека косата ми расте и не п...
Србинката Горана љубовта ја донесе во Македонија: „Веќе 13 години Скопје ми е дом, тука ми се родија... „Во Македонија дојдов на одмор, со братучетка ми бевме во Охрид и таму го запозн...
Шришти Апурва од Индија живее 3 години во Македонија: „На почетокот ми пречеше што луѓето ме зјапаат... „Обожавам бурек и ајвар, но и да јадам баничка од пекарница во Скопје во 2 часот...
Д-р Дева Петрова, онколог: „Најмладата пациентка со рак на дојка ми била 18-годишна, не сите се леча... „Најтешкиот дел ми е кога морам да соопштам дека за жал и покрај сите напори, бо...
По ампутацијата на двете нозе, Златко од Виница повторно вози автомобил: „Командите се на воланот, о... „Земав часови за возење со рачни контроли за гас и сопирачка. Воопшто не ги кори...
Мила ја живее својата есенска бајка во Орешани - со чајчиња со цимет, верверички и зимница (фото) „Според мене сите годишни времиња е поубаво да ги доживееш на село отколку во гр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg