Јулијана Тодорова: „Чувам змија 4 години, ја хранам со глувци – не е отровна“

„Змијата Фросина има денови кога е нервозна и тоа се чувствува, а има денови кога сака да се умотува околу нас и да се гали на некој начин“, вели Јулијана од Скопје, која покрај змија чува и гуштер од видот Леопард Геко.

julijana-todorova-chuvam-zmija-4-godini-ja-hranam-so-gluvci-ne-e-otrovna-01.jpg

Јулијана Тодорова (41) од Скопје работи како раководител на оддел за човечки ресурси, а во слободно време сака да се релаксира со своите миленици змијата Фросина и гуштерот Наполеон.

Вели дека отсекогаш била вљубеник во егзотичните животни и дека грижата за нив ѝ е уживање.

Таа за CRNOBELO.com открива како се грижи за нив и какви навики имаат во секојдневието:

Како се одлучивте да чувате змија и гуштер како домашни миленици? Имаше ли некој член од семејството кој првенствено беше против?

Нашето семејство брои три члена, јас мојот син Марко Тодоров и мојата ќерка Миа Тодорова. Најпрво имавме куче од расата питбул и папагал нимфа (Кристина).

Желбата за егзотични миленици беше заедничка, како и одлуката за купување на истите.

Најпрво, мојот син го купи гуштерот (Наполеон), а потоа заедно двајцата за мојот роденден ми ја купија змијата, која си ја крстивме Фросина.

julijana-todorova-chuvam-zmija-4-godini-ja-hranam-so-gluvci-ne-e-otrovna-02.jpg

Како реагираат луѓето на вашите миленици?

Со секоја наша објава на социјалните мрежи од кое било милениче имаме лавина од коментари, најчесто се изненадени од нашата желба за такви миленици.

Има некои воодушевени кои сакаат да нè посетат во нашиот дом како и многубројни кои велат дека никогаш не би дошле кај нас на гости и секако безброј прашања.

Како реагираат милениците кога ви доаѓаат гости? Постојат ли правила што смеат, а што не смеат да прават гостите кога станува збор за односот кон милениците?

Најпрво нашите гости имаат желба да ги видат од далеку, потоа сакаат да ги допрат, а на крајот многу од нив пресреќни се сликаат за спомен или за објава на социјалните мрежи.

Правила секако не постојат, но ние им кажуваме како да ги држат за да не ги вознемируваат.

Инаку, сами по себе не реагираат никако, бидејќи најчесто се скриени во своите катчиња и многу ретко излегуваат од нив.

julijana-todorova-chuvam-zmija-4-godini-ja-hranam-so-gluvci-ne-e-otrovna-03.jpg

Какви услови се потребни за чување на змија?

Условите се доста специфични. Терариумот е од затворен тип заради безбедносни причини.

Температурата кај змијата треба да е околу 27 степени.

Како ѝ изгледа живеалиштето на змијата и колку често ѝ го чистите?

Терариумот на змијата е со пилевина и има голема кора од дрво кое и служи како засолниште и сад за вода.

julijana-todorova-chuvam-zmija-4-godini-ja-hranam-so-gluvci-ne-e-otrovna-04.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Марија од Велес живее во Хамбург: „Се преселивме со другарка, Германците постојано ми бараат ајвар“ „Неодамна гости ми побараа ајвар. За среќа имав. Па, сега има проблем кога ќе им...
Сања Лефкова: „Работам како професор по музика во Дортмунд, не знам дали требаше да ја напуштиме Мак... Eдна од нејзините најпознати песни беше „Лијат години“, а денес со својот сопруг...
Финн, Германец кој живее во Скопје: „Евтин авионски лет ме доведе во Македонија - се заљубив во земј... „Татко ми работи како доктор во своја ординација во близина на Базел и го посети...
Анастасија од Скопје е моторџика: „Поминав 3.800km околу Јадранот за 15 дена со мотор“ „Уште од мала се интересирам за мотори. Во Македонија возачката култура поврзана...
Кристина од Скопје чува британски кратковлакнест мачор: „Оваа раса е одлична со деца, се продаваат п... „Кога моите близнаци беа мали, спиеше на ќош на кревет за едната шепа да му е во...
Французинката Олга 2 пати го посети Скопје: „Македонците се прекрасен народ“ „Ми се допадна културата, мешавина помеѓу оксидент и ориент, природата, византис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg