Анета Здравковска: „Дијагнозата рак на дојка ја добив на 39 години, додека ја доев ќерка ми - се изборив за моите деца“

Најдобриот совет што ти го дадоа за процесот на лекувањето е?

Најдобриот совет ми беше од оние кои ја поминале оваа болест, дека сè ќе помине само треба да се издржи. Дека Господ им ги дава јаките битки само на најхрабрите војници.

aneta-zdravkovska-dijagnozata-rak-na-dojka-ja-dobiv-na-39-godini-dodeka-ja-doev-mojata-11-mesechna-kjerka-se-izboriv-za-moite-deca-11.jpg

Сметаш ли дека болеста те направи посилна?

Секако, ова искуство ме направи многу посилна и похрабра. Не дека и претходно не бев силна, но токму ова искуство во животот ме направи уште поцврста и похрабра.

Ова ми беше најголемото искушение досега од кое излегов како победник.

aneta-zdravkovska-dijagnozata-rak-na-dojka-ja-dobiv-na-39-godini-dodeka-ja-doev-mojata-11-mesechna-kjerka-se-izboriv-za-moite-deca-17.jpeg

Направи ли промени во исхраната? Како изгледа твоето дневно мени?

Промени има да, но не дека и претходно се хранев нездраво, единствен порок ми беше благото. Сега го редуцирав, а денот го започнувам со овесни снегулки, чиа семе, смути, многу зеленчук, а овошјето и лебот ги консумирам послабо.

За ручек секогаш сакам домашно готвени манџи и многу салата, а не сум љубител на месото. Вечерата пак ја избегнувам.

aneta-zdravkovska-dijagnozata-rak-na-dojka-ja-dobiv-na-39-godini-dodeka-ja-doev-mojata-11-mesechna-kjerka-se-izboriv-za-moite-deca-19.jpg

Што друго промени во начинот на живот?

Да бидам искрена, додека се лекував си ветив дека повеќе нема да си ја трошам енергијата за небитни работи и дека проблемите ќе ги прифаќам како предизвик.

Си ветив и повеќе време за себеси кое го користам во долги прошетки низ парк шумата Гази Баба, каде што живеам и секое слободно време го користам за читање на книги.

aneta-zdravkovska-dijagnozata-rak-na-dojka-ja-dobiv-na-39-godini-dodeka-ja-doev-mojata-11-mesechna-kjerka-se-izboriv-za-moite-deca-30.jpg

Порака до сите што во моментот минуваат низ истото…

Ако си на почеток на својата борба против ракот, можеби ти се чини дека крајот на лекувањето е далеку, но истото чувство го имав и јас, деновите и ноќите беа предолги, но здив по здив со главата горе, врвот се гледаше, а маглата се креваше.

Битката ќе ја добиеш само со јака верба во себе и на крајот од војната, ние сме победници.

Повеќе фотки од Анета:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Видеата на Маја од Прилеп се хит на Инстаграм: „Добивам и негативни коментари, најмногу за 'ботоксот... „Има негативни коментари, најмногу за филтерот кој го употребувам за устата и не...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Д-р Мери Берат, онколог: „Сонцето е една од причините за појава рак на кожа, најголем ризик има кај ... „Хронична изложеност на сонце е директно поврзана со појавата на одреден тип рак...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...
Анета Апостолоска за борбата со рак на дојка: „Маж ми имаше 2 операции на срцето, кога се смирив, до... „Мојот сопруг ме натера да појдам на МР, на биопсија, на операција, тој беше орг...
Зоран Спасов - Ѕоф, урбан скопски лик: „Скопје не би било исто без шармот на оние кои денес имаат по... „Во 2012-та дома го прогласивме Тито за светец и секој 25-ти мај ја славиме слав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg