Ана Гигова за ноќниот живот во Скопје во 90-тите: „Излегувавме во Мусандра, на ливче хартија си дававме телефонски броеви“

„Во 90-тите некој додворувач срамежливо ќе го побараше телефонскиот број, а јас или набрзина ќе го напишев на ливче хартија или пак на задното прозорче на нечистите црвени автобуси на JСП Скопје. Во наредната фаза го молев Господ на повикот на додворувачот да не се јави мојот татко пред мене, тогаш е крај на приказната – да не си се јавил повторно, немам јас ќерка за тебе...“, раскажува 46-годишната професорка Ана Гигова од Скопје.

ana-gigova-za-nokjniot-zhivot-vo-skopje-vo-90-tite-izleguvavme-vo-musandra-na-livche-hartija-si-davavme-telefonski-broevi-01.jpg

Ана Гигова (46) е родена и израсната во Скопје. Професор е по македонски јазик и менаџер на приватно училиште.

Таа навистина е вредносен профил на личност, со значителен капацитет способен да зборува за минатото време, па токму затоа одлучивме со неа да поразговаравме за ноќниот живот во Скопје во 90-тите години.

Од култните локали во тој период и урбаните ликови до како изгледало додворувањето тогаш, Ана се сеќава на убавите мигови од тоа време.

За CRNOBELO.com таа открива како изгледал ноќниот живот во 90-тите:

Каков беше ноќниот живот во 90-тите? Што имаше тогаш, а недостига сега?

90-тите години се период на големи глобални трансформации во општествата. Македонија во рамките на поранешната држава доживува значајни промени, кои во голема мера влијаат и на социјалното однесување.

Нашиот главен град Скопје беше центар на ноќни случувања паралелно со големите центри Белград, Загреб, Сараево. Нашиот живот во Скопје ги пишуваше најубавите страници на времето тогашно, а ние бевме сите среќни како млади дека сме дел од тоа време.

Тогаш имаше слобода на движење, на избор на облекување, и пред сè манифестација на домашно однесување. Тоа беше основата да се дружиме меѓу себе, да се радуваме на младоста во едно посигурно време, со помалку пари, но со голема љубов меѓу нас.

Денес недостасуваат сите горенаведени работи и сосема е погрешно мислењето дека со парите може да се купи сè.

ana-gigova-za-nokjniot-zhivot-vo-skopje-vo-90-tite-izleguvavme-vo-musandra-na-livche-hartija-si-davavme-telefonski-broevi-02.jpg

Најпознати локали од „ваше“ време беа...

Тропикана, МНТ, Хард Рок, Мусандра, Мејк Ап, Лидо, Корнер, Коко...

Како изгледаше едно „квалитетно“ ноќно излегување?

Основен квалитет и карта за квалитетно ноќно излегување беше нашата младост, без неа и ноќите ќе беа посиромашни.

ana-gigova-za-nokjniot-zhivot-vo-skopje-vo-90-tite-izleguvavme-vo-musandra-na-livche-hartija-si-davavme-telefonski-broevi-05.jpg

Се играше ли во диско?

Да, тоа беше задолжително. Но, за да влезе некое машко мораше да си најде партнерка за во диско. Тогаш по двајца машки, или две женски не пуштаа во диското. А денес тоа е нормално.

Какви беа стајлинзите за во диско?

Атмосферата во диското дозволуваше кежуал облекување, носевме и брендови како Дизел, Риплеј, Левис, но секогаш имаше некои кои ќе не изненадеа со високи штикли и црни чорапи.

ana-gigova-za-nokjniot-zhivot-vo-skopje-vo-90-tite-izleguvavme-vo-musandra-na-livche-hartija-si-davavme-telefonski-broevi-03.jpg

Се додворуваа ли машките и како?

Е, ова е вистинско прашање , на кое ми е најлесно да одговорам. Слободата на пристап се манифестираше на многу едноставен начин.

Срамежливо ќе се побараше телефонскиот број, а јас или набрзина ќе го напишев на ливче хартија, или пак на задното прозорче на нечистите црвени автобуси на JСП-Скопје.

Тоа беше вистинско доживување за нашите додворувачи. Но, и ние не бевме рамнодушни на сето тоа - ни годеше.

Во наредната фаза го молевме Господ на повикот на додворувачот да не се јави мојот татко пред мене, тогаш е крај на приказната – да не си се јавил повторно, немам јас ќерка за тебе.

Во време кога немаше мобилни телефони, како изгледаа договарањата за излегување?

Без мобилни телефони комуникацијата се одиваше прецизно и јасно. Немаше десет апликации за класично откачување (на состанок сум, јави се за 10 минути, ќе те барам подоцна).

ana-gigova-za-nokjniot-zhivot-vo-skopje-vo-90-tite-izleguvavme-vo-musandra-na-livche-hartija-si-davavme-telefonski-broevi-08.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Маја од Скопје на 41 година го победи ракот на дојка: „Пациентите кријат дека примаат терапии, кај н... „Сакав и одлучив да живеам и мислам дека таа свесна намера беше пресудна да се п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg