Интервју со Рамон, Бразилец женет за прилепчанка: „Ги мразам зимите во Македонија, но обожавам бурек и ракија“
Роден и израснат во Бразил, како се снајде со студените зими во Македонија?
Многу лошо!!! За мене годишните времиња во Македонија се лудило, во лето +45 степени, а во зима -10 степени, не ми е јасно.
Мразам зима бидејќи не можам сè уште да сфатам како да одам на снег и постојано паѓам. Од ладното време цела зима сум болен.
Колку твоето семејство е запознаено со Македонија?
Моето семејство слушна за Македонија кога јас добив трансфер тука. Многу Бразилци не знаат дека Македонија постои како земја. Јас сакам да им раскажувам за животот тука бидејќи ми се допаѓа и сум среќен овде.
Сè уште никој ме нема посетено, но се надевам дека наскоро ќе дојдат.
Дали си имал некое непријатно искуство како странец во Македонија?
Сум имал повеќе непријатни искуства поради бојата на мојата кожа. Еден ден станав рано за да трчам на кеј, а клучот го оставив дома.
Кога се вратив и се јавив на Мариа, но таа зафатена со бебето не го слушнала телефонот. Па, останав пред зграда чекајќи некој сосед да помине.
Една жена излегуваше од зградата, но ми го блокираше патот и не ми дозволуваше да влезам. Почна да ме испрашува кој сум, што барам и во кој стан живеам. За среќа, дојде сосед кој ме знаеше од заедничко возење во лифт, па и потврди дека живеам во зградата.
Беше навистина понижувачки да не можам да си влезам во сопствениот дом.
Повеќе фотки од Рамон:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови и фотографии е казниво со закон.
И. Ј.| Црнобело / фото: приватна архива