Ева (17) од Скопје на пат да стане професионален готвач: „Започнав со правење на кифлички, а сега сукам кори“

Во една реченица, што за тебе претставува готвењето?

Би употребила 5 зборови, и тоа: страст, амбиција, љубов, комфорт зона и терапија.

View this post on Instagram

A post shared by Everyone's food sister (@the_foodsister)

Како иден шеф/готвач, во животот ќе работиш со многу состојки. Дали можеби постои нешто што ти не јадеш, и што доколку треба да го дегустираш специјалитетот кој сакаш да го понудиш?!

Да, постојат неколку специфични работи коишто не ги јадам. На пример, од зеленчуци не јадам лута пиперка бидејќи лично не сум љубител на лутите јадења. Од овошје не јадам само цитрон и киви бидејќи ми сметаат на јазикот, како и круша бидејќи вкусот не ми се допаѓа уште од моето детство.

Од јадења јадам сѐ, освен пача. Доколку треба да подготвам некое јадење со една од овие состојки, што на пример досега го имам направено (се имам ставено себеси во таква ситуација), за мене тоа не претставувало проблем, а и не верувам дека некогаш ќе претставува.

Одвои јадење чија подготовка за тебе беше најтешка за совладување.

Доколку треба да одвојам едно јадење што за мене беше најтешко за совладување тоа дефинитивно би биле француските колачиња макаронс.

Тие се од најкомплицираните десерти/колачиња за подготовка во светот и лично мене ми требаа 3-4 пати за да ги усовршам.

View this post on Instagram

A post shared by Everyone's food sister (@the_foodsister)

Кој е твоја инспирација во готвењето?

Како светска кулинарска инспирација во готвењето секогаш бил и секогаш ќе биде Џејми Оливер. Но, мојата омилена инспирација се моите баби и мојата мајка.

Колку нашата земја изобилува со млади, амбициозни готвачи и кои се најголемите предрасуди поврзани со нив?

Колку што сум запознаена, за жал нашата земја не изобилува со многу млади, амбициозни готвачи, или пак можеби постојат - само јас ги немам запознаено досега. Со сигурност би сакала да запознаам такви.

Претпоставувам дека најголемата предрасуда за младите готвачи е дека е невозможно тие самите, без ничија помош да направат нешто и дека „сигурно“ некој им помогнал во тоа.

Кој е твојата најголема поддршка кон остварувањето на целта еден ден да станеш професионален готвач/шеф? Каков вид на готвач сакаш да бидеш?

Мојата најголема поддршка кон остварувањето на целта еден ден да станам професионален готвач/шеф се моите баба и дедо. Тие отсекогаш ми кажувале дека во мене има некоја страст и некој оган кога станува збор за готвењето.

Тие се моите најверни патници на моето „патување“, во улога на гледачи, набљудувачи и мои големи фанови.

Мојата баба вели дека иако таа немала можност да патува низ светот, со секое ново јадење што јас го подготвувам таа посетува некоја нова држава и запознава нова култура.

Сакам да бидам готвач кој ќе има свој сопствен ресторан, но и воедно ќе биде во можност да влезе во кујната и со своите две раце да подготви храна за своите гости.

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Маја од Скопје на 41 година го победи ракот на дојка: „Пациентите кријат дека примаат терапии, кај н... „Сакав и одлучив да живеам и мислам дека таа свесна намера беше пресудна да се п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg