Александра од Скопје прави филигрански ремек дела: „За изработка на обетки ми требаат 2 дена, горда сум на занаетот“
Колку Македонците покажуваат интерес за оваа стара уметност?
Со мојот начин на работа се обидувам на оваа традиционална техника да и дадам современа нота и со тоа да ги привлечам младите генерации повторно да ја видат убавина на филигранот.
Во последно време често изработувам веренички прстени кои ги дизајнираме заедно со момците, што е особено интересно за мене.
Се повеќе млади се одлучуваат за интересни дизајни на сребрени бурми, така што можам да кажам дека постои интерес, се повеќе млади ја ценат рачната изработка и тоа многу ме радува.
Кои повеќе го купува твојот накит, странци или домашни?
Бидејќи студиото е отворено во време на пандемија, сè уште не сум имала искуство со туристи како посетители, меѓутоа се радувам на сите оние кои до сега одвоиле време да дојдат во чаршија, да го видат и пробаат мојот накит.
Дали има интерес од млади Македонци за изучување на оваа традиционална уметност?
Мислам дека секогаш имало, и секогаш ќе има. Разликата од минатото и сега е достапноста на материјали, алати и информации.
Колку повеќе филигранството е застапено на сцената, толку повеќе има заинтересирани занаетчии и купувачи исто така.
Споделувањето знаење и информации е клучно за подобрување и развивање на занаетот и усовршивање на техниката.
Кој е твојот прв филигран што го имаш изработено?
Мојот прв изработен филигран е прстен, крило од пеперутка и сино ахат камче кое ја симболизира пеперутата morpho и кое претставува инспирација за почетокот на целата МОRPHO приказна.
Свесни сме дека старите занаети полека изумираат, дали е тешко да се опстои и со кои предизвици се соочуваш како уметник?
Сите предизвци, сите проблеми и потешкотии се лесно решливи доколку професијата која сме ја одбрале ја работиме со многу љубов. Јас верувам дека нема да дозволиме да изумрат старите занаети, секогаш имало, и ќе има млади ентузијасти, кои придонесуваат и се залагаат за задржување и зачувување на традиционалните техники на работа.
Кои се карактеристиките на македонскиот филигран?
Секое филигранско парче претставува мало уметничко дело во кое се огледува креативноста на творецот како и на оној што одбрал да го носи. Филигранот со својата специфична убавина претставува нишка меѓу минатото и сегашноста.
Техниката на вртење осмички, зогови, полузогови е иста, но формите се различни.
За разлика од минатото каде се работеле комплексни дизајни, полни со густа филигранска обработка и најчесто цветни мотиви, сега одиме на поедноставни, елегантни линии, геометриски форми, играње со полни и празни делови и сме во чекор со модните трендови кои се застапени во моментов.
Традицонални мотиви или по модрен изглед на накиот, кој е твојот избор, а кој изборот на клиентите?
Современи дизајни, се разбира. Секогаш изработувам накит кој и самата би го носела. Сепак, првенствено мора да се совладаат традиционалните мотиви, од нив се учи техниката, па потоа секој продолжува да си го развива својот стил и начин на изразување.
Трендовите ни налагаат скапи парчиња накиот од познати марки, колку тоа и штети на твојата уметност и продвница?
Трендовите постојано се менуваат, денес е популарно да имаш Пандора алка, утре ќе биде популарно нешто друго.
Јас се трудам полека и со мали, но стабилни чекорчиња да го градам мојот бренд. Постепено стекнувам доверба кај клиентите и би сакала да создадам нешто што ќе трае, ќе има квалитет, и традиционалната техника на филигрански накит, ќе продолжи да живее во поинаков стил.
Твое мислење за старата скопска чаршија и што би можело да се направи за да врати нејзиниот стар сјај?
Старата скопска чаршија се уште преставува најмагичниот дел од градот. Тука живее духот на традицијата, тука живеат приказните за ракотворците, кујунџиите, шапкарите, ковачите.
Одлуката студиото да се наоѓа токму во старата чаршија не е никаква случајност, таа се уште претставува чувар на старите занаети и токму тука се старите мајстори златари од кои секојдневно се уште учам нови работи.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
И. Ј. | Црнобело