„Како се вљубив во Македонец?“ - Девојки од разни земји во светот откриваат какви партнери се Македонците
Стефанни Дантас Нунес Видикова и Панче
Бразилката Стефанни Дантас Нунес Видикова пак за својот партнер од Македонија вели дека е тивок и мирен, одличен сопруг и добар пријател кој и е најголема поддршка. Таа и Панче се уште една приказна која започна на отворено море, а се закотви во Кавадарци, каде веќе осум години го градат својот дом, далеку од родниот Сао Пауло.
„ Бракот со партнер од различна култура носи многу повеќе предизвици, отколку бракот со партнер од иста националност, но, и покрај сѐ, е одлично бидејќи со мојот сопруг имаме силно пријателство на кое се темели нашиот здрав и среќен брак“ – вели младата Бразилка која за својот сакан вели дека е многу мирна и љубопитна личност која е одлична поддршка. Разликата меѓу нив е што таа е поригорозна, а тој порелаксиран.
На прашањето дали има прифатено некои од македонските традиции и навики, таа вели дека не многу, користи некои локални намирници во секојдневното готвење и дека сѐ уште цврсто се држи до својата бразилска култура и стил иако географски е далеку од нив.
“Бразилците се послодобоумни и либерални и немаат никави проблеми со јавно искажување на емоции, додека Македонците се поконзервтивни“ – е нејзиниот одговор на прашањето која е разликата меѓу овие две националности.
Порше Ан Латеган и Миле
Кариерата на брод е причина за уште една љубовна приказна која спојува два континети, Јужноафриканката Порше и Македонецот Миле. 33-годишната Порше Ан Латеган од Кејптаун раскажува како е да се биде во врска со нејзиниот македонски вереник.
Нивната љубовна приказна започнува пред четири години, а поради светската пандемија ја откажаа својата венчавка.
„Откако го запознав Миле се заљубив во неговот силен карактер, имам чувство дека тој бил војник во друг живот. Научив да ја разбирам неговата романтична страна која е многу поразлична од мојата, неговиот начин да се грижи за мене, да ме разгалува и изненадува со подароци кои знае дека ги посакувам, па така на секоја поважна дата, јас добивам подарок една недела подоцна. Јас и тој сме тим, динамичен тим, и двајцата сме силни и борци, секој на свој начин, но јас сум тврдоглавата во врската“ – вели таа за нејзиниот сакан Скопјанец.
Таа додава дека имаат различни религиозни верувања и култури, па се обидува да научи повеќе за неговата и да ги прославуваат сите празници заедно и еднакво, а за неа тоа е многу важно, дека во иднина, во нивното семејство таа ќе ги следи неговите традиции и вредности.
На прашањето која е разликата меѓу Македонците и нејзините сонародници таа вели дека секој маж има свој карактер, однесување и вредности без оглед на неговата националност.
За љубоморната страна на Македонците оваа симпатична Јужноафриканка насмеано вели дека ја почувствувала на нивното прво заедничко патување во Италија, но дека тој добро се исконтролирал и оттогаш не ја покажува својата љубомора многу често.
Таа додава дека поради работата на брод и пандемијата, тие немале многу време заедно во „нормалниот“ живот и верува дека со текот на времето нејзиното мислење за каратерот на вереникот ќе се промени, но се нетрпение очекува да го помине секој ден од живот крај него градејќи го нивниот дом и семејство.
Силни, но посветени и грижливи, не многу романтични, но доволно нежни, а најважно од сѐ нашите Македонци се одлични партнери кои секогаш ја поддржуваат својата поубава половина, ставајќи ја среќата на љубената и семејните вредности на прво место.
Можеби Македонците не се романтични и стравствени како Италијанците и Шпанците, но нивната лојалност и посветеност ги етикетира како одлични партнери со кои вреди да се помине остатокот од животот.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови и фотографии е казниво со закон.
И. Ј.| Црнобело / фото: приватна архива