Македонски YouTube пар: „Со пандемијата откривме дали сме со вистинската личност“

Иван Ајнштајн и Кике Цветче се македонски јутубери , а воедно и љубовен пар, и кај младата публика се едни од омилените ликови на домашната Јутуб сцена, а нивниот хумор и креативност на многумина им го задржува вниманието, но и ги инспирира.

ivan ajnshtajn kike cvetce bash pandemijava ni dade prostor na site da se pronajdeme sebesi i ni dade moznost da otkrieme dali sme so vistinskata licnost 9

Кике е девојка која отворено зборува за проблемите со тежината и за борбата со истата, но и постојано упатува на тоа дека телото треба секој да си го сака и да биде среќен со себе, а на нејзиниот YouTube канал споделува забавни видеа кои ги следат 20.000 претплатници. 

Иван пак, се фокусира на снимање забавни видеа, како и песни кои кај младата популација се хит, а неговиот YouTube канал го следат 54.000 претплатници. 

Тие се среќен пар и заедно се неколку години, сакаат да ја забавуваат публиката, велат дека пандемијата имала и позитивни влијанија, со тоа што многу луѓе се пронашле себеси и откриле дали се со вистинската личност.

Веројатно дел од вас ги следат, но сигурно има и многу такви кои не слушнале за нив, па тие за CRNOBELO.com откриваат интересни работи за нивното секојдневие...

Напомена: Одговорите во интервјуто се напишани жаргонски од страна на Иван и Кике, а истите не се коригирани литературно со цел да се задржи автентичноста на соговорниците.

Иван и Кике, здраво! Првпат правам заедничко интервју со вас, па ќе почнеме со она што го „дрма“ светот, а никој не може да им побегне на бројките и информациите.

Бомбардирани сме со вестите што кружат за пандемијата, па како во овој бурен период со кој се соочува човештвото го одржувате вашето ментално здравје? 

Да не кажуваме ние, еве ќе се образложи нашето ментално здравје преку примери од интервјуто. У принцип успеавме да ги извлечеме позитивните ствари од пандемијава (жими сè постојат). Баш пандемијава ни даде простор на сите да се пронајдеме себеси и ни даде можност да откриеме дали сме со вистинската личност.

Што најмногу ви недостига од животот пред пандемијава?

Истото што и на тебе брат. А и на многу други. Релативно клише сме на темава. Патувања. Голем дел од нашите спомени се имаат десено на патувања.А голем дел и од нашите видеа. Не дека сега немаме интересна содржина, ама друго е кога ќе откриеш друг сегмент од мапата.

На пролет бевме затворени по дома, потоа во летните месеци беше малку поопуштено, но еве пак сме приморани најголемиот период од денот да го поминуваме во затворен простор.

Што спознавте еден за друг во тој период? Најдовте ли некоја нова занимација, активност што почнавте да ја применувате?  

Не е за на интервју ова.

 ivan ajnshtajn kike cvetce bash pandemijava ni dade prostor na site da se pronajdeme sebesi i ni dade moznost da otkrieme dali sme so vistinskata licnost 5

Во овие месеци многумина од нас го открија готвачот во себе. Кој подобро се снаоѓа во кујна?

Кике кува, Иван е чирак.

Кои филмови и серии ви оставија впечаток во последно време? Што би препорачале за читање? 

Демек неаме време за филмови, ама затоа глеаме по 5 епизоди од серија. Не би препорачале ништо, боље е секој сам да си пронајде што му е интересно. Али еве, ние сме фасцинирани од The Office, BoЈack Horseman, Modern Family.

За читање би препорачале упатство за употреба на рачна правосмукалка.

И двајцата сакате да патувате. Која дестинација би ја посетиле штом се нормализира состојбата во светот?  

Откажавме патување за Бали ради пандемијава, така да моментално тоа е наредно во queue.

ivan ajnshtajn kike cvetce bash pandemijava ni dade prostor na site da se pronajdeme sebesi i ni dade moznost da otkrieme dali sme so vistinskata licnost 2

Кике, веќе четири недели активно си посветена на програма за вежбање и редовно го споделуваш твоето искуство на социјалните мрежи. За каква програма станува збор? 

Воспитна [не се смее]. Моментално Ана Стојанова ми го контролира животот и ме учи како да се понашам кога ќе се вратам во светот каде што сепак постои нездрава храна.

Гледаме дека внимаваш и на исхраната. Како се распределени оброците? Што е она што најмногу би сакала да го каснеш од „недозволената храна“, а од личен принцип одбиваш?

Оброците се распределени толку прецизно за никогаш да не се осетиш гладен. А инаку ни мене не ми се верува, ама сè уште не сум имала толку силна желба за ништо недозволено.

ivan ajnshtajn kike cvetce bash pandemijava ni dade prostor na site da se pronajdeme sebesi i ni dade moznost da otkrieme dali sme so vistinskata licnost 6

Во последните неколку недели по социјалните мрежи се потенцира популарноста на играта Among Us, што е она што ја прави играта толку привлечна и зошто ја играте вие? 

Мислевме дека е одлична прилика да научиме да лажеме. Супер ни оди. Еве ајде да пробаме: „KORONAVIRUS NE POSTOI SE IGRA NEKOA IGRA“.

Иван, имам впечаток дека постепено Јутуб сцената во Македонија се стишува, постојано се вртат едни исти имиња...

Која е причината за тоа? Можеби публиката не дава простор да се појават нови имиња или едноставно сè зависи од содржината што креаторите ќе ја пласираат?  

Со кој си играл Among Us бе, кој те излажал? Топ си е Јутуб. Баш се појавија нови дечки што освежија. Можда имаш таква претстава затоа што многу надежни и креативни јутубери дадоа отказ од работава.

Ваљда не го доживувале ко работа, не знам. Ама без гајле, цело време се дешава нешто на Јутуб и мило ми е што почна сè повеќе да се бега од шаблонот што беше популарен до пред неколку години.

ivan ajnshtajn kike cvetce bash pandemijava ni dade prostor na site da se pronajdeme sebesi i ni dade moznost da otkrieme dali sme so vistinskata licnost 3

Има и новости кај тебе, издаде нова песна, ја наслови „ТикТок“.  Чекај, ја посвети на апликацијата, ја „напука“ со метафора или...?

Не бе, тоа е наслов на песна, не е посвета. ТикTок е искористен само како стереотип за место каде што можат да се најдат „совршени“ луѓе.

Песната е посветена на неодлучните луѓе кои не знаат што точно сакаат во животот, а со тоа ги повредуваат другите околу нив. Нема да најдете совршен човек, ама со мал компромис може да создадете квалитетна врска (љубовна, другарска, работна... You choose).

Која е одговорноста на инфлуенсери, јутубери и сите креатори на содржини спрема најмладата публика?

Какви вредности се пласираат во Македонија? Што е она што мислите дека е погрешно?  

Секој има право да пласира што сака, а целокупната потенцијална публика одлучува колку ќе придаде значење на тоа. Погрешно може да биде решението на математичка задача. Во уметноста нема прецизирани правила. Мислам сеа, не треба да земеш чоек да утепаш, као, малце common sense.

 ivan ajnshtajn kike cvetce bash pandemijava ni dade prostor na site da se pronajdeme sebesi i ni dade moznost da otkrieme dali sme so vistinskata licnost 4

И двајцата посветувате голем дел на социјалните мрежи, сте пробале ли да си го замислите животот без интернет, без постојано креирање на нова и привлечна содржина...? 

You had us at „привлечна“. Двапати на ден иаме IP refresh (читај: ни снемува интернет) и гледаме како би ни изгледал животот без интернет. Најстресните 3 минути во денот. 

Уште малку се ближи и крајот на годината, да се надеваме дека 2021 ќе има подобро сценарио за сите нас. Како ќе ја опишете 2020 година во неколку збора? 

Не се надевајте дека 2021 ќе има подобро сценарио. У глобала, 2020 нам ни беше супер. Ти викам, само на Бали шо не отидовме и шо не напраивме прослава за стапување во брак (не читај: свадба), другото беше многу подобро од очекуваното.

ivan ajnshtajn kike cvetce bash pandemijava ni dade prostor na site da se pronajdeme sebesi i ni dade moznost da otkrieme dali sme so vistinskata licnost 1

ivan ajnshtajn kike cvetce bash pandemijava ni dade prostor na site da se pronajdeme sebesi i ni dade moznost da otkrieme dali sme so vistinskata licnost 1

Автор: Евгениј Хоуп| Црнобело

Би можело да ве интересира:

Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg