Вероника Царчева чува две кученца од расата Јоркшир Териер: „Лара ми заспива на образ, Боно како мал ми го пиеше кафето“

Боно се плаши од мандарина! Се лути и бега одма штом му ја покажеш, а Лара може буквално секаде да заспие и преферира многу чудни места како што се горните рабови на перниците од гарнитурата, кај некого на глава ако си добро потпрен или пак буквално врз образ сѐ додека неа ѝ е удобно.

veronika-carcheva-chuva-dve-kuchenca-od-rasata-jorkshir-terier-bono-i-lara-se-tatko-i-kjerka-ne-mozham-da-si-go-zamislam-zhivotot-bez-niv-16.jpg

Боно како мал често знаеше да ми го испие кафето кога ќе излезев од соба, веројатно заради млекото не знам, но благодарна сум му што повеќе не го прави тоа сега.

veronika-carcheva-chuva-dve-kuchenca-od-rasata-jorkshir-terier-bono-i-lara-se-tatko-i-kjerka-ne-mozham-da-si-go-zamislam-zhivotot-bez-niv-12.jpg

Колку и да звучи чудно, дефинитивно чувањето на две кучиња ми е полесно отколку само едно. Пред сѐ не се секирам и тагувам како кога беше само Боно, што прави кога е сам и дали му е досадно, сега знам дека се постојано заедно. Иако сега во овој период со работата од дома, немаме таква грижа и сум пресреќна што можам по цели денови да ги дружам.

veronika-carcheva-chuva-dve-kuchenca-od-rasata-jorkshir-terier-bono-i-lara-se-tatko-i-kjerka-ne-mozham-da-si-go-zamislam-zhivotot-bez-niv-19.jpeg

Не постои ништо на светот што ќе го замени тој момент на среќа од тие мали опавчиња кога влегуваш низ врата. Или од тоа што можам да си ги земам најдобрите другари со мене на велосипед и планина!“

veronika-carcheva-chuva-dve-kuchenca-od-rasata-jorkshir-terier-bono-i-lara-se-tatko-i-kjerka-ne-mozham-da-si-go-zamislam-zhivotot-bez-niv-09.jpg

Уште фотки од нејзините миленици:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...
Дарко Илиевски за татковството: „Синот првата ноќ по раѓањето беше на мониторинг - јас не му ја испу... „За синот Матео, идејата за името беше на сопругата, а неговото средно име го из...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg