Вероника Царчева чува две кученца од расата Јоркшир Териер: „Лара ми заспива на образ, Боно како мал ми го пиеше кафето“

Така си ја добивме ќерка му Лара за која што на почетокот не беше воошто среќен дека ја има дома. Загрижувачкиoт период во однос на тоа дали ќе ја прифати како што треба или не, не траеше баш кратко, но успеавме на крај. Денес, супер си се сложуваат и многу се грижат еден за друг.

veronika-carcheva-chuva-dve-kuchenca-od-rasata-jorkshir-terier-bono-i-lara-se-tatko-i-kjerka-ne-mozham-da-si-go-zamislam-zhivotot-bez-niv-11.jpg

Лара е најголемата спротивност на Боно што може да постои. Боно е смирен и е маза, сака да се гали пред сѐ, па после останатите активности. А ќерка му е темпераментна и упорна до бескрај, само играчки и трчање ѝ се во паметот.

veronika-carcheva-chuva-dve-kuchenca-od-rasata-jorkshir-terier-bono-i-lara-se-tatko-i-kjerka-ne-mozham-da-si-go-zamislam-zhivotot-bez-niv-04.jpg

Лара понекогаш толку многу му досаѓа на Боно, а него не му се игра баш тогаш и буквално му се качува на грб, па он си ја носи низ дома така „закачена“ на грб зашто е до толку упорна и не се симнува.

veronika-carcheva-chuva-dve-kuchenca-od-rasata-jorkshir-terier-bono-i-lara-se-tatko-i-kjerka-ne-mozham-da-si-go-zamislam-zhivotot-bez-niv-05.jpg

Двајцата многу сакаат снег, не можеш да ги прибереш од надвор во зима, а многу е слатко тоа што Боно секогаш ѝ дава на Лара прва да се напие вода доколку сме некаде каде што имаме само едно садче за вода. 

veronika-carcheva-chuva-dve-kuchenca-od-rasata-jorkshir-terier-bono-i-lara-se-tatko-i-kjerka-ne-mozham-da-si-go-zamislam-zhivotot-bez-niv-14.jpg

Во принцип се многу лесни за чување во стан. Мали се, што е многу олеснителна околност доколку немате многу место во домот и влакното им е многу специфично, скоро воопшто не се митарат, што е исто така многу важно.

veronika-carcheva-chuva-dve-kuchenca-od-rasata-jorkshir-terier-bono-i-lara-se-tatko-i-kjerka-ne-mozham-da-si-go-zamislam-zhivotot-bez-niv-18.jpg

Со нив сме имале безброј забавни ситуации.  И после толку години, уште успеваат секој ден со нешто ново да нѐ насмеат.

Многу се смешни наутро. Лара буквално ме чека очи да отворам легната кај мене на грб и не трепнува, случајно да не пропушти кога ќе се разбудиш. Веднаш е спремна со играчките и ти ги носи во кревет. Боно од друга страна не е воопшто „morning dog“ и само гледа како побрзо да ми ја фати перницата кога ќе станам.

veronika-carcheva-chuva-dve-kuchenca-od-rasata-jorkshir-terier-bono-i-lara-se-tatko-i-kjerka-ne-mozham-da-si-go-zamislam-zhivotot-bez-niv-15.jpg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...
Дарко Илиевски за татковството: „Синот првата ноќ по раѓањето беше на мониторинг - јас не му ја испу... „За синот Матео, идејата за името беше на сопругата, а неговото средно име го из...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg