Стефанија Гаштарска, прва македонска балерина во Бољшој: „Болката е заштитен знак на балетот“

Си имала ли некоја повреда досега?

Сум имала повреда на тетивата, зглобот и сериозна повреда на коленото. Но, за среќа, сето тоа остана во минатото.

Дали внимаваш на исхраната?

Под внимавање ако се подразбира диета, не. Ама секако се хранам исклучиво здраво, вегетаријанка сум и внимавам во текот на денот на телото да му дадам сè што му е потребно за да може да ги издржи јаките тренинзи што ги имам секојдневно.

stefanija-gashtarska-prva-makedonska-balerina-vo-boljshoj-bolkata-e-zashtiten-znak-na-baletot-16.jpg

Да не беше балерина, ќе беше …

Тенисерка или актерка.

Си имала ли некоја романса со партнер од сцената? Има ли доволно мажи балетани?

Романса сè уште сум немала. Секако дека има доволно, во светот, балетан е многу ценета професија.

stefanija-gashtarska-prva-makedonska-balerina-vo-boljshoj-bolkata-e-zashtiten-znak-na-baletot-02.JPG

Колку во Македонија се цени балетот?

За жал, немаме таква традиција и толку сериозен пристап кон балетот и општо кон културата како што имаат во Русија. Но, искрено се надевам дека тоа ќе се смени и ќе се цени повеќе во иднина.

stefanija-gashtarska-prva-makedonska-balerina-vo-boljshoj-bolkata-e-zashtiten-znak-na-baletot-09.jpg

Што си посакуваш за 5/10 години отсега?

Посакувам да станам првенка во мојот театар од соништата: Бољшој Театарот.

Фотки од Стефанија:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Мира од Битола рачно изработува кукли: „Главна инспирација ми е внуката Луна“ „Првата кукла ја сошив пред да се роди мојата внука Луна - ја шиев на машина, а ...
Роки од бендот на Тоше: „Со него не ни требаа проби, без грешка пееше од прва - ќе беше светска ѕвез... „Ми се јави Ристо Вртев од „Архангел“ и ми вели: „Роки, вистина ли загинал Тоше?...
Каква мајка, таква ќерка – Нашите балерини Марија и Стефанија се доказ дека гените се чудо Балерините Стефанија Гаштарска (23) и Марија Крстевски (43) се доказ дека гените...
Кенијката Нана за љубовта со Влатко од Сопиште: „Неговите ме прифатија од првиот ден, ме научи да го... „Првиот ден кога Влатко пристигна во Кенија, им кажав на родителите дека ќе дојд...
Боби Трајковски - маж со деловен моден стил, на кој џебните марамчиња му се заштитен знак (фото) „Негувам голема љубов кон костумите, но мојот заштитен знак отсекогаш бил џебнот...
Љиља oд Скопје е академски сликар, тату артист, фотограф - заштитен знак ѝ се тетоважите „’Од накит носеше тетоважи’ би рекла за себе, тоа е и една од најавтентичните ра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg