Кавадарчанката Елена Минова (22) 9 години живее во Канада: Здравството е бесплатно, Канаѓаните помагаат секому, но, нема дружење како во Македонија

Пет најубави места во Канада?

Канада има големи резерви на свежа вода, многу прекрасни езера и недопрени шуми. Всушност, Канада има повеќе езера од сите други земји во светот заедно. Значи, не е изненадување што ние како жители ја пиеме најдобрата вода.

Друга работа во врска со Канада е дека стапката на загадување е пониска од повеќето држави низ светот. Канада се состои од една здрава животна средина. Оваа држава има безброј места што се убави и уникатни, но, кога би требала да изберам топ 5 тоа би биле:

1. Нијагарините водопади (Онтарио)

elena-minova-9-godini-zivee-vo-kanada-kanaganite-se-sekogas-ljubezni-i-pomagaat-sekomu-zdravstvoto-e-besplatno-za-site-no-nema-druzenje-kako-vo-makedonija-01.png

2. Ледениот замок Едмонтон (Алберта)

elena-minova-9-godini-zivee-vo-kanada-kanaganite-se-sekogas-ljubezni-i-pomagaat-sekomu-zdravstvoto-e-besplatno-za-site-no-nema-druzenje-kako-vo-makedonija-11.jpg

3. Националниот парк Банф (Алберта)

elena-minova-9-godini-zivee-vo-kanada-kanaganite-se-sekogas-ljubezni-i-pomagaat-sekomu-zdravstvoto-e-besplatno-za-site-no-nema-druzenje-kako-vo-makedonij-12.jpg

4. Торонто (Онтарио)

elena-minova-9-godini-zivee-vo-kanada-kanaganite-se-sekogas-ljubezni-i-pomagaat-sekomu-zdravstvoto-e-besplatno-za-site-no-nema-druzenje-kako-vo-makedonija01.png

5. Ботаничката градина во Монтреал (Квебек)

elena-minova-9-godini-zivee-vo-kanada-kanaganite-se-sekogas-ljubezni-i-pomagaat-sekomu-zdravstvoto-e-besplatno-za-site-no-nema-druzenje-kako-vo-makedonija-14.jpg

Кога сме на оваа тема, би му препорачала на секој кој што сака да ја посети Канада да оди на дводневното патување со воз помеѓу Ванкувер и Националниот парк Банф. Ова ви дава можност да патувате низ карпестите планини во Канада и да поминете една ноќ во преубавиот Национален парк Банф.

Канаѓаните не се љубители на патувања надвор од државата, тие патуваат низ Канада евентуално до Америка. Голем број од нив имаат викендици на езера или планини во кој го поминуваат секој продолжен викенд, а многумина и кампуваат.

elena-minova-9-godini-zivee-vo-kanada-kanaganite-se-sekogas-ljubezni-i-pomagaat-sekomu-zdravstvoto-e-besplatno-za-site-no-nema-druzenje-kako-vo-makedonija-16.jpg

Колку е скап животот?

Постојат огромни разлики во цените помеѓу градовите и регионите. Според последните статистики кои ги имам читано, изнајмувањето на стан во најскапите градови (Торонто и Ванкувер) започнува од $1000 месечно.

Во врска со храната, возрасно лице троши $275- $375 месечно на оброци. Ова најмногу зависи од храната која ја преферирате и од каде купувате. План за мобилен телефон во просек чини $55- $90 месечно.

Јавниот превоз во Онтарио чини $152 месечно.

Минималната плата е $14 а просечната плата е $22- $31 на саат.

elena-minova-9-godini-zivee-vo-kanada-kanaganite-se-sekogas-ljubezni-i-pomagaat-sekomu-zdravstvoto-e-besplatno-za-site-no-nema-druzenje-kako-vo-makedonija01_1.png

Велат дека Канада е една од најбезбедните земји за живот...

И тоа е вистина. Се разбира кој бара проблем, ќе го најде, но стапката на криминал е релативно ниска. Ова е општество управувано од владеење на правото.

Економски, Канада е прилично силна, и постои добра мрежа за социјална безбедност за да им помогне на обесправените луѓе. Ако имате куќа и храна, помала e веројатноста да направите кривично дело.

elena-minova-9-godini-zivee-vo-kanada-kanaganite-se-sekogas-ljubezni-i-pomagaat-sekomu-zdravstvoto-e-besplatno-za-site-no-nema-druzenje-kako-vo-makedonija-15.jpg

Разликата што веднаш овде може да ја почувствувате е дека луѓето овде ќе ве почитуваат за она што сте и како се однесувате, а не кого познавате или каков е вашиот економски статус.

 ©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. П. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Јован Јованов за CRNOBELO: „Во Канада немам пријатели како тука, но државата има свои предности“ „Малку е тешко да се споиме пак со момците од „Магија“, зашто јас живеам во Кана...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg