Кавадарчанката Елена Минова (22) 9 години живее во Канада: Здравството е бесплатно, Канаѓаните помагаат секому, но, нема дружење како во Македонија

Елена Минова (22) од Кавадарци заминала со своите родители во Канада пред 9 години. Таа е студент на здравствени науки во Хамилтон, Онтарио. Заминале преку океанот во потрага по подобар и поквалитетен живот.

elena-minova-9-godini-zivee-vo-kanada-kanaganite-se-sekogas-ljubezni-i-pomagaat-sekomu-zdravstvoto-e-besplatno-za-site-no-nema-druzenje-kako-vo-makedonija-01.jpg

„Канада е позната како „Ветена Земја“. Не ја знам точната дефениција на „Ветена Земја“ но, знам дека Канада пружа многу, а од вас зависи колку ќе земете“.

Со Елена поразговаравме за начинот на живот, навиките на Канаѓаните, што е она што е поразлично од тука...

Какво е секојдневието во Канада? Колку луѓето се социјализираат?

Главна утринска рутина на Канаѓаните е купување кафе од Тим Хортонс, а во текот на денот, одвојуваат барем 30 минути за читање книги.

На пат кон работа се слуша радио за да се види дали има некој затворен пат или сообраќајка. Работата на сите им е релативно далеку, им одзема околу 40 мин – 1 час во еден правец.

Вечерата им е најважен дел од денот. Тогаш се собира цела фамилија, се дискутира кој каков ден имал и се планира кој какви обврски има во наредните неколку дена. Морам да напоменам дека Канаѓаните се многу организирани, сè е точно и детално испланирано од напред.

Можеби и заради ова, социјалниот живот на Канаѓаните не е на завидно ниво, нема многу време за дружење со пријатели, претежно сите се со фамилијата.  

elena-minova-9-godini-zivee-vo-kanada-kanaganite-se-sekogas-ljubezni-i-pomagaat-sekomu-zdravstvoto-e-besplatno-za-site-no-nema-druzenje-kako-vo-makedonija01.jpg

Како би ги опишале Канаѓаните како народ?

Канаѓаните се екстремно љубезен народ. Секој втор збор е „Извини“ или „Те молам“.  

Ова е особено важно во првите година- две по доаѓањето овде. Процесот на адаптација е олеснет со самата љубезност на луѓето. На пример, во првите неколку месеци овде моравме да завршиме многу административни работи: да се тестираме за англиски јазик, да извадиме нови документи, да отвориме нова сметка во банка, јас требаше да се запишам на училиште итн. Сите овие работи ги завршивме на многу лесен и едноставен начин без никави процедури.

Каде и да отидиш се чуствува некоја релаксација, срдечност, сите се насмеани „од уво до уво“, ве гледаат во очи голема грижа и разбирање и што е најважно - имаат волја да помогнат секому. 

Од психолошка гледна точка има многу фактори што придонесуваат за ваква љубезност – за почеток образовниот систем. Децата се учат и воспитуваат да имаат чувство за одговорност и грижа спрема другите.

Каква е канадската кујна? 

Канада е земја во која живеат луѓе од сите страни на светот и поради тоа е мошне тешко да се создаде единствена канадска кујна. Затоа и специјалитетите кои, на пример, ќе ги најдете во Торонто, се сосема различни од тие во Едмонтон.

Канаѓаните ја ценат свежата храна, без разлика дали се работи за зеленчук или риба. На жалост, вкусот на овошјето и зеленчукот не можат да бидат споредени со оние од Македонија.

elena-minova-9-godini-zivee-vo-kanada-kanaganite-se-sekogas-ljubezni-i-pomagaat-sekomu-zdravstvoto-e-besplatno-za-site-no-nema-druzenje-kako-vo-makedonija-03.jpg

Kако топ канадски специјалитети би ги издвоила: Јаворовиот сируп, Тортиер – пита направена од мелено, свинско или телешко месо која се подготвува најчесто за празниците, лососот, багелсот...

Како е организирано здравството? Како се справува Канада со корона вирусот?

Една од многуте работи кои ја прават Канада добро место за живеење е токму здраствениот систем. Канаѓаните се горди со тоа. Овој систем е изграден според принципот дека сите граѓани ќе ги добијат сите медицински и болнички услуги на лекар бесплатно.

Додека на Канаѓаните им е загарантиран пристап до болнички услуги и услугите на лекари, секоја провинција одлучува дали да ги покрие „дополнителните“ трошоци, како што се стоматолошката заштита и лековите.

Иако е високо ценет, здравствениот систем се соочува со повеќе проблеми, но во глобала е функционален.

elena-minova-9-godini-zivee-vo-kanada-kanaganite-se-sekogas-ljubezni-i-pomagaat-sekomu-zdravstvoto-e-besplatno-za-site-no-nema-druzenje-kako-vo-makedonija-04.png

Во врска со корона вирусот, колку што можам да ја следам ситуацијата гледам дека низ сите држави во светот се преземаат слични мерки. Тоа вклучува онлајн училишта, повеќето од продавниците се затворени или со скратено работно време, се затворија границите и слично.

Прогласена е и вонредна ситуација и се преземаат сите можни мерки за брзо решавање на проблемот. 

Како се прилагодивте на ниските температури?

Надвор сè си функионира најнормално без разлика дали е +20°C или - 20°C. Доколку има екстремно големо снежно невреме, луѓето добиваат слободен ден, но, ова се случува ретко.  

Оние области кои се склони кон обилни врнежи од снег, имаат низа оператори на опрема кои се секогаш фунционални. Понекогаш изненадувачки е дека патот е потполно чист и покрај големите снежни врнежи.

elena-minova-9-godini-zivee-vo-kanada-kanaganite-se-sekogas-ljubezni-i-pomagaat-sekomu-zdravstvoto-e-besplatno-za-site-no-nema-druzenje-kako-vo-makedonija-06.png

Јас првпат доживеав вистински студ пред 7 години. Надвор беше -40°C и мислев дека очните капаци ми се лепеа од студ. Тоа беше шок за мене и моето телото. Со тек на време сето ова станува навика, се облекуваш правилно и нема никаков проблем. Честопати, дува силен ветер, па дури и кога температурите се релативно подносливи впечатокот за студ е поголем.

Зимските активности тука се феноменални. Имаме најголемо ледено лизгалиште во светот.

Во лето е прекрасно, температурите се 20°C до 25°C степени и е одлично за кампување.

Што ви недостасува најмногу од Македонија?

Моите најблиски. Да се разбереме, јас се чуствувам среќна што можам да бидам покрај моите родители, но, не можам да го спорам фактот дека во Македонија мометално живее и мојот дечко, а и сите мои роднини и пријатели.

Пред сè ми фалат нивните прегратки. Македонија е убава земја, таа ќе ми остане во срцето како место во кое ќе се враќам преку лето за да ги посетам моите најблиски. Благодарна сум и на денешната технологија која ми овозможува полесна и побрза комуникација.

Покрај тоа ми недостига и социјалниот живот, излегувањето и дружењето кое го има во Македонија.

elena-minova-9-godini-zivee-vo-kanada-kanaganite-se-sekogas-ljubezni-i-pomagaat-sekomu-zdravstvoto-e-besplatno-za-site-no-nema-druzenje-kako-vo-makedonija-07.png

Дали може да се каже дека „секој може да ја најде среќата во Канада“?

Ова е одлично прашање, според мене да! Но, мора да запомниме дека среќата е концепт што секој го дефинира сам за себе. Среќата е внатрешно задоволство на нашите души, што луѓето го стекнуваат со духовност или просветлување.

Сè уште не постои стандардно мерило на среќа, животот е патување исполнето со радост и тага. Многу клучна работа во оваа држава е дека нема предрасуди, секој е еднаков.

Колку беше лесно или тешко да се снајдете како странци во Канада? Дали има работа за сите?

На жалост дипломите од други држави не се признати во Канада. Кога некој ќе имигрира овде, мора да заврши долонителни курсеви за да може да работи по струка. Снаоѓањето зависи од тоа колку сте спремни да учите и колку добро знаете да се претставите.

Канаѓаните се многу толерантни кон имигрантите. Повеќе или помалку, сите тие се имигранти и во глобала никој не се грижи од каде сте или во што верувате.

elena-minova-9-godini-zivee-vo-kanada-kanaganite-se-sekogas-ljubezni-i-pomagaat-sekomu-zdravstvoto-e-besplatno-za-site-no-nema-druzenje-kako-vo-makedonija-08.png

Ниту еден работодавец не смее да ве праша од каде сте или колку години имате. Работа има за сите. Јас сметам дека ние, Македонците, сме вреден народ, брзо и лесно се вклопуваме и прилагодуваме во нова средина така што за нас не преставува голем проблем да се снајдеме.

На следната страна разговараме за најубавите места во Канада, за тоа колку е безбеден животот во оваа земја...



Би можело да ве интересира:

Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg