Повеќе во природа наместо во ноќни клубови - Планински врвови кои треба да се искачат во Македонија

За некого природата претставува сакралност, токму такви доживувања има Дарко Димов (22) од Велес, кој тренира карате и се занимава со планинарење и планински велосипедизам. 

poveke vo priroda namesto vo nokjni klubovi.planinski vrvovi koi treba da se iskacat vo makedonija 10

Дарко има огромна страст да биде авантуристички фотограф и откако од неодамна се снабди со професионален апарат и неколку неопходни алатки, пополека почна да го остварува својот сон.

Неговите патешествија редовно ги споделува на својот Инстаграм профил - @daredimov.

„Отсекогаш сум бил тип кој повеќе сака да поминува време во природа и мир отколку во ноќни клубови или кафулиња“, споделува Дарко.

„По долга работна недела, секогаш ми е добредојдено да го поминам викендот посетувајки некоја интересна локација во природа или пак да искачам некој планински врв, иако е физички напорно мене тоа ме одмара и релаксира и ме полни со енергија за да ја почнам неделата со нови сили, а убавината која природата ја нуди ми дава огромна инспирација и ја буди мојата креативна страна“.

View this post on Instagram

A post shared by Dare Dimov | Photographer (@daredimov)

За Дарко фотографијата е уметност со која успева да долови и овековечи некој посебен момент, да раскаже приказна без да изусти збор, да пренесе емоција.

За него фотографијата е многу повеќе од она што останатите луѓе гледаат на неа. Иако секоја фотографија си ја раскажува приказната, Дарко сака и да напише по некоја реченица за нејзе, што се случувало во моментот и како стигнало до тој миг.

Вели дека така е полесно за личноста што ја гледа фотографијата да ја доживее целосно.

Македонија располага со преубави места што изгледаат како да се од друг свет, некои од нив се повеќе познати и доста посетени, додека пак за некои малку се знае и ретко кој ги посетува, а сепак располагаат со премногу убавина.

Во продолжение од текстот Дарко издвојува неколку места што ги има посетено во скоро време и кои му имаат обезбедено добра авантура.

„Нема место на Шар Планина каде што не е убаво, едноставно каде и да се завртиш гледаш само убавина и прекрасни пејсажи“, раскажува Дарко

poveke vo priroda namesto vo nokjni klubovi.planinski vrvovi koi treba da se iskacat vo makedonija 6

„Постојат многу места што треба да се посетат таму и да се доживеат, јас ќе одвојам само неколку. Еден од најубавите врвови на Шар Планина би рекол дека е врвот Плат. Тој е познат како најубава точка за сликање бидејќи располага со прекрасни глетки кон стрмната долина Лешница, кон повеќето од врвовите во негова близина, како Среден камен, Титов врв, Караниколица и други.

Откако ќе поминеш низ прекрасната долина Лешница, на околу 1ч. одење се наоѓа најубавиот водопад кој некогаш сум го видел, Кривошијскиот водопад. Магично место што би помислил дека дека е од друга планета, а сепак се наоѓа во нашата прекрасна земја која изобилува со убавини“.

poveke vo priroda namesto vo nokjni klubovi.planinski vrvovi koi treba da se iskacat vo makedonija 14

poveke vo priroda namesto vo nokjni klubovi.planinski vrvovi koi treba da se iskacat vo makedonija 14

poveke vo priroda namesto vo nokjni klubovi.planinski vrvovi koi treba da se iskacat vo makedonija 15

poveke vo priroda namesto vo nokjni klubovi.planinski vrvovi koi treba da se iskacat vo makedonija 14

Вториот предлог на Дарко е највисокиот врв во нашата земја, Голем Кораб, кој спаѓа под венецот на Планината Кораб и се издига на височина од 2764 м.н.в. и се наоѓа на границата меѓу Македонија и Албанија.

poveke vo priroda namesto vo nokjni klubovi.planinski vrvovi koi treba da se iskacat vo makedonija 4

„Самата масивност на овој врв, и тоа што во поголемиот дел од качувањето го гледаш врвот и ти изгледа блиску, а далеку е измачувачка. Ова е еден од врвовите кој ме натера да погледнам длабоко во себе и го најдам воинот во себе, да ми ја разбуди мудрата страна и да ме направи појака личност“, споделува дел од своите планинарски искуства.

Како за крај, остава тоа да биде врвот Солунска глава (2548 м.н.в.).   

poveke vo priroda namesto vo nokjni klubovi.planinski vrvovi koi treba da se iskacat vo makedonija 5

poveke vo priroda namesto vo nokjni klubovi.planinski vrvovi koi treba da se iskacat vo makedonija 1

FotoJet1

„Солунска глава се наоѓа на планината Јакупица, најголемиот планински масив во Македонија. Ова е моето омилено место на целава планета, има нешто што ме тера да се чувствувам како дома.

Месноста Долна Бабина дупка (1680 м.н.в.) која е преубава за кампување, и нуди преубав поглед кон Солунска Глава, располага со чиста пивка ладна планинска вода, едноставно ме остава без зборови, таа убавина не може да се опише, мора да се доживее“, констатира Дарко Димов и додава дека има уште безброј место во нашава земја кои не ги спомнал, и места кои сé уште ги нема посетено, но му стојат запишани на листата за посетување.

Сепак, најубавите нешта секогаш се бесплатни.

poveke vo priroda namesto vo nokjni klubovi.planinski vrvovi koi treba da se iskacat vo makedonija 2

FotoJet66s

FotoJet22

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Елена Јовческа, естраден уметник: „Свирам 4 инструменти, но гајдата ме прави препознатлива“ „Освен гајда понекогаш може да засвирам зурли и пијано. Салонот за убавина ми е ...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Елена од Кавадарци е мејкап артистка во САД: „Не планирав да се селам, тука заработката е поголема и... „Во САД најчесто само невестата, девериците и мајките најмуваат шминкер за свадб...
Сашо од Битола за животот на Флорида: „Кога си далеку од дома сè ти недостига – но, не знам дали би ... „Бидејќи работев на брод, беше лесно да извадам туристичка виза и да дојдам посл...
Емилија Масларковска-Каневче, туристички водич: „Не сум сретнала странец кој не е воодушевен од Маке... „Омилени ми се туристите од Азија. Љубопитни се и сакаат да ја дознаат нашата ис...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg