Андреј Прави Влогови: YouTube сега е телевизија со помал буџет, каде зад камерите се кријат спонзори со правила

Уште еден Јутуб лик се издвојува во македонската сцена во последните години, а тоа е Андреј Прави Влогови од Скопје, кој во моментот има 45.000 претплатници на неговиот канал. 

 andrej pravi vlogovi jutubot sega e televizija so pomal budjet kade zad kamerite se krijat sponzori so nivnite pravila 2

Вели дека храброста, дисциплината и љубовта се многу важен дел за да стигнеш до таму каде што сакаш. Нему му биле потребни три години за да се почувствува удобно и сугурно во оваа виртуелна игра, без разлика што другите имаат да кажат на тоа.  

„Моментот кога решив да бидам јутубер, не беше само одлука да станам тоа“, раскажува Андреј.

„Туку одлука за нов живот, да тргнам по нов пат и со нови предизвици. Целиот мој живот сум бил пред или зад камера. Прв пат видов што е YouTube благодарение на мојот прв братучед. Заедно со брат ми, братучед ми и вујко ми снимавме и видеата ги пуштавме на нашите дома. Секој пат кога ќе им ја погледнев нивната насмевка, нивното расположение додека ги гледаат нашите видеа ме мотивираше да започнам мој канал каде што ќе изградам нова фамилија и ќе се држиме заедно и во лоши и во добри денови“. 

Андреј вели дека порано не постоела јутуб сцена во Македонија и на Јутубот се гледало како место каде што секој можел да стави видео во кое ќе зборува на тема по свој избор, без да е платен за тоа. Тогаш постоела слога, но не и денеска, откако на оваа сцена се појавиле спонзори, кои смениле сé.

https://www.youtube.com/watch?v=pCbl7aBbDuc

„Јутубот сега е телевизија со помал буџет, каде зад камерите се кријат спонзори со нивните правила. Не смееш тоа да збориш, не смееш тоа да снимаш, не смееш да имаш  свој глас.....“, додава Андреј за тоа како гледа на Јутуб денеска.

Што и да правел, брат му на Андреј секогаш бил до него, му помагал, без разлика дали станувало збор за снимање, за смислување на ново видео, нов проект. Додека претходно добивал премногу навреди, дали во јавноста или онлајн, неговите домашни секогаш биле тука за да го заштитат и да го мотивираат да продолжи понатаму.

andrej pravi vlogovi jutubot sega e televizija so pomal budjet kade zad kamerite se krijat sponzori so nivnite pravila 3

„Уште од самиот почеток моите имаа доверба во мене и знаеја дека тоа што го правам не е залудно губење време“, се присетува македонскиот јутубер.

„На повеќето луѓе им е чудно кога ќе им кажам дека имам поддршка од домашните и ме гледаат со други очи. Јас премногу сум благодарен на мајка ми, на татко ми и на брат ми што се покрај мене, бидејќи ако ја имам поддршката од моите дома, поддршката од моите фанови и јас со мојата жед за успех... што друго е потребно?“

https://www.youtube.com/watch?v=Zs63BBGv-Do

Андреј смислата за снимањето на Јутуб ја наоѓа во тоа што колку и да има навредливи и злонамерни коментари упатени спрема него, ако успее да види едно насмеано лице кое го поддржува и му се доверува дека му го направил денот посебен, тоа е доволно зошто и самиот знае какво е чувството кога некој ќе ти го разубави денот.

Или накратко кажано, без љубов не може да се прават добри работи, затоа љубовта од неговите фанови го мотивира секое ново видео да биде подобро од претходното.

„Кога станува збор за моменталната состојба на Јутуб сцената во Македонија мора да признам дека не е најсјајна. Нема многу нови јутубери, претежно се тие што снимаат од 2012 година без да растат креативно. Се потпираат на видеата за кои знаат дека ќе има гледаност, без да сфатат дека јутубот е голем прозорец кон светот.

Сакам сите да размислат дека имаат платформи, кои можат да ги искористат за многу подобри цели“, споделува Андреј, кој не ја гледа конкуренцијата во никого, зошто ја нема. Сцена можно е некогаш да се врати во првобитната состојба, но ќе биде многу тешко да се постигне тоа.

andrej pravi vlogovi jutubot sega e televizija so pomal budjet kade zad kamerite se krijat sponzori so nivnite pravila 4

„На секој егото и имиџот му се во прв план. Многу јутубери се вмешаа во драми каде што воопшто не беа спомнати и навлегоа во некои многу приватни работи. Треба еднаш и засекогаш да сфатат дека ние не сме мали деца, па да се препукуваме преку видеа. Ако имаме проблем можеме едноставно да го решиме очи во очи“, ги критикува постапките на некое од неговите јутуб-колеги.  

Андреј со секое ново видео ги учи своите фанови дека се фамилија и сака да ги предупреди да не прават исти грешки како и тој самиот. Им вели дека не е битно кој си, што правиш во животот, додека ти си среќен со тоа што си ти, сé друго е занемарливо. Им посочува да се опкружуваат со мал број на луѓе на кои може да им веруваат.  

„Ги сакам моите фанови и тоа поради многу причини. Поради нивната лојалност, поддршката во тоа што го правам, дури има и моменти кога и тие ме советуваат што е правилно во животот. Како што кажав и претходноно, ние сме фамилија и така и ќе остане. Но, секој од нив треба да запомни дека треба да биде свој и никого да не копира.

Никој не сака да гледа македонска верзија на Pewdiepie или на Jake Paul, сите сакаме да те гледаме тебе, твојот карактер, твоите амбиции и твојата визија што ќе ја пренесеш преку видеата“, како за крај дофрла Андреј, кој не сака да ги открие своите понатамошни планови за неговото опстојување на јутуб сцената.

Нека остане тајна, и сите нека ги чекаат неговите следни чекори, зошто има уште многу приказни да се раскажат заедно.

https://www.youtube.com/watch?v=9xEHtnRoMGU

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...
Зоран Спасов - Ѕоф, урбан скопски лик: „Скопје не би било исто без шармот на оние кои денес имаат по... „Во 2012-та дома го прогласивме Тито за светец и секој 25-ти мај ја славиме слав...
Миро Кацаров за родниот град: „Старата чаршија во Штип ме научи на 'школо' кое нема цена“ „Роден сум во Штип и растен сум во бивша Југославија, каде сите маалски детски и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg