Сите ние имаме место во овој свет - Пронајди го своето со музиката на Khara

Да ве прашам нешто, имате слушнато за Khara? Пост-рок бенд од Куманово? Ако немате абер кои се, тогаш јас ќе ви помогнам да дознаете. Еве, слушнав и гласини дека наскоро ќе објават нов материјал. 

 site nie imame mesto vo ovoj svet pronajdi go svoeto so muzikata na khara 6

Ова се имињата на членовите: Филип Стојковски – гитара, Милан Трајковиќ - бас гитара, Филип Михајловски – гитара, Емил Пачковски – тапани, а за нешто повеќе, исчитајте го интервјуто.

Велат дека музиката е најдобриот начин на комуникација во светот. Те воздигнува и те пренесува на едно сосема поразлично ниво на постоење. Се надевам дека и вие се согласувата со ова. Khara, пост-рокери од Куманово, еве повторно сме тука, зошто слушанав гласини дека се наближува датумот на издавање на вашиот втор студиски албум насловен како Heaven Can Wait. Треба ли да се чека за рајот, зарем во овој токсичен свет постои смисла што може да ја прелаже човековата душа да проталка уште малку?

Пред некое време слушнав некои интересни зборови – Потребата да бидеме прифатени од другите, може да не направи невидливи во овој свет. Heaven Can Wait е приказна посветена на сите луѓе. Движејќи се низ годините, се градиме и постепено ја губиме искреноста и невиноста која ја добиваме со своето раѓање, кога сме сé уште парче енергија.

Постојано се трудиме да се движиме во нормата, да бидеме „нормални’’, да сакаме ствари кои ни се туѓи и да ги криеме своите емоции. Албумот е химна на секојдневниот човек, низ кој сакаме да кажеме дека сите ние имаме место во овој свет. Сите сме важни на свој, посебен начин, и сите имаме уште многу да му понудиме на овој свет кој толку многу ни дал. Затоа – Heaven Can Wait.

site nie imame mesto vo ovoj svet pronajdi go svoeto so muzikata na khara 4

Од она што може да согледам, сфаќам дека Heaven Can Wait претставува, ако не и, најинтимното нешто што стои со потпис Khara. Што се крие во срцевината на песните, колку парченца на ваше животно искуство ги пришивте и споивте со музиката?

Како што спомнав пред малку, албумот е посветен на сите луѓе. Едноставно, низ целото негово креирање нé водеа нашите емоции, нашите мемории. Ги прикажавме сите страни, тешкотиите, среќата, болката, изгубените моменти, изгубените личности. Секоја песна претставува одреден момент од нашите животи со неизмерна важност, нешто што никогаш нема да се повтори.

site nie imame mesto vo ovoj svet pronajdi go svoeto so muzikata na khara 3

Сега доаѓа најинтересниот дел. Немој да мислите дека тука ве воздигнувам, туку само го кажувам она што го имам слушнато. Се сеќавам дека пред година-две имавте концертна промоција во Кумановскиот театар, на која за жал не бев во можност да присуствувам, ама слушнав дека тоа било еден од најдобрите концерти што некогаш се случиле во Куманово. И еве сега по социјалните мрежи велите луѓето да го заокружат 21 септември. Луѓе, што ќе се случува тогаш?

Најпрвин вистински да ти се заблагодариме. Многу ни значат убавите зборови. Јуни 2016 беше најдобриот концерт во нашaта кариера. Пред сé, сакам да се заблагодарам на еден мал круг на луѓе кои се со нас од самиот почеток и засекогаш ќе останат дел од Khara.

Секогаш самите сме давале сé од себе да направиме нешто што ќе им остане во сеќавањето на луѓето. Затоа и многу ни значат пофалните зборови што ги добиваме за нашата прва промоција. Од друга страна, сакам да ги повикам во уште поголем број, да дојдат на 21 септември, во големата сала на НУЦК Трајко Прокопиев, и заедно да доживееме еден момент кој никогаш нема да се заборави.

Последните 4 години од нашиот секојдневен живот, целиот труд кој го вложуваме го насочивме кон овој датум, кон овој концерт. Денот ќе биде посветен за промоција на новиот албум. Ви ветуваме едно искуство на кое нема да останете рамнодушни.

Секогаш сме пробувале да се финансираме самостојно, но овој пат тоа не е возможно, пред сè заради големината на концертот и промоцијата. Затоа пуштивме карти, кои можат да се најдат во претпродажба во Кафе-бар Агора и Трговски, како и на врата на денот на промоцијата, по цена од 100 денари. 

site nie imame mesto vo ovoj svet pronajdi go svoeto so muzikata na khara 1

Ако направите вистински спектакл, тогаш Македонија ќе стане претесна за вас. Кажете ми сте пробале ли да стапите во контакт со странски издавачки куќи, можеби некаде во Англија, земајќи предвид дека корените на пост-рок потекнуваат од таму?

Пред сé, да се заблагодарам на сите луѓе што сакаат да нè подржат. Неверојатно е дека скоро половина од капацитетот на НУЦК Трајко Прокопиев е распродаден, едноставно неверојатно. Ви благодариме. Ваквиот развој на настани само ни помага да сфатиме дека целта, отсекогаш ни е да направиме концерт за кој ќе се зборува.

Спектакл е огромен збор, но секако се стремиме да го оствариме. За издавачките куќи, пред сè сакаме да се заблагодариме на оние две од кои моментално сме дел, Kran Records од Куманово и Fluttery Records од Сан Франциско, САД.

Моментално сме во контакт со поголемите издавачки куќи за нашиот вид на музика. Има најава за издавање на албумот во Грција. Доколку сé биде во ред, би требало да бидеме дел и од издавачка куќа од Западна Европа.

site nie imame mesto vo ovoj svet pronajdi go svoeto so muzikata na khara 2

Би сакал да се навратам на еден разговор од пред некое време кога ми спомнавте дека сакате некој од вашите албуми да биде снимен на Исланд. Сé уште ја имате таа желба или можеби ја отфрливте, гледајќи ги потешкотиите да се реализира истата?

Интересно. Поентата на самата идеја за Исланд е инспирација. Веруваме дека таков амбиент, на неверојатна природа и пејзажи, може многу да ни помогне во развивање на идеите. Логистички е скоро невозможно целиот бенд да патува на Исланд за такво нешто.

За среќа, од првиот ден на постоење работиме со најдобриот македонски продуцент, Милош Краљевски од ММ Студио. Секогаш сме имале и имаме безрезервна поддршка од негова страна, па заеднички мислиме дека Heaven Can Wait е албум кој има шанса да биде нешто повеќе.

site nie imame mesto vo ovoj svet pronajdi go svoeto so muzikata na khara 5

Како за крај од разговорот би сакал да ве прашам зошто гледам дека го проблематизирате позиционирањето на човекот во светот. Велите дека секој си има свое место на ова парче земја, но дали вие успеавте да го најдете своето? И каде?!

Нашиот став е дека секој човек има свое место во одреден момент. Овој момент никогаш нема да се врати. Од друга страна, сите луѓе постојано стремат кон поголеми ствари, притоа не сфаќајќи дека тие самите се најголемото нешто што му се случило на светот. Треба да инвестираме и да работиме на самите себеси. Заедно да му помогнеме на светот.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Фото: Сандра Трајковска

Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg