Танцот како професија и страст - Dance Team Fusion од Куманово и приказната за нивното постоење

„Сите танцуваме на различни начини, а кога ќе ги споиме во едно доаѓаме до богати и разновидни движења кои не прават среќни додека ги повторуваме, а со секое ново повторување откриваме нешто ново“, се зборови на основачите на танцовото студио Dance Team Fusion од Куманово, формирано во март 2013 година од страна на Сања Лазаревска, Александра Петрушевска, Леона Стојчевска и Бојана Додевска. 

tancot kako profesija i strast dance team fusion od kumanovo i prikazna za nivnoto postoenje 9

Во нивното студио, кое моментално брои околу 150 членови, се изучуваат техники на модерен танц и современ танц со акцент на кореографии и композиции кои се презентираат во Македонија и надвор од неа.

„Поголемо уживање од она да поминеш време со дете, три пати неделно, некогаш и повеќе, не постои“. Сите деца имаат свој различен и интересен свет, смешен, на моменти и страшен, нерационален и уште безброј епитети кои сега во овој момент не ни се при свест.

Кога ќе влезеш во детскиот свет се раѓаш одново, забораваш на својот и се задржуваш во таа преубава димензија најдолго што можеш. Се трудиме да им го распространиме видикот на децата, да гледаат подалеку одошто ние гледавме на нивни години.

Се трудиме да ги спремиме за она што допрва следи. Се трудиме да им обезбедиме убава атмосфера во која можат да напредуваат. Се трудиме да ги научиме да сакаат и да уживаат, не само во танцот, туку општо во животот. Се трудиме да им помогнеме во многубројните обврски и јуначки да ги издржат кондиционите и техничките часови“, споделува Dance Team Fusion.

tancot kako profesija i strast dance team fusion od kumanovo i prikazna za nivnoto postoenje 3

Dance Team Fusion се посветени за тоа да ги заинтересираат помладите генерации сé повеќе да бидат љубопитни за танцот и уметноста, а велат дека тоа добро им оди.

Задоволни се од бројот на членовите на тимот, но не се задоволни од бројот на момчињата кои се заинтересирани за танцот во нивниот град, па дополнително се трудат да ги искоренат вкоренетите предрасуди во Куманово, што не е ист случај во останатите градови во Македонија, а уште помалку надвор од неа.

tancot kako profesija i strast dance team fusion od kumanovo i prikazna za nivnoto postoenje 5

„За сите кореографии е потребен различен временски период, во зависност за која годишна возраст се прави кореографијата и за која цел. Секоја возрасна група си бара различен временски период и идеја.

Најчесто на часовите со дечиња од помала возраст(4-6 годинки) правиме најразлични детски и интересни комбинации и вежби кои подоцна, во текот на учебната година ги спојуваме во кореографии. Со поголемите групи, од шест години па нагоре, потребен ни е подолг временски период на учење на комбинации и изучување и усовршување на техниките.

Но, сепак некои кореографии се родени на спонтан начин и од импровизации, а за некои е потребно релативно подолг период за осмислување и увежбување“, откриваат менторите во Dance Team Fusion, кои соработуваат и со други танцови групи, како и со ред други организации и поединци во областа на уметноста.

tancot kako profesija i strast dance team fusion od kumanovo i prikazna za nivnoto postoenje 4

Сметаат дека ниту една танцова група не би напредувала доколку се изолира и не комуницира, разменува мислење со останатите групи. Како плод на нивната соработка беше овогодишниот концерт, кој го реализираа заедно со Центарот за личен и креативен развој – Перципио од Куманово, каде можеше да се види спојот на театарот и танцот.

tancot kako profesija i strast dance team fusion od kumanovo i prikazna za nivnoto postoenje 6

„Најголемо достигнување за нас се задоволни родители, а пред сé задоволни деца. Најголемиот успех за нас е во ситуација на неуспех да останеме сите заедно сложни и да твориме и создаваме нови успеси“, потврдува Dance Team Fusion.

Кога станува збор за награди, танцовото студио покрај многубројни награди и пехари на кои се радуваат децата, ги издвојуваат учеството на Интернационалниот фестивал за современ танц 2017 во Амстердам, каде земаа прво место и специјална награда – платено учество на интернационален натпревар во Венеција.

tancot kako profesija i strast dance team fusion od kumanovo i prikazna za nivnoto postoenje 8

Во блиска иднина Dance Team Fusion во јавноста ќе објават два видео записи кои во моментот се во изработка, а во текот на годината планираат да реализирааат еден проект за деца и млади, кој веќе поодамна им стои како идеја. И секако, од септември почнуваат со работа со нивните дечиња и за сите нови заинтересирани.

tancot kako profesija i strast dance team fusion od kumanovo i prikazna za nivnoto postoenje 7

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Каменка од Богданци има пилатес студио во Лондон: „Тука лесно се отвора мал бизнис, потоа давачките ... „За време на факултетските години почнав да барам функционален начин на вежбање ...
Марија Шерифовиќ за CRNOBELO: „Сите мајки за своите деца велат дека се најмили, ама мојот син е љубо... „Откако станав мајка веќе немам време да се релаксирам, сфатив дека ова е хаос и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg