Д-р Камелија Симеонова, психијатар за деца и адолесценти: „Кај децата често има нарушувања во исхраната и депресивни состојби“
Колку адолесценти ви се обраќаат поради злоупотреба на супстанции или некаков тип на авто-деструктивно однесување?
Авто-деструктивното однесување не е тајна дека е во подем насекаде.
На тоа се должи невролошко-психолошкиот концепт односно физичката и емоционалната поврзаност во доживувањето. За тоа се одговорни три структури во мозокот: амигдала, инсула и антериорен цингуларен кортекс.
Доживувањето на физичка болка значи ослободување на невротрансмитери кои делуваат релаксаторно по доживеаната физичка болка, кои пак ублажуваат емоционално страдање.
Младите барајќи помош, не успевајќи да ја пронајдат се одлучуваат за себе-медикација. Така започнува тој токсичен циклус. Активно работам со младите да им помогнам да го заменат овој модел со друг, кој е конструктивен за нив.
Кои трендови во детската психијатрија ве инспирираат? Колку во Македонија се обрнува внимание на менталното здравје на децата?
Како доктор кој работи во приватното здравство, активно ги следам сите трендови за работа со најмладите.
Тукушто завршив со обуката за психосексуално здравје во Лондон. Не е тајна дека ми се слабост психотерапиите, за тоа сведочи и моето CV.
Менталното здравје кај децата е поле за коешто заеднички треба да работиме и да ја поткреваме свеста.
Вашето дете е креатор на најмалку три генерации.
Дали имате хоби? Кој е вашиот начин на победување на стресот?
Пешачење, време во природа, цртање, креативни изработки со глина.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
Би можело да ве интересира:





