Д-р Камелија Симеонова, психијатар за деца и адолесценти: „Кај децата често има нарушувања во исхраната и депресивни состојби“
Дали често се среќавате со анксиозност или депресија кај адолесцентите? Или, пак, за каков тип на проблеми ви се обраќаат?
Многу често. За жал, светскиот тренд на овие растројства укажува на сè почести нарушувања кај адолесцентите.
И интересно е што депресијата кај младите не е баш идентична како таа кај возрасните, па најчесто родителите, вознемирени од опозиционално и хостилно однесување на најмладите доаѓаат лути на лекар со адолесцентот, несвесни дека кај младите се крие тага и болка, којашто тие не умеат да ја препознаат.
Какви совети давате за децата кои се соочуваат со емоционална криза поради развод на родители?
Разводот по многу нешта претставува „земјотрес“ во семејствата.
Разводот, по многу нешта е специфична состојба за која, нешто коешто до скоро сме го чувале во тајност сега добива публицитет.
Ако дотогаш овие деца ја криеле дисхармонијата што владеела во домот, сега како на целиот свет да му кажуваат дека нивните „мама и тато не умеат да бидат заедно“.
Секоја загуба носи ритуал на оджалување. Разводот е единствената загуба за којашто не постои ритуал за оджалување.
И во тие моменти на тага, за кои несвесно родителите во меѓусебното недоразбирање го посочувале детето при кавгите и расправиите, несвесно оставиле порака на детето „да бев добар/а тие никогаш немаше да се караат“.
Во однос на советите би поентирала да се работи најпрво со чувството на вина, кое детето несвесно го носи на плешките, а притоа ние како возрасни сме свесни дека вина децата немаат.
Да бидам појасна што зборувам ќе споделам една честа реплика којашто ја добивам од родителите на терапија „Ти реков да ја земеш Маја во пет“, „Добро ми рече и ме фати во гужва“ - „Стигнав во 5:15 - што е проблемот?“... (Ова се случува пред ушите на Маја).
Кога би сакале да се ставиме во позицијата на Маја, несомнено после ваквиот дијалог, Маја ќе помисли: „Да си одев пешки, немаше они да се караат… Јас сум лошо дете што не знае да стаса“ и оттаму потекнуваат сите проблеми.
Кога сметате дека е потребна фармаколошка терапија, а кога терапијата треба да биде само психолошка?
Особено важна во третманот кај деца и работата со семејствата е психотерапијата, така што во мојата пракса, се потпирам на психотерапискиот модел.
Одредени психолошки нарушувања, бараат комбиниран третман, додека други одлично се третираат ексклузивно психотераписки.
Како пристапувате кон дете или адолесцент што одбива третман? Како се справувате со ситуација кога родителите не се согласуваат со препорачаниот третман?
Не сум се конфронтирала никогаш.
Најважната порака која сакам да ја споделам на родителите е во моментите на бунт и отфрлање од страна на вашето дете, колку и природно да ви доаѓа да го покренете гласот, да започнете конфликт во моментите кога детето пркоси, доживува тантрум, го отфрла вашиот авторитет, вие морате да бидете прегратката.
Можете ли да споделите пример од клинички случај каде што вашата интервенција направила значајна разлика?
Има многу успешни приказни. За жал, има и такви каде што нема големи резултати.
Специфичноста во работењето со менталното здравје е дека успехот е правопропорционален како од работата на лекарот, така и со желбата за промена од страна на семејствата.
Најуспешните приказни се семејства кои после долги години дисхармонија умеат да општат во функционални релации, каде што детето не служи за триангулација и растоварување на семејниот систем.
Најтешкото искуство досега ви било…
Психолошката поддршка по катастрофалната загуба во Кочани.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





