Боби Трајковски - маж со деловен моден стил, на кој џебните марамчиња му се заштитен знак (фото)
Почнувам со силно еспресо, додека ги разгледувам клучните приоритети за денот.
Потоа, следува појадок богат со протеини за да го нахранам телото, па ладен туш за да го изострам фокусот.
Изборот на вистински костум не е само за да изгледам добро, туку да бидам подготвен, усогласен и прецизен.
Џебното марамче, часовникот, парфемот… За мене секој детаљ е важен. Еден бакнеж за мојата кралица и малиот шампион (моето семејство) и со насмевка го почнувам денот. Остро, со намера и подготвен да го водам денот.
За мене, да се биде џентлмен значи почит, вредности и начинот на кој се носиш и тоа не само кога некој гледа, туку секогаш.
Се работи за тоа како ги третираш другите со класа, да останеш приземен и никогаш да не ги изгубиш манирите, без разлика колку си успешен или зафатен.
Пред неполни 2 месеци го започнав мојот YouTube канал Coach Bobi каде споделувам вистинска, практична и едукативна содржина, без разлика дали се работи за тоа како да најдеш работа, како да успееш во странство, или како да станеш најдобрата верзија од себеси.
Сето ова го изградив преку искуство, борба и амбиција и сега е тука да им помогне и на другите да го направат истото.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





