Психолог м-р Тиана Ивановска, која беше на терен во Кочани: „Прифаќањето на лузните на телото е комплексно, но поважно е да се работи на траумата“

По целата оваа ситуација која ги погоди сите, сигурно многу родители ширум земјата живеат во страв да ги пуштат децата да излезат за да не им се случи нешто, како да се справат со таа параноја? Или совет за оние кои можеби веќе имаат општо страв од гужви и такви места?

Ноќниот живот и забавувањето се составен дел од постоењето на секој млад човек и како такви се нужно потребни за развивање на социјални вештини.

Не е решение да бегаме од она кое нè плаши, туку напротив, да развиеме механизми на препознавање каде сме безбедни и кои дискотеки, кафулиња и локали можат да ни го овозможат она што е пропишано законски.

intervju-so-psiholog-m-r-tiana-ivanovska-06.jpg

Како да се справат оние кои мислат дека немаат причина за живот затоа што ги изгубиле најмилите?

Исклучиво преку барање на психолошка, психотераписка или психијатриска помош. Ваквиот тип на мисли не се за игнорирање затоа што животот на човекот е приоритет број еден.

Кои се најголемите грешки што луѓето ги прават во тој период кога ќе се соочат со загуба? Или пак, грешките на нивните блиски кои во обид да помогнат одмагаат? Дали од психолошки аспект, има вистина во тоа дека не треба да ги сожалуваме луѓето кои се во тага, туку напротив, да им покажеме дека се силни и нормално да се однесуваме со нив, а притоа да им дозволиме да тагуваат? Но, кој е вистинскиот начин за да не се премине границата? 

Според мене не постои унифициран рецепт за она што е правилно да се каже или направи. Самиот поим сожалување е прекрасен концепт за емпатија и сочувство при тага.

Во нашиот јазик овој збор преку преносно значење добил негативна конотација па оттаму и чувството дека да сожалуваме некого е лошо.

Напротив, според мене секој човек кој за нешто жали има потреба од луѓе кои со него сожалуваат.

Тоа не значи дека тие луѓе не веруваат во неговата сила и здрав капацитет да се издигне туку дека ги земаат в предвид настаните кои му се случиле и одбираат нежност и разбирање.

intervju-so-psiholog-m-r-tiana-ivanovska-007.jpg

Некои луѓе кои поминале низ ваква трагедија, чувствуваат како да веќе не смеат да се насмевнат, па ако нешто им измами случајна насмевка, чувствуваат вина за тоа. Како да се справат со тие чувства?

Насмевнувањето и бивањето среќни не значи дека длабоко во себе не тагуваме. Загубите се нешто кое сите го носиме во себе, но со тек на време учиме да живееме со нив.

Верувам дека сите блиски кои сме ги загубиле, гледаат во нас и се радуваат со нас кога ние сме среќни.

Кои се долгорочните психолошки последици од целата оваа ситуација? Ќе треба ли многу време за сите засегнати да закрепнат од оваа колективна траума? Кој е вашиот генерален совет за продолжување со животот каков што беше пред оваа трагедија? (иако никогаш веќе нема да биде исто)

Не сум љубител на психолошки прогнози бидејќи секој човек е различен карактер.

Колективно, пријатно сум изненадена од отвореноста и поддршката која македонскиот народ си ја пружа во овие тешки времиња, секој правејќи го она што најдобро го знае.

Сметам дека со задржувањето на ваквите механизми, како народ би имале многу посветла иднина.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

M. M. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Интервју со ветеринарот Ванчо Јосифоски: „Миленик со дијареа не се носи по 3 дена и лекови не се гуг... „Знам некои сопственици сакаат цело време да имаат чист миленик, но со чест...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...
Калиопи за CRNOBELO: „Кога создадов свое семејство, сфатив колкава жртва правеле моите родители за м... „Заради мене целото семејство го напушти Кичево и се пресели во Скопје. Тоа се г...
Елена Трпчевска, психолог на онкологија: „Мојата најмлада пациентка имаше 14 години - Што им паѓа на... „Сè започна со тоа што во моето семејството имав член кој боледуваше од карцином...
Водителката Александра Пановска Илиевска за љубовта со сопругот: „Ме запроси со прстен стуткан во ша... „Запросувањето се случи во Барселона, не ни сонував дека ќе успее да ме изненади...
Марија Чапе, психолог и ЕФТ практичар: „Анксиозноста не е болест, туку состојба и можеме да научиме ... „ЕФТ третманот е како акупунктура без игли, односно преку конкретни точки на лиц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg