Интервју со ветеринарот Ванчо Јосифоски: „Миленик со дијареа не се носи по 3 дена и лекови не се гуглаат на интернет“
Си лекувал ли риби кои се најчестите болести кои се јавуваат кај нив?
Па, не многу, кај аквариумските риби не можеме којзнае што да правиме, таму делуваме повеќе со совети во однос на температура на вода, квалитет на вода, бројност на риби итн.
Најчести болести се болести на воздушен меур, паразитски и бактериски болести, како Ichtyophtirius multifiliis-Ich на пример.
Ова е карактеристична болест кај слатководните риби која се карактеризира со појава на бели точки по телото на рибите, инаку во суштина се работи за паразит кој многу брзо се шири.
Pop-eye болееста, односно испупчени очи, која настанува при повреда на окото, и од бактерии и лош квалитет на вода.
Болеста на воздушен меур е проблем кој се јавува поради дисбаланс на гасови во водата.
Колку често пациенти ти се папагалчиња, кој е нивниот најчест здравствен проблем?
Во последно време често имам птици, како пациенти - особено папагали, највеќе тигрици.
Птиците патат најмногу од промени на температура, односно температурни шокови.
Знаеме дека потекнуваат од многу топли земји, па тука се навикнале кај нас и промени со температурата прави многу проблеми кај нив, како пневмонии и цистит.
Какви сè животни добиле третман во ординацијата каде што работиш?
Кај нас прегледуваме сè што може да биде миленик, од кучиња и мачки до птици, рептили и глодари.,
Не можам да издвојам некоја ситуација со нив, односно сите се исплашени - некои се спремни да нападнат, некои сакаат да се галат.
Колку Македонците се одговорни во поглед на здравјето на своите миленици?
Тешко би можел да кажам точно, но во глобала 50-50 е процентот.
Ми пречат некој работи, на пример прво се консултираат со интернет, па со пријатели и на крај сме ние ветеринарите. Ми пречи што милениците со дијареа и повраќање ги носат после 3 ти ден.
Овие состојби бараат брза реакција заради дехидрирање, но како оди времето се поправаме и Македонците стануваат поодговорни во грижата за здравјето на нивните миленици.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело