Интервју со ветеринарот Ванчо Јосифоски: „Миленик со дијареа не се носи по 3 дена и лекови не се гуглаат на интернет“

Како изгледа кученце што се бори со рак и дали и тие минуваат низ истите тешко терапии како и кај луѓето?

Ох, ова е една од најтешките дијагнози. Навистина е премногу тешко, како и за сопствениците, така и за миленикот.

Оваа дијагноза се сретнува најчесто кај постари животни кај кои и возраста е една слабост за оваа тешка борба.

Тие тешко ги поминуваат исцрпните терапии, слично како и луѓето, но, за жал, кај нас во Македонија нема многу избор на терапии за оваа дијагноза.

Некои сопственици бараат решение и во соседните држави, а кај некои миленици кај кои болеста е во поодмината фаза се решаваат за заспивање.

intervju-so-veterinarot-vancho-josifoski-milenik-so-dijarea-ne-se-nosi-po-3-dena-i-lekovi-ne-se-guglaat-na-internet-08.jpg

Си имал ли некоја незгода на работа, да те гризне животинче или да те нападне на каков било начин?

Да, секако, и тоа е дел од оваа работа, но љубовта кон нив ова го занемарува.

Инаку, колку што миленикот е помал, толку повеќе гризе. Малите кученца се премногу исплашени и нормално сакаат да се бранат, но, за среќа, загризот им е послаб, отколку на поголемо куче.

Најопасни се мачките. Тие имаат „многу оружје“ (ха-ха) - нокти и заби, па со нив највеќе внимаваме при прегледи.

Имаме случај кога мачка ќе ни избега од транспортер, па ја бркаме низ амбуланта.

Изгледа како лов на пеперутки, а мачката некогаш да може и на таван ќе застане.

intervju-so-veterinarot-vancho-josifoski-milenik-so-dijarea-ne-se-nosi-po-3-dena-i-lekovi-ne-se-guglaat-na-internet-13.jpg

Што да преземат сопствениците ако нивниот миленик лапне отров? Што да направат пред да го однесат на ветеринар?

Во последно време, граѓаните станаа многу несовесни и фрлаат отров насекаде и, за жал, отровот многу лесно може да го набават, а институциите не преземаат ништо.

Сопствениците не можат многу да направат, освен да дадат медицински јаглен (Carbon medicinae), кој ако е во прав момент апсорбира 80% од отровот.

Јас препорачувам секогаш кога се шета миленикот, освен кесите за фецес, да си носат и јаглен, закачен на поводникот - тоа е единственото нешто што може да го спаси миленикот.

Потоа треба да се упатат во најблиската амбуланта.

Кај уличните мачки имаме труења од фрлен отров, но во овој зимски период и труење со антифриз.

Антифризот има „сладуњав“ вкус и мачките го сакаат.

Кај домашните мачки имаме труење од цвеќе, па затоа препорачувам кај сопствениците кои имаат мачки да немаат дома цвеќе.

Кај двата случаи прва помош е медицински јаглен.

intervju-so-veterinarot-vancho-josifoski-milenik-so-dijarea-ne-se-nosi-po-3-dena-i-lekovi-ne-se-guglaat-na-internet-05.jpg

Кога станува збор за хигиената на кучињата, дали на миленикот треба да му се мијат заби, како правилно да се чистат уши, дали да се потстрижува, колку често да се бања куче што живее во стан...?

Ова е широка тема за разговор. Хигиената пред сè е најважната работа кај милениците, особено кај оние со големо крзно.

Да почнеме со забите, мене ми се слаба точка особено затоа што се занимавам подлабоко со оваа тема.

Хигиената со четка е најдобра. Постојат еден куп грицки за ова, но ниедна не ја врши работата како четка. Сакам вака јавно да истакнам дека четката е незаменлива!

Препорачувам да се почне од 2 месеци возраст, па сè до крај на животот, барем еднаш дневно.

За чистење на ушите не препорачувам да се прави дома. На ветеринар има инструменти за ова, па и ветеринарот знае колку длабоко да се оди за да не се повреди ушното тапанче или да се направат ригади по ушниот канал.

Сопствениците единствено можат да користат само средства за одржување (течности) кои се ставаат внатре во ушите и се остава да испари.

Инаку, и потстрижувањето е дел од хигиената, особено кај милениците со долго крзно. Тоа е доста хигиенски поради тоа што при вршење на физиолошките потреби миленикот го валка крзното.

Мој совет е зимскиот период да не се стрижат многу кратко, а летниот период да не се оди до кожа, бидејќи крзното прави заштита од сончевите зраци

Кога станува збор за бањање, препорачувам најчесто еднаш месечно.

Знам некои сопственици сакаат цело време да имаат чист миленик, но тука треба да имаме и компромис. Со често бањање ја уништуваме PH на кожата и таа ќе биде понеотпорна на бактерии бидејќи бариерата е уништена со одмастувањето од шампоните.

Користете строго кучешки шампон.

intervju-so-veterinarot-vancho-josifoski-milenik-so-dijarea-ne-se-nosi-po-3-dena-i-lekovi-ne-se-guglaat-na-internet-09.jpg

Ценети ли се ветеринарите доволно во Македонија? Слушаме дека во странство животните имаат неверојатни болнички услови... Која е најлуксузната установа за третман на животни на светско ниво?

За жал, не сме доволно ценети, не ја знам причината за тоа, меѓутоа полека одиме на подобро.

Болничките услови зависат од платежната моќ на сопствениците. За разлика од кога студирав сега тука и кај нас веќе сме на повисоко ниво и и ние може да се пофалиме со добри услови за лекување.

Според мене, најлуксузни ветеринарни амбуланти има во Дубаи - зборувам за изглед, инаку не можам да издвојам некоја во Европа, секоја си има многу опрема, е сега сè зависи како се следи технологијата.

intervju-so-veterinarot-vancho-josifoski-milenik-so-dijarea-ne-se-nosi-po-3-dena-i-lekovi-ne-se-guglaat-na-internet-15.jpg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Марта Гусар, адвокат: „Не е неопходен развод за жртвите на семејно насилство да побараат заштита“ „Доколку жртвата на семејно насилство сака да поведе и постапка за заштита и бра...
Кристина од Скопје чува британски кратковлакнест мачор: „Оваа раса е одлична со деца, се продаваат п... „Кога моите близнаци беа мали, спиеше на ќош на кревет за едната шепа да му е во...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...
„Децата од нашата градинка секој ден се надвор, пешачат, играат и на дожд и во кал“: Интервју со Јас... „Во нашата градинка, децата секојдневно поминуваат 3 до 5 часа надвор. Ние верув...
Калиопи за CRNOBELO: „Кога создадов свое семејство, сфатив колкава жртва правеле моите родители за м... „Заради мене целото семејство го напушти Кичево и се пресели во Скопје. Тоа се г...
„Сѐ уште има многу родители кои веруваат дека 'ќотекот е излезен од рајот'”– Интервју со Елена Грама... „Доколку ви дојде гостин дома и истури вино на тепих, како ќе реагирате? Сигурно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg