Д-р Маја А. Викторијоски е специјалист педијатар, дама со впечатлив моден стил, тетоважи и страст за јога и цртање
Иако студирав и специјализирав со две мали деца, тоа беше период кога научив како да балансирам – носење и земање од училиште, организирање нивни активности, па дури и наоѓање време за себе.
Навечер, кога сè ќе се смиреше, започнував со учење.
Тој динамичен ритам на живот ме научи дека со добра организација и силна волја, ништо не е невозможно. Да се биде мајка и да се следат сопствените соништа – за мене, тоа беше и останува нормалниот начин на живот.
Со сопругот сме во брак скоро две години. Во него се пронајдов себеси, тој е мојата сродна душа и најдобар пријател, имаме многу заеднички интереси и теми за разговор, а посебно уживаме во нашите заеднички активности, како што е пример посетувањето концерти.
Благодарение на него, се чувствувам комплетна. Љубовта навистина значи кога покрај себе имаш личност со која можеш да бидеш сè што си.
По завршувањето на студиите по медицина, љубовта кон децата и стремежот кон поголеми предизвици ме насочија кон педијатријата.
Веќе 20 години работам како доктор, а последните 8-9 години со искрена посветеност ја следам мојата најголема страст – неонатологијата.
Мојот работен ден започнува со утрински состанок во болницата „Ре-Медика“, каде што се реферира за ноќните случувања и се планира тековниот ден. Секојдневието е исполнето со прегледи на новороденчиња, раѓања во сала, и амбулантски прегледи.
Работата е тимска, високо професионална, со строго почитување на протоколи, така што секој пациент да добие најдобар третман. Имам прекрасни колеги и пријатна работна атмосфера, што придонесуваат за олеснување на секогаш динамичниот ден.
Работата со новороденчиња често е стресна и полна со предизвици и мора да се носат брзи одлуки, кои можат да се клучни за нечиј живот. Одговорноста е голема, а секој нивни напредок е мала победа.
Радоста и олеснувањето на родителите кога ќе видат подобрување кај новороденчињата зборува многу – тоа е моментот кога вистински ја чувствуваш вредноста на твојата работа.
Тајната да се биде добар педијатар лежи во емпатијата, трпението, и способноста да се разберат децата и родителите, интуицијата и набљудувањето, забележување на суптилни знаци што може да укажуваат на сериозни проблеми, способноста за брзо донесување одлуки и тимска работа се клучни за обезбедување најдобра грижа.
Љубовта кон работата и посветеноста кон секое дете ја прават оваа професија вистинска мисија.
Никогаш не сум размислувала дали убавината ја отежнува или олеснува кариерата, бидејќи сметам дека професијата зависи од други важни аспекти – знаење, посветеност, одговорност, континуирано себенадградување и, секако, пресуден е и ставот кон околината и соработниците.
И, секако, за начинот на кој луѓето те доживуваат и како се однесуваат клучен е твојот став, без разлика на изгледот.
Мојот утрински ритуал започнува со грижа за нашите домашни миленичиња – две кучиња и две мачиња. Потоа, следи брзо и едноставно подготвување за работа.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_111533_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_113087_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_113558_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_107652_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_114550_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_111948_400.jpg)